Автор: Николоска Биљана
Post Views: 12 Со помош на странски искуства и тренинг охридските станоиздавачи учат како до поголема искористеност на нивните сместувачки капацитетии и како да биде продолжена туристичка сезона. Во Охрид се одржува работилница на тема “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”. Деновиве сме сведоци дека Охрид може да биде исполнет и вон сезона, поддржувајќи програма со новогодишни содржини, преку организација на бројни настани и концерти кои привлекоа голем број гости. Елена Иванова туристички менаџер во ИМЕ програмата, односно програмата за...
Стружани куртулија од поскапување на водата
Post Views: 8 Стружани нема да добијат повисоки сметки за вода. На овој став цврсто застанаа и го одбранија струшките советници на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ПЕИ. Околу предлог одлуката за зголемување на цената на водата два дена во струшкиот совет се одвивала вистинска драма, обвинуваат советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Координаторот на оваа политичка партија Момчило Аврамоски вели дека советниците на седницата се држеле како заложнци без можност да гласаат.„За една точка гласавме дури по десеттина пати, и воопшто не се успеваше да се донесе одлука. Поради немање на доволно гласови за да...
Филипче: Ќе продолжи изградбата на новата болничка зграда во болницата „Св Еразмо“
Post Views: 5 Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид. Тој оствари средба со раководството на оваа Установа, на која станало збор за фазата на изградба на новата реконструирана зграда во однос како ќе се продолжи понатака, за потребата на лекари и нивната едукација, за зголемување на услугите кои што во моментов се даваат, како и за воведување на нови услуги за пациентите. „За време на овој состанок ги разгледавме сите моменти кои што влијаат на продолжување на изградбата и...
По осми пат групно крштевање на Сараиште
Post Views: 5 Денес на Сараиште, по осми пат се изврши светиот чин на групно покрстување. Марина, Васко , Денис, Џулијана и Валентина денес ја примија тајната на светото крштение. Сите кои беа крстени во езерските води, со различни приказни за тоа како останале некрстени до сега. Меѓу нив беше и стружанецот Денис . „Големо е задоволство на овој ден кога се крштева Исус Христос, да се пристапам и јас кон овој свет чин и ми причинува задоволство“. Светата тајна “Крштение” е прва и основна тајна која што се прима, за да може секој човек да влезе во членството на светата Христова...
Вредна донација за охридската градинка
Post Views: 8 Централниот објект на охридската градинка „Јасна Ристеска“, стана ененргетски ефикасен. Состојбата во објектите на детската градинка не е добра, процениле од Ротари Клубот Охрид, па затоа решиле оваа ротаријанска година која трае до јуни месец годинава да ја посветат на подобрување на условите за нашите најмали, како и на ревитализација на клановите функционираат во рамки на градинката. Претседателот Сандре Трпоски, открива дека досега клубот вложил 170 000 денари во делот на елекричната инсталација за градинките. „Ние тука променивме 687 светилки променивме...
Во „Сонце“, студи
Post Views: 8 Децата од струшката градинка немаат греење. Станува збор за објектот „Сонце“ од ЈОДУГ 8 ми Март. До нашата редакција се обратија загрижени родители кои не само што забележаа дека децата во градинката престојуваат без огрев, туку посочија на низа други проблеми поради кои објектот се наоѓа во катастрофално лоша состојба. Тие бараат одговорност поради таквата состојба.„Покрај тоа што градинката се наоѓа во очајна состојба, кровот е стар, мувла има насекаде, зидовите паѓаат, тоалетите се распаѓаат паркетот е во страшна мувлосана состојба и во целата оваа трегедија...
Дијаспората е тема на меѓународната конференција „Охрид Водици 2018
Post Views: 12 “Дијаспора, транснационализам и интер-културни комуникации како нови форми на социјален капитал”, тема на шестата меѓународна конференција „Охрид – Водици 2018“. Конференцијата ја отвори министерот во Владата на Р. Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Тој истакна дека еден од посериозните проблеми со кои се соочува дијаспората е долгата процедура при издавањето на документи. „Точно заради тоа на последната седница на Владата, Владата донесе одлука каде што се формира интересовска група меѓу Министерството за надводреѓни и внатрешни...
Стопирани два проекти кај делницата Охрид – Струга
Post Views: 9 Стопирани два проекти кај делницата Охрид Струга. Тоа се случи по забелешките на УНЕСКО. Станува збор за еден од проектите на претходната Влада, односно за реализација на проектите за изградба на 8,5 километри долгиот пат од Струга до Требеништа, кој требаше да се поврзе со автопатот во изградба Охрид – Кичево, но и со експресниот пат од Охрид преку Пештани до Свети Наум кој требаше да поминува преку Националниот парк Галичица. Од Министерство за транспорт и врски, за медиумите изјавија дека:„По извршената мисија од страна на УНЕСКО доставени беа забелешки и...