Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Се продава дел од локацијата на МЈП ПРОАКВА-Струга

Post Views: 6 Се продава дел од локацијата на МЈП „Проаква“. Старата зграда на ул. „Кеј 8 ми Ноември“, бб Струга веќе е на тендер, информира првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко. Тој додава дека постапката е согласно програмата на Локалната за 2012 та година, која е помината на совет и веќе има заинтересиран, бизнисмен од струшкото село Радолишта. Градоначалникот Мерко не го откри името на компанијата, но ја потенцира според него важноста од продавањето на објектот.„Ние мислиме дека тоа е позитивно за Локалната самоуправа, бидејќи тоа место треба да се изгради. Со продажба...

Продолжи со читање

Протест во струшката детска градинка „Сонце“

Post Views: 15 11 вработени со договор на дело, во понеделник, својот револт заради непридржување кон договорот, како и поради три неисплатени плати, ќе го искажат со протест. Градоначалникот на Струга во врска овој проблем со свој став. „Тука се работи за вработени кои биле долго време по 7, 10 години, со договор на дело кои ги плаќала градинакта со сопствени средства или со средства од МТСП. Ние помагаме но не можеме во целост да се носиме со тој терет бидејќи во буџетот на општина Струга не е предвидено. Револтот е оправдан, бидејќи тој број во градинката е неопходен за...

Продолжи со читање

Стојаноски: Бадниковата литија, почит кон традицијата

Post Views: 11 Утрово низ охридските улици одекна гласот на над 400 дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, најавувајќи го рождеството Христово. Децата пеејќи ја божиќната песна, носеа и божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Во нивни раце беше и специјално украсената пештера на кои е претставено Рождеството Христово. Нивната радост и возбудата беше неизмерна и за нив Бадниковата поворка била посебно доживување кое духовно ги исполнувало. „Јас сум задоволна што учествував на Бадниковата поворка и чест ми...

Продолжи со читање

Проектот за изградба на марина, сеуште само на хартија

Post Views: 13 Години наназад се дискутира дека во главниот туристички центар неопходна е изградба на марина. Моменталното паркиралиште на пловните објекти е каналот Студенчишта, каде се вкотвени пловила кои никогаш и не запловиле во Охридското Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништата на РМ, Горан Устијаноски, има своја визија што треба да се направи за градот конечно да добие современа марина онака како што доликува на Балканскиот Ерусалим. „Марина треба да има. Треба да се изградат краците на охридското пристаниште, тоа е една од сугестиите и нормално прилагодување на...

Продолжи со читање

Божиноски: Со молк се признава вината

Post Views: 7 Брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал, стана одлика на СДС и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, обвинија на денешната прес конференција од ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски рече дека молкот од СДСМ во однос на јавно поставените прашања од ВМРО – ДПМНЕ е само признавање на вината. „Зошто градоначалникот Јован Стојаноски не презема мерки за ставање вонсила на противзаконските донесени одлуки за управни и надзорни одбори, знаејќи дека по поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, тој е...

Продолжи со читање

Јованоска: Развојот на спортот во градов е мојот главен приоритет

Post Views: 8 Развојот на спортот во градов е основен приоритет на директорката на СРЦ „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска. Нејзиниот впечаток е дека последниве години младите се повеќе се присутни на спортските терени. Поради тоа, таа смета дека треба да се овозможат услови за секој спортист да може да го тренира она што го сака. „Освен фудбалот, ракометот и кошарката имаме мала сала во која што имаме вештачка карпа на која може да се развива алпинизмот и тоа сега во моментов го прават активистите од Црвениот крст, имаме клуб за Теквондо и останатите боречки вештини и...

Продолжи со читање

Питачењето како проблем може да се надмине

Post Views: 11 Околу 2000 деца низ градовите во Македонија питачат низ улиците, за да се прехранат. Главниот проблем за питачењето е исклучувањето на децата од училиште, посочува основачот и директорот на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац. Тој смета дека Министерствата за образование и за труд и социјална политика, мораат да најдат механизми, на овие деца да им дадат одредени бенефиции, како би можеле и тие да одат во градинка, уште од нивната трета година, со цел да стекнат правилни животни навики и вештини. „Министерството за труд и социјална политика...

Продолжи со читање

Ќе има ли огрев за струшките ученици?

Post Views: 5 Струшкото образование се дави во големи долгови. Според информациите до кои дојде ТВМ, а ги потврдија од Локалната самоуправа, неисплатените наменски дотции за греење и транспорт од Министерството за образование, уште од 2009 та година, допринесува за да се влоши и онака незавидната состојба во која се наоѓа струшкото образование.„1.200 000 илјади евра е моменталниот долг, со кој Локалната во Струга не може да се справи. Проблемот е посебно изразен во основните училишта“, вели раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини. Тој сериозно е загрижен дека овој...

Продолжи со читање