Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Здружение „ЕДЕН“: Оној што е хуман кон животните е хуман и кон луѓето

Post Views: 129 Бездомните животни со години се убиваат, се трујат, а резултати нема. Денес 4 ти април се одбележува Светскиот ден на бездомните животни. Здруженијата за заштита на животни веќе со години точно го лоцираат коренот на проблемот и вперуваат прст кон децениската неажурност и неисполнителност на институциите, т.е. Локалните самоуправи, како што велат од здружението „ЕДЕН“. Тие укажуваат дека со години постои и стратегија за хумано, трајно и темелно справување со бездомните кучиња, изработена од граѓанскиот сектор и според нив во нашата земја проблемот трајно би се решил...

Продолжи со читање

Охридските „гладијатори“ пред нов предизвик

Post Views: 136 Победата над Еурофарм Работник во првото коло од плејофот значајна за охридските ракометари. Благојче Трајкоски истакна дека нивниот тим успешно се издигнал над проблемите со кои се соочувале последниве две недели од типот повредени играчи но и проблеми од техничка природа, така што успеале пред бројната публика да се докажат и покажат во вистинско светло. Тоа го ветуваат и за новиот предизвик кој ги очекува нашите „гладиатори“ со екипата на Борец од Велес. „Борец е една многу компактна екипа иако на почетокот на регуларниот дел беше во незавидна ситуација со многу...

Продолжи со читање

На детско игралиште, отруено куче

Post Views: 127 Отруено е куче и тоа на детско игралиште во близина на детската градинка и училиштето во Лескајца во Охрид. Отровот кој бил расфрлан бил со силно дејство и смртоносен. За овој немил настан не информираа загрижени активисти од Анималија. Климент Арнаудов активист во Анималија вели дека доказниот материјал сеуште е тука, но за жал надлежните без коментар. „Две кученца беа затруени вчера, едно умре за жал, другото успеавме да го спасиме благодарение на интервенцијата на ветеринар Тони и Ване. Сабајлево исто така во раните утрински часови се случи овој немил настан,...

Продолжи со читање

Априлијада 2017

Post Views: 125 Највеселиот ден во годината 1 ви април и годинава ги привлече најмладите. На сцената на охридскиот плоштад како и секоја година се појавија стотици маскирани деца од градинките и основни училишта со најразновидни маски преку кои ја покажаа сета своја фантазија и желби. Принцези и принцови, гусари, морнари, полицајци, Бетмени, Спајдермени, Арапи, сонца, цвеќиња, госпоѓици и што уште не беше дел од прекрасниот амбиент. Се кажуваа шеги и лаги, се слушаше музика и се играше. Исто така така децата уживаа и позираа пред фотоапаратите на родителите, а голем дел од нив и...

Продолжи со читање

Кражбите во летниот период во туристичкиот бисер се честа појава

Post Views: 136 Охридските културно историски локалитети, атрактивни и најпосетувани од страна на туристичките групи и бројните гости, омилени и за крадците. Тоа посебно е изразено во летниот период како и за време на екскурзиските посети. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека генерално гледано во текот на летната туристичка сезона се зголемува бројот на кражбите. „Пред секоја туристичка сезона СВР се организира малку подобро, целокупниот полициски состав се анимира во насока на подобрување на безбедносната состојба, заштита на охриѓани и на туристите кои престојуваат...

Продолжи со читање

„Чичко, ми се скинаа патиките, дај позајми ми ги влечките“

Post Views: 142 Не треба луѓето да ги гледаме површно, треба да ги откриеме какви се во суштина, да им дадеме шанса и да не ги дискриминираме. Ова е пораката на група млади средношколци од четврта година од средното училиште „Св Кирил и Методиј“, кои за два месци успеаа да подготват получасовна претстава насловена „Чичко, ми се скинаа патиките, дај позајми ми ги влечките“. Насловот на пртставата е интересен, невообичаен а во него се кријат реални дејствија од животот, вели Кирил Андоновски. „Се трудевме да направиме настан поразличен од обичниот. Ќе има најразлични содржини, свирење,...

Продолжи со читање

Дали ќе поскапат јајцата за Велигден?

Post Views: 147 На само половина месец пред Велигденските празници охриѓани очекуваат поскапи јајца и јагнешко месо. Иако сметаат дека сеуште е рано да се зборува за тоа, велат дека досегашната пракса од минатите години покажува дека пазарот за Велигден е поскап, во однос со останатите денови. „Муслиманите кога е Бајрам ги спуштаат цените, а нашиве ги зголемуваат. Јајцата треба да се дури и поефтини од сега. Еднаш во годината е Велигден треба да имаме христијанска душа.Незнам дали ќе се зголеми цената, од каде да знам.Што не е поскапено, се поскапуваКако и секоја година кога ќе...

Продолжи со читање

Жбогар: Кризата во Македонија е завршена

Post Views: 173 Кризата во Македонија е завршена, смета високиот претставник на Меѓународната заедница на ЕУ, Евро амбасадорот Самуел Жбогар. Тоа се чуствувало преку граѓаните на Македонија, кај кои се чуствувало олеснување, барем според нивните забелешки. „Истовремено, не само олеснување, во вашата земја сите ние почуствувавме дека има едно возбудување, еден вид на оптимизам кој што се чуствува во целата земја за тоа дека можеме конечно да тргнеме кон подобра иднина за Македонија. Се разбира дека за овој оптимизам тоа што е потребно да се направи е да се одржи во живот“ –...

Продолжи со читање

За развој на руралниот туризам треба да помогне и државата

Post Views: 153 Вевчани и Куратица се позитивен пример за развој на рурален туризам. Несекојденвните доживувања како што се сафари со магариња, дегустација на македонските локални специјалитети, прошетка во природа, едукативни активности ги задоволуваат потребите посебно на холандските туристи, кои годиниве наназад повторно во се поголем број ги има во охридско – струшкиот регион. Проф. Михаил Ристески, асистент на ФТУ кој работи и како туристички водич, смета дека за развој на руралниот туризам треба да интервенира и државата, бидејќи сеуште во селските средени настаните се одвиваат...

Продолжи со читање

Поделбата на МЈП „Проаква“ останува на статус кво

Post Views: 143 Поделбата на МЈП „Проаква“ останува на статус кво. После отпочнување на постапката за делба на Р.Е. Охрид и Струга, иницирана од страна на првиот човек на ова претпријатие Томе Паскалоски, меѓуопштинското претпријатие во моментов спасено е од концесионерство, односно продажба, бидејќи раскинат бил штетниот договор од претходното раководство, како што објасни Паскалоски. Директорот вели дека во моментов се чека да се донесе одлука за основање со издвојување. До каде е заглавена постапката Паскалоски им објасни на охридските советници. „Комисијата која што беше формирана...

Продолжи со читање

Охридскиот народен театар со нова премиера комедијата „Аналфабет“

Post Views: 136 На светскиот ден на театарот 27 март, во ЦК „Григор Прличев“ премиерно во 20 часот ќе биде изведена комедијата на Бранислав Нушиќ, „Аналфабет“, преработена од младиот рисер кој работи во охридскиот театар Ѓорги Ризески. Директорот Горан Стојаноски ветува максимална забава од час и половина. „Ове е една многу интересна комедија која веројатно луѓето ќе ги остави без здив од смеење. Сакам да напоменам декаво претставата се користат пиротехнички средства и дека не е дозволено за деца под 14 год“ Режисерот, Ѓорги Ризески, кажа дека дејствието на комедијата се одвива...

Продолжи со читање

Судската служба најави порадикални дејствија доколку не им се исполнат нивните барања

Post Views: 134 Платите на обвинителите, обвинителските службеници, судиите ќе се зголемат, но не и на судската служба. Заради нееднаквиот третман на извршната и судската власт кон судските службеници како и неопходноста од измена на Законот за судска служба, од Здружението на судска администрација на Р Македонија најавуваат радикални мерки доколку и тие не ги добијат своите побарувања за кои и минатата година беа организирани штрајкови. Претседателот здружението, Борче Мирчески истакна дека и овој пат ќе се обидат да преговараат со судскиот буџетски Совет, со претседателот на Врховен...

Продолжи со читање