Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

„Вдиши театар“ по четврти пат во Охрид

Post Views: 141 Четвртиот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 1 до 4 јуни. Театарската завеса ќе ја крене драмата „Багаж“ , на 01 јуни кога е и свеченото отворање во предворјето на црквата Св Софија. Драмата е во текст и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц. „Овој фестивал веќе стана традиционален и меѓународен, исто така ќе имаме присуство на гости од Суботица, Требиње, Ужице и Дубровник. Драмата е за млади луѓе кои заминуваат од нашата држава, сите тие имаат иста крајна дестинација...

Продолжи со читање

Временото решение на пазарот ги скара дуќанџиите и работниците од градилиштето

Post Views: 125 Проблематичниот крак на ул „Абас Емин“, откако отпочна изградбата на современиот охридски пазар, се претвори во арена на конфликти помеѓу пазарџиите, дуќанџиите и работниците на АД „Илинден“. Не поминува ниту еден ден без кавга на овој потег, а утрово по се изгледа дека состојбата кулминираше, бидејќи беше повикана на помош и полицијата. Краткиот пат кој се користи како влез на тешката механизација и камионите до градилиштето на современиот пазар, служи и за дотур на роба на пазарџиите, дуќаните и маркетот. А истиот е и единствен пристапен пат на станарите кои со...

Продолжи со читање

Десет години хумана мисија на охридските лајонисти

Post Views: 127 Година на јубилеи на лајонс движењето. Под мотото „Децата појасно да го гледаат светот“ охридскиот клуб одбележува десет години од своето постоење. Проектот се спроведува и на државно ниво, кој пак е во знакот на 20 годишниот јубилеј, додека пак лајнонизмот во светот бележи 100 години постоење.Денеска во градинката „Јасна Ристеска“ беа правени офталмолошки прегледи на видот кај најмалите охриѓанчиња. Претседателот на Охридскиот Лајонс клуб, Љупчо Жупан истакна дека навремените офталмолошки прегледи се од големо значење посебно кога тие се прават на возрас кој ја...

Продолжи со читање

Висока цена за договор

Post Views: 157 Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира....

Продолжи со читање

Битрак: Во Македонија има услови за развој на голф

Post Views: 188 Последниве години голфот во соседна Бугарија не само што се разви туку е и магнет за туристите голфери. Покрај англичаните, русите, србите, грците, се поголем е интересот и на македонските туристи кои ги користат прекрасните голф терени кои се во рамки на познатиот туристичкиот капацитет Пирин Голф. Туристичките работници велат дека овој хотелски ресорт од година во година станува се повеќе популарен, посебно кај љубителите на голф. „Што се однесува до интересот на нашите граѓани од нашата околина, долго време беше потребно да се анимира и популаризира овој спорт,...

Продолжи со читање

Промовирана Националаната студија за води во Охрид

Post Views: 361 Промовирана Националаната студија за води во Охрид. Водата за пиење во Македонија има високо ниво на покриеност 90%, но во исто време постои високо ниво на исчезната вода од околу 30-75% заради дотраени водоводни ситеми. Експертите велат дека водата е важна за цела држава, а посебно за охридско – струшкиот регион. Џејмс Хант од ЕПТИСА тим лидерот на проектот вели дека снабдувањето треба да биде со квалитетна на вода за пиење која не само што е важна за граѓаните туку за туристите, додавајќи дека за да се зачува убавината на Охридското Езеро и реката Црн Дрим потребно...

Продолжи со читање

Важноста на интернет владеењето во Македонија

Post Views: 131   Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на третиот регионален годишен состанок за интернет владеење SEEDIG (South Eastern European Dialogue on Internet Governance), во Охрид. Настанот се одржува заедно со  Меѓународната регулаторна конференција  (24-26 мај), во организација на Агенцијата за електронски комуникации, при што учествуваат истакнати национални и меѓународни претставници, вклучувајќи претставници од регулаторните тела од Европа, оператори од регионот, претставници на здруженија на оператори,...

Продолжи со читање

Жута го бара ветеното

Post Views: 148 Ади Жута од Велешта, живее шест месеци во неизвесност. Откако до темел му изгоре краварската фарма во струшкото село Добовјани, со што претрпел штета од 210 000 илјади евра, тој чека помош од државата. Досега во пресрет му излегла Локалната од Струга, со кој гест тој е задоволен.„Од државата после два три дена од трагедијата што се случи на фармата, ми ветија дека ќе ми помогнат и од Министерството и Владата и сега чекам реализација. Инаку од општина Струга она што Советот го изгласа да ми помогнат со 300 000 илјади денари пола ми дадоа, но секој ден чекам да рестартирам...

Продолжи со читање

Општина Охрид ги награди најдобрите ученици

Post Views: 155 Награди за ученици кои највисоко се рангираа на регионалните и државни натпревари. За нивниот постигнат успех со кој се гордее градот , Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска пред споменикот на сесловенските просветители Кирил и Методиј им додели околу 230 награди. Учениците искажаа голема благодарност за ваквото признание, а наградите за нив претставуваат мотив плус и понатаму да продолжат со успеси. „За мене овие награди се со големо значење. Им благодарам на сите, посебно на градоначалникот. Ова ме инспирира да продолжам со успеси понатака а истото...

Продолжи со читање

Влашката заедница денес го одбележува Националниот ден на Власитe

Post Views: 175 Денес се празнува Националниот ден на Власите. Годинава денот во Охрид ќе се одбележи со свечена академија и промоција на книга, но како што изјави за ТВМ претседателот на здружението на охридските власи „Луниња, Драган Коровешоски, активностите ќе бидат со мало одложување од неколку дена. „Оваа година се планираше промоција на некои дела важни за историјата на Власите, но поради неможост на авторите промоцијата ќе се одложи за десеттина дена кога ќе биде организирана свечена академија и промоција на делата кои се нови во врска со интернацијата на Власите во 1914...

Продолжи со читање

Словенската азбука како молитва

Post Views: 154 Словенската азбука како молитва. Тоа беше тема на денешното предавање кое се одржа во охридската библиотека, по повод празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, кој е голем празник и во Русија. Ова е само уште еден добар повод на зацврстување на соработката помеѓу Охрид со конзулатот на руската федерација, вели Елена Обухова, административниот соработник од Рускиот конзулат. „Сакаме да покажеме дека текстот на таа азбука на глаголицата и кирилицата содржел во себе една сериозна и важна молитва како порака за сите лпи користат букви и кои пишувале и...

Продолжи со читање

Лактив Туризам за продолжување на летната сезона

Post Views: 141 Продолжување на туристичката сезона со креирање на нови туристички производи. Целна група на програмата која заеднички ја имплементира Секторот за туризам при општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, се сениорите. Нашата земја заедно со европските партнери, членки на мрежата со езера, Словенија, Италија, Шпанија и Ирска, детектирале заеднички проблем, кратка сезона или сезоналноста. Со цел да го надминат проблемот петте земји се вклучија во реализација на партнерскиот проект Лактив туризам, чија што основна цел е продолжување на летната сезона.Задача...

Продолжи со читање