Автор: Николоска Биљана
Post Views: 144 Нови контејнери во Охрид за селекција на отпад. 15 пластични контејнери со специјална форма во вид на ѕвоно и со наменски определен отвор за одлагање отпад од стакло, деновиве се распоредени на исто толку локации во нашата општина. ЈП „Охридски Комуналец“ садовите ги доби како резултат на соработката што ја имаат со друштвото Пакомак од Скопје, информираше директорката на ЈП Елена Скрческа. „Ние се стремиме кон се поголема селекција на отпадот, како дел од тој отпад би се искористувал, односно што помлку смет носиме на депонијата Буково. Прво ни е на голема далечина,...
Пазрот на недвижности во Охрид во континуиран пораст
Post Views: 142 Туристичкиот бисер, Охрид, не само што е магнет за гости туку е и магнет за клиентите кои што сакаат да инвестираат во недвижен имот. Ако се погледнат сите аспекти, клима, еколошки незагадено место, природно, културно наследство, се тоа на потенцијалните инвеститори кои сакаат да потрошат средства купувајќи недвижнини им нуди еден опуштен живот, вели Наташа Спасеска Цветкоска, менаџер на агенцијата за недвижнини Капитал консалтинг Охрид. Таа открива каква структура на клиенти купуваат, во Охрид, а нагласи дека и пазарот на недвижности во Охрид е во пораст. „Порастот...
Струшките социјалдемократи се скараа
Post Views: 164 Струшките социјалдемократи се скараа. На последниот партиски состанок, членовите на ОО на СДСМ, разговарале на висок тон и го кренале гласот против двајцата советници од нивните редови, Александар Попоски и Илија Мацески, заради нивната подршка на Нацрт Урбанистичкиот План за измена на крајбрежниот појас на последната седница на Струшкиот совет. Претседателот на партијата Александар Попоски, на чија адреса има сериозни забелешки од страна на членството и од кого се бара оставка, не беше расположен за изјава во врска неговата постапка, само накратко рече дека сега...
Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад
Post Views: 171 Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад. Ова место на крајбрежниот појас од Охридското Езеро, сеуште важи за недопрена природа од човечкиот фактор, ако може и денес така да се каже. Но за жал прекрасниот амбиент го расипуваат несовесни граѓани, кои што за време на викендите уживаат под длабоките сенки на дрвјата, се сончаат и капат, а зад себе ја оставаат нивната комуналната култура и ниска свест за заштита на животната средина. Револт кон ваквата негрижа изрази и активистката за заштита на природата, Мери Нанче. Таа вели дека не може да ја прикрие...
Туристичките работници со барања до новата Влада
Post Views: 161 Развој на туризмот во државата, проекти за привлекување на странски туристи, се само дел од мерките предвидени во програмата на Новата Влада на СДСМ, за унапредување на туризмот, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Во таа насока, листа на одредени барања подготви и дел од туристичкиот еснаф од градот. Асим Меџедовиќ менаџерот на Фибула рече дека таа листа на барања во форма на документ ќе го достават до Владата и релевантните институции, од каде очекуваат прифаќање на нивните барања како и поддршка во нивните напори за подобрување на условите...
На ФТУ се обновува студиската програма „Безбедност и финансиска контрола“
Post Views: 158 Излегоа квотите за прием на нови студенти на државните факултети. Охридскиот факултет за туризам и угостителство оваа академска 2017- 2018 година, доби добра квота од 430 нови студенти. Деканот на факултетот Цветко Андреески вели застапени се сите студиски програми, но откри и една новина во тој дел. „Она што е ново за оваа академска година е обновување на квотата за студиска програма безбедност и финансиска контрола и очекуваме поголем интерес за нови студенти во однос на она што го имавме минатите години“. Минатите години во трите уписни рокови на факултетот...
Сугаревски: Владата сериозно ќе пристапи за решавање на проблемот со струшката депонија
Post Views: 150 Владата сериозно ќе пристапи кон надминување на проблемот со струшката депонија, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при неговата посета во Охрид. Тој истакна дека овој проблем кој има децениска природа, посебно бил актуелизиран со доаѓањето на новата Влада. „Јас како министер, заедно со Владата направивме се, прво пожарот кој што беше на депонијата да биде изгаснат. Тоа го направивме иако бевме обвинувани дека не сме правеле ништо, ете за жал претходната власт не направи ништо последниве 11 години околу депонијата и морам конкретно да кажам...
Презентирани резултатите од истражувањето на состојбата со туризмот во Охрид
Post Views: 145 Охрид како атрактивна туристичка дестинација, секогаш отвара можности за внесување на нови производи во туризмот. Пред нецели два месеци отпочна реализација на проектот ЛАктив туризам, во кој проект се вклучени Локалната самоуправа, ФТУ и Туристичката агенција Вис Пој. Денес во хотелот Милениум се одржа завршниот настан од овој проект, на кој беа презентирани истражувањата кои ги направи охридскиот факултет за туризам, а беа презентирани и конкретните туристички производи. Туристичките експерти сметаат дека преку ЛАктив туризмот, чија што таргет група е сениорската...
Несигурните работни места се сериозен проблем во нашата земја
Post Views: 158 Самовработувањето и несигуренoста на работните места како појава константно е во пораст. На оваа тема Унијата на Независни автономни синдикати на Македонија од 21 до 24 јуни во Струга одржува семинар. Потпретседателката на синдикатот Дивна Змејкоска вели дека ваквите семинари се одржуваат почесто а целта била јакнење на капацитетите на синдикатите и синдикалните лидери, на тема правата од работните односи. „Суштината на ова е што синдикатите прават и ќе прават во иднина за подобрување на работата на работниците и заштита на нивните права. Дискутираат и учесници...
ЈП „Комунално“ штрајкува
Post Views: 163 Се ниша фотељата на Петко Кутаноски. Поголемиот дел од работниците денес прекинаа со работа и штрајкуваа барајќи ги своите права. Крајно револтирани велат дека не можат повеќе да издржат без пари и без сини картони, бидејќи сметките се таложат, а со тоа ги трпат и санкциите како што е исклучување на струја, а има и такви кои поради неплатената кирија можат да останат на улица. Дел од нив не сакаа јавно да коментираат пред нашата камера, но кажаа дека директорот лично им се јавувал и им вршел силен притисок, па дури им се заканувал дека ќе ги избрка од работа, доколку...
Евро амбасадсорот Самуел Жбогар во посета на општина Охрид
Post Views: 166 Евро амбасадсорот Самуел Жбогар во посета на општина Охрид. Тоа е во рамки на кампањата на „ЕУ за тебе“ , односно посети на делегација на ЕУ на општините во Македонија. Тој оствари средба со првиот човек на градот Никола Бакрачески. На средбата биле разгледани сите заеднички аспекти од соработката на општина Охрид со Мисијата на ЕУ во Македонија, како и можностите за идна соработка. Бакрачески истакна дека во изминатите неколку години и месеци проектниот тим од Секторот за туризам и локален економски развој работел напорно на апликација на проекти до европските фондови,...
Преку медијација до соживот
Post Views: 147 Струшките гимназии мирно ја заокружуваат учебната година. Она што беше Средното Општинско Стручно Училиште „Нико Нестор“ од пред три години, извор на инциденти, веќе не е, тврди директорот Васил Максимоски. Тој смета дека со добра организација и соработка со сите кадровски структури на училиштата, скоро и да не се остава простор за инцидент. Годинава се случиле само два помали инциденти кои благовремено биле расчистени. Максимоски вели дека како одговорни ги презеле сите мерки за безбедност но за тоа допринеле и работилниците за мултиетничка култура и медијација кои...