Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

Post Views: 3 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата.„Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со...

Продолжи со читање

Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид

Post Views: 7 Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид. Денес во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, за прв пат се одржа една поинаква трка во која учество зедоа повеќе од триесет Дедомразовци. Најдобар меѓу нив беше Христијан Јованоски кој си доби подарок таблет компјутер. „Сакам да го поздравам овој навистина убав настан кој се одржува во нашиот град. Јас имам 18 години и на трката ме пријави мојата мајка. Сакам да ги поздравам одговорните во општината и град Охрид и порачувам овој настан да продолжи и во иднина“ Стартот беше од пред хотелот City...

Продолжи со читање

После 5 и пол години, вработените на МЈП Проаква ќе имаат здравствено осигурување

Post Views: 5 Редовна плата и придонеси за МЈП Проаква е главен приоритет за 2018 на директорот на ова претпријатие Владимир Алексиоски. Директорот вели дека жалосно е што неколку години имиџот на претпријатието е под потребното ниво. Алексиоски ветува дека со добро менаџирање претпријатието ќе го донесе на здрави нозе а проблемите со кои се соочува претприајтието еднаш засекогаш ќе заминат во историјата. „Жалосно е кога ќе се каже дека вработени сме во Водовод а немаме плата. Првиот приоритет со самото добивање на функција е да успееме да ги стигниме заостанатите плати,...

Продолжи со читање

Точков: Охридскиот Црвен Крст бележи година на стабилизација и надеж

Post Views: 14 Успешна година бележи Црвениот крст од Охрид. Со традиционален коктел на кој присуствуваа бројни граѓани и соработници, активистите на Црвениот Крст од Охрид ја заокружија 2017 година. Претседателот Сашо Точков изрази задоволство од сработеното, односно реализацијата на бројните хуманитарни акции кои најчесто се во знакот за помош на ранливата категорија на граѓани. Неговите очекувања за наредната година се дека ќе имаат доста работа, а меѓу приоритетите на општинскиот Црвен крст за 2018 година е воспоставување на систем за спасување. „Изразувам големо...

Продолжи со читање

ВМРО – ДПМНЕ: Политички реваншизам во образовните институции

Post Views: 12 Социјалдемократскиот сојуз без работа остави над 50-тина стручни и обучени наставници и стручни соработници со решение на неопределено работно време, во образовните институции во Охрид. Тоа се бремени жени, самохрани мајки, млади, луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија. „Ова ли е еднаквоста и солидарноста? Ова ли е еднаквост за сите и непартизираното општество кое го ветуваа? Ова е класичен политички реваншизам. Единствената задача на довчерашните партиски потрчковци и шарачи на...

Продолжи со читање

„Дедо Димо“, нов етно ресторан

Post Views: 6 Синоќа со традционални песни, зурли, тапани, фолклорни точки и христијански обред на осветување, беше отворен новиот етно ресторан Дедо Димо. Сместен е во срцето на една од најпрекрасните рурални средини во Охрид, селото Куратица. Станува збор за семеен бизнис на Горан Ангелоски, што според него претставува продолжување на традицијата од пред 15 години за развој на руралниот туризам. „Ова е една поголема надоградба која ќе биде пример не само за Охрид, туку и пошироко во Mакедонија како да се развива туризмот и како би можеле нашите села да одат понатаму. Целта е...

Продолжи со читање

Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство

Post Views: 15 Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство. Претставниците на македонските граѓански здруженија деновиве има можност да ја следат оваа обука во организација на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Станува збор за еден поголем регионален проект, мултинационална коалиција за борба против трговија со луѓе и родово базирано насилство, кој се спроведува со неколку партнерски граѓански организации од неколку соседни земји, појаснува Катерина Конеска проектниот координатор. Додава дека посебен акцент бил ставен на заштита на жените и децата, како...

Продолжи со читање

Градоначалникот на Охрид на предновогодишен ручек со ранливата категорија граѓани

Post Views: 6 И оваа година во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се готвеше традиционалниот предновогодишен ручек за ранливата категорија. Таткото на градот Јован Стојаноски во оваа пригода ја откри и неговата новогодишна желба. „Никогаш повеќе овие деца да не бидат ранлива категорија“. „Нека им се помогне на овие деца колку што можиме повеќе и ние како општина Охрид заедно со Црвениот крст и угостителско училиште да им се помогне на овие деца да излезат од оваа тешка социјална ситуација во која што се наоѓаат. Им посакувам се најдобро на сите на овие златни...

Продолжи со читање