Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Стружани покренаа иницијатива за обновување на Аџовата чешма. Некогаш оваа чешма постоела на почетокот на Струшката чаршија на главната раскрсница, точно на аголот каде што денес се наоѓа дуќанчето за изработка на клучеви на фамилијата Чурковци.Некогаш во Струга постоела Аџовата чешма. Денес ја нема. Но постојат сведоци кои се сеќаваат на неа, кога како деца тука се собирале да ја згаснат жедта, а и да погледнат некоја убава стружанка која од тука полни вода. Еден од нив е Абаз Цаноски, кој своите сеќавања за Аџовата чешма за да не ги заборави, ги ставил на...
Новинарите и обвинителите ја подобруваа соработката
Post Views: 11 Новинарите и обвинителите два дена во Охрид расправаа како да се подобри комуникацијата на овие две професии што е предуслов за поголема заштита на човековите права и слободата на изразување. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани посочи дека, само добро обучени и информирани новинари за своите права и одговорности можат професионално да ја обават новинарската професија. Тој додаде дека праксата на Европскиот суд може да им помогне да не прават грешки и да не ги прекршуваат правата на другите. Селмани рече дека работилницата во Охрид е во насока на зајакнување на...
МЈП „Проаква“ почна да го решава проблемот со загубата на техничката вода
Post Views: 6 Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем. Проблемот со неприходната вода во водоснабдителните системи е еден од најголемите предизвици со кои се соочува МЈП „Проаква“, вели директорот Владимир Алексијоски. Тој посочува дека податокот за количината на неприходна вода од 50-60% во просек од произведената и внесена вода во водоснабдителните системи во Охрид е алармантен и јасно укажува на тоа дека неопходно е да се преземат итни мерки за намалување на...
Епилог за настанот Пливалиште
Post Views: 4 Затворен случајот Пливалиште. Денес во Основниот суд во Струга од страна на судијата Живко Аврамоски кој го водеше претресот за случајот Пливалиште беа изнесени завршните зборови за овој настан. Ослободени од обвинение се Гоце Јанески и Климе Миладиновски, бидејќи не се докажало делото за кое се теретат. Единствен кој го понесе цел терет на свој грб околу несреќата, а кој воедно е прогласен за виновен е Цвете Вранишкоски. Нему струшкиот суд му изрече затворска казна во траење од 3 години, за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност на луѓето, поради...
Дополнително ќе се регулира чистењето на дворните површини околу зградите во Охрид
Post Views: 7 Последната акција за чистење на градските површини во Охрид од страна на неформалното граѓанско здружение „Чист Охрид“ покрена иницијатива за средба со претставниците на општина Охрид, од ЈП „Охридски Комуналец“ како и со комуналните инспектори и редари. Целта на средбата било да им се појасни на активистите од Чист Охрид кои се ингеренциите на ЈП и инспекторатот во делот на јавната чистота, што на општо задоволство било позитивно прифатено, вели Стефан Маслов раководителот за јавна хигиена во ЈП. „Вчерашниот состанок беше да се стави поголем акцент на таквите...
Охрид ќе добие Центар за спасување на планина
Post Views: 14 Охрид ќе добие Центар за спасување на планина опремен со најсовремена опрема. Тоа е во рамките на реализација на билатералниот македонско-албански проект „Регионот Охридско езеро – Безбедна дестинација за авантуристички туризам”, финансиран со средства од фондовите на ЕУ преку ИПА 2 програмата за прекуграничка соработка. Со тоа ќе се добие и ефикасна служба за спасување на планина со што нашиот град ќе биде безбедна дестинација за алтернативните форми на туризам како што е авантуристичкиот, вели проектниот менаџер од македонскта страна Антонио Додески. „Основен...
Средношколците од угостителско во посета на Барселона
Post Views: 9 Традиционалната македонска храна создаде мост на кулинарски култури и пријателства во Шпанија. Тоа беше остварено преку посетата на средношколците од угостителското училиште „Ванчо Питошески“ кои 21 ден беа гости во хотелелот „Кампаниле“ во предградието на Барселона. Посетата на Барселона беше едно огромно позитивно искуство за учениците вели проф. Благоја Јорданоски. Додаде дека учениците од различни образовни профили биле работно ангажирани на разни позиции во хотелот како рецепционери, готвачи, келнери и др. Јорданоски вели дека имале можност да ги увидат...
Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казино
Post Views: 9 Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казина во Охрид, Струга и Кичево. Сторител на кражбите е триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој вчера бил уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно извршил грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“, како што информираат од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски кажа дека денес против него била поднесена кривична пријава поради сторено казнено дело разбојништво. „Кај него се пронајдени пари ставени во најлон кеса претходоно одземени од банката, исто така пронајдени се наочари,...