Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Нови плочки на долниот дел од кејот на Црн Дрим

Post Views: 238   Во Струга се гради. После реконструкцијата на едната страна од кејот на реката Црн Дрим, Локалната самоуправа продолжува со градежни зафати. Во моментов, долниот дел од кејот на реката Црн Дрим од двете страни е раскопан и се очекува да почне поставувањето на нови плочки. Стружани велат дека општина Струга со овие зафати покажува дека е одговорна Локална самоуправа која се грижи за изгледот на градот и потребите на граѓаните. „Супер е …добро е тоа што се гради.  Добро е …но споменици не ни требаат, потребна е работа за младите..убо е што се реновира...

Продолжи со читање

Жените од руралните средини најчесто се жртви на семејно насилство

Post Views: 232   Семејното насилство иако е препознатливо, за жал сеуште се крие под пазувите во семејствата посебно во руралните средини. Таму жените не само што не се доволно информирани, туку се срамат и кријат дека трпат секојдневно семејно насилство, открива Александра Лазареска, претседателката на Здружението за еднакви можности „Езерка“ Струга. Таа додава дека изминатиов период биле концентрирани на едукација на жените за семејното насилство, бидејќи сметале дека жртвите сеуште не се доволно информирани што значи семејно насилство и каде се можат да се обратат за помош. „Имавме...

Продолжи со читање

Нивото на акумулациите на Црн Дрим се на просечно ниво

Post Views: 315   Нивото на акумулациите по текот на реката „Црн Дрим“ е во рамките на просечното за овој период од годината. Истите се подготвени да ги прифатат водите од дождовите во наредниот период. Ваква е оценката на директорот на Хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ од Струга Тони Маркоски. „Посебно тоа е важно за Охридското Езеро кое што од безбедносни причини за да не дојде до несакани поплави треба да биде на оваа кота, 693 метри 32 цм. Можеби ве мотивираше за ова прашање имаше пред две недели поголеми дотеци од води во река Радика а исто така и големи дождови и дотеци...

Продолжи со читање

Ќе се субвенционираат селски куќи за туристички цели

Post Views: 246   Со цел активирање на сите ресурси, потенцијали, чинители, на туризмот како и можност за дополнително обезбедување на средства, денес во Струга, беше формирана, Мрежата за инклузивен регионален развој на Југозападен плански регион. Тоа значи поддршка на 9 те општини кои го сочинуваат овој регион, во делот на развој на туризмот и стопанските дејности кои ќе бидат вклучени во мрежата, а исто така ќе бидат конкретизирани и наредните активности, вели претседателот на Советот на ЈЗПР Игор Трајкоски „За целиот регион ќе значи развој во сегментите на туризмот, руралниот...

Продолжи со читање

Во Охрдското Езеро пуштена последната тура на подмладок на јагула

Post Views: 379   Охридското Езеро денес беше порибено со околу 30 000 парчиња подмладок од јагула. Во текот на 2016 година езерото три пати се пориби со подмладок од јагула, а тоа го врши АД ЕЛЕМ. Порибувањето се вршеше од неколку локации почнувајќи од пред ресторанот „Ревиера“, Струга, па Радожда, Калишта, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во подлабокиот дел од езерото. „Битно е дека рибата е здрава, набавена е од Грција, проверена е автентичноста и автохтоноста на типот, нема паразити тоа е проверено во институтот за ветеринарство и сточарство го помина периодот на карантин,...

Продолжи со читање

Стружани учествуваат во проекција за општинскиот буџет за 2017

Post Views: 357   Граѓански буџетски форум во Струга. Продолжува сесијата на презентации на буџетските форуми, во организација на Центарот на заедниците на општина Струга. Денес во хотел Мираж Струга беше презентирана реализацијата на општинскиот буџет за 2016 како и презентацијата на предлог буџетот за 2017. Катерина Талеска Скепароска, проект координатор од центарот, пренесе дека ваквиот вид на настани каде присуствува граѓанскиот сектор се од исклучителна важност, бидејќи на истите граѓаните добиваат право на глас со свои предлози да укажат кои проекти се според нив важни и...

Продолжи со читање

Младите стружанчиња ќе учат влашки јазик

Post Views: 596   Здружението на власите од Струга изработи проект за изучување на влашкиот јазик. Станува збор за факултативен курс кој ќе можат да го следат деца од трето до деветто одделение. Како што велат од Здружението проектот бил прифатен од страна на градоначалникот Зијадин Села, така што општина Струга комплетно финансиски ќе го поддржи. Синоќа градоначалникот Села во хотел Дрим Струга и свечено го отвори факултативниот курс по влашки јазик. Од Здружението на власите велат дека интерес за курсот на почетокот има, така што уште вчера 22 деца пројавиле интерес. Наредниот...

Продолжи со читање

Расте бројот на дијабетичари во Струга

Post Views: 451   Со едукативни предавања, дијабетичарите од Струга го одбележаа Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември. Годинава активностите за одбележување на овој ден се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот и негово ефикасно контролирање, со цел да се избегнат компликациите, појасни д-р Мира Костојчиноска спец по интерна медицина. „Во Струга исто како и во светски размери, Македонија и во Струга секој ден имаме ново дијагностицирање на пациенти. Тоа се должи на хигиено – диететски режим на живот кој што не го запазуваат пациентите,...

Продолжи со читање

Лабуништани против каменоломите во селото

Post Views: 362   Состојбата со каменоломите во струшко Лабуништа повторно се актуелизира. Ископот на минерални суровини од трите активни каменоломи претставува опасност по здравјето за населението од ова село, чии што мештани во неколку наврати укажаа на тоа. Пред два дена во Советот на општина Струга беше формирана комисија од инспектори по животна средина и советници кои треба да ја утврдат фактичката состојба на терен, која треба да види колку каменоломи функционираат во струшиот регион, колку од нив се со дозвола за работа и дали некои работат на диво. „Се надевам дека ова...

Продолжи со читање

Струга има социјална карта

Post Views: 388   Струга има своја социјална карта. Станува збор за локална стратегија за социјална заштита која треба да обезбеди задоволување на потребите на сите категории на граѓани и еднаквост во однос на добивање на услуги од системот на социјална заштита. Како што нагласи Ѓоко Милески од Центарот на заедницата на општина Струга, главна цел на социјалната карта на општина Струга е идентификување на актуелната демографска структура на граѓаните и мапирање на социо – економските предизвици со кои тие се соочуваат. „Имаме вакум на простор за потреба на податоци од областа на...

Продолжи со читање

За рекордно време ќе се гради дрвениот мост во Струга

Post Views: 325   Познатиот струшки приватен инвеститор Менди Ќура, сопственикот на градежната компанија „Трим и Љум“ ќе донира 150 000 евра за изградба на дрвениот мост во Струга. Станува збор за мостот во централното градско подрачје кој пред пет години беше демонтиран поради безбедносни причини. Овој гест е за пофалба, но и доказ дека во градот на мостовите ќе се гради и инвестира и нема да се дозволи Струга да биде да биде заложник на актуелната политика, бидејќи имаме одговорност пред граѓаните, истакна градоначалникот Зијадин Села на денешната прес конференција. „ За крај...

Продолжи со читање

Хотел „Мираж“ награден за квалитетна туристичка понуда

Post Views: 395   Хотелот „Мираж“, Струга најуспешен хотел во делот на квалитетна туристичка понуда. Ваквото признание го доби по повод светскиот ден на туризмот за 2016, и се се најде на листата наградени, со уште хотели во државава. Како што истакна менаџерот на хотелот Љуљзим Бакал, тоа се должи на добрата организациона поставеност во хотелот, со квалитетен и стручен кадар за секој сегмент од хотелското работење. Бакал додава дека за тоа допринело и тоа што овој хотелско угостителски капацитет има комплетна понуда, 53 соби, свој ресторан, плажа, тераса со поглед на езеро, игралиште,...

Продолжи со читање