Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Merko sednica

Струшките советници го подржаа ребалансот на буџетот

Post Views: 50Струшките советници со низа забелешки во врска со ребалнасот на буџетот за 2012. Но и покрај тоа советниците го поддржаа. На Денешната 45 та по ред седница на струшкиот совет се направи математика на приходната и расходната страна на годинешниот буџет за третиот квартал. До крај на годинава остануваат нереализирани 900 000 евра, забележува советничката од редовите на ДУИ Љуљзиме Зулали, која воедно и прашува како ќе дојде до нивна реализација, од продавањето на неизграденото земјиште во индустриската зона. Оваа не е единствена забелешка на Зулали.„Исто така суштинска...

Продолжи со читање

На Прличевите беседи, промовирана книгата „Сага за Охрид“

Post Views: 54 На Прличевите беседи, настан кој се случува во рамките на одбележувањето на 125 годинишнината од смртта на нашиот преродбеник и поет од 19 век Григор Прличев, беше промовирана книгата „Сага за Охрид“, од авторот Валентина Нелоска. Чест е да се биде дел на една од најзначајните манифестации на град Охрид, но и на цела Македонија, вели авторот. Неловска со нескриени емоции кажува дека инспирацијата за книгата ја црпи од нејзината неизмерна љубов кон Охрид, со сеуште свежи спомени онаков каков што таа го познава од нејзиното детството поминато во близина на хотел Палас, па се...

Продолжи со читање

bista

8 ми Ноември светол датум за Струга

Post Views: 718 ми Ноември светол датум за Струга. Пред точно 68 години на овој датум беше ослободена Струга. По тој повод во организација на Сојузот на струшките борци со низа свечености се одбележа овој ден. Најпрво беше положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци, па се оддржа свечена академија и на крај во просториите на Сојузот на борците имаше и коктел за членството и присутните гости. Претседателот на борците од Струга, Ајредин Мемеди, истакна дека добро е на еден ваков ден да се каже за историскиот момент за ослободувањето на градот и за тоа како одекнала веста во раните...

Продолжи со читање

Голем пожар во центарот на Охрид

Post Views: 55 Се запали куќа во Месокастро, во центарот на градот. Едно лице со возило на Итната медицинска помош веднаш било пренесено во Општа болница Охрид, поради вдишан чад и изгореници со кои се здобил обидувајќи се да го гасне пожарот.Др Милчо Стефановски, од хируршкото одделение за ТВМ информира дека лицето на 63 годишна возраст е во стабилна состојба. Бил примен во состојба на шок со изгореници на главата, лицето , градниот кош и рацете. Му била дадена соодветна терапија и ќе биде задржан за понатамошни испитувања. Пожарот го пријавиле соседите. Поради специфичноста на тесните...

Продолжи со читање

Како до поголеми можности за искористување на европските фондови

Post Views: 56 Денеска во Струга се одржа средба со градоначалниците од Југозападниот плански регион, посветена на можностите за поголема искористеност на европските фондови за реализација на проекти на локално и регионално ниво. Деветте општини од југозападниот плански регион досега од 2014 до 2020 искористиле околу 10% од расположливите средства од ЕУ наменети за Македонија. Додека пак од 2007 до 2013 искористеноста на средствата од европските фондови била околу 40, посочува Стојан Савески од Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Во овој нов програмски период до 2014...

Продолжи со читање

Pero Petkoski DPMNE

Дали ќе има интерпелација за претседателот на струшкиот совет?

Post Views: 63Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање.„При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот на Советот...

Продолжи со читање

Штрајк на работниците од затворениот пливачки базен

Post Views: 48 Триесеттина градежни работници, ангажирани од скопската компанија „Бауер“ која работи на затворениот пливачки базен во Охрид денеска излегоа на штрајк, незадоволни што компанијата не им исплатитла две плати, регрес и хранарина. Уште од вчера тие ги бојкотира редовните активности, бидејќи компанијата не го исполнила ветувањето дека ќе им ги исплатат платите пред новогодишните и божиќни празници. „Плати немаме, регрес не… не лажеа дека ќе имаме регрес и дека најдоцна до 31 јануари ќе ни биде исплатен, а сега ни велат дека нема односно дека не ни следува“. Работниците...

Продолжи со читање

Се рехабилитира патот Охрид – Св Наум

Post Views: 56 Деновиве се рехабилитира дел од регионалниот пат Охрид – Св Наум. Станува збор за санација на 6 км коловоз од бензиската пумпа Билјанини извори до Коњско, информираат од Градежното претпријатие Илинден, Струга, кои ги изведуваат зафатите, по претходно добиен тендер од ЈП за Државни патишта. Директорот на компанијата Раде Трајкоски за ТВМ информираше дека во моментов го чистат патот, ги гребаат и пополнуваат дупките за да може да се стави нов слој на асфалт на овој потег. Трајкоски кажа дека според предвидената динамика до крај на месец април ќе завршат со реализација на...

Продолжи со читање