Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Се реновираат соблекувалните на СРЦ „Билјанини Извори“

Post Views: 12 Се реновираат дел од просториите на СРЦ „Билјанини Извори“. По најавата дека неколку фудбалски екипи од нашата земја но и од Србија и Албанија, зимските подготовки ќе ги прават на СРЦ. Дирекотрката Гордана Јовановска вели дека потребата од реновирање на соблекувалните се наметнала поради лошите услови за престој на спортистите. „Соблекувалните беа во крајно незавидна состојба, руинирани со мувла, влага…се обидуваме до некој степен да ги оспособиме да излгледаат уредно чисто за зимските припреми кои што ги очекуваме да се одвиваат на СРЦ „Билјанини...

Продолжи со читање

Спорен киоск, ниту работи, ниту е отстранет

Post Views: 5 Катанец на врата на киоскот, „Кај тетка Русе“. Ученици, родители и дел од професорите на струшките гимназии, прашуваат зошто киоскот „Кај тетка Русе“, сместен во дворот на СОУ „Нико Нестор“, е под клуч. Телевизија ТВМ во интерес на јавноста како и да одговори на прашањето на засегнатите се сретна со сопственикот на киоскот, како и со директорот на училиштето. Сопственикот Боро Симјаноски вели дека неговиот времен објект цели 20 години работи во дворот на гимназијата. Додава дека поминале скоро пет генераци кои се хранеле во нивниот киоск и целиот тој период не се...

Продолжи со читање

Краљ: Охрид би можел да прересне во мала Анталија

Post Views: 7 Поранешниот чувар на мрежата на Партизан и југословенската репрезентација, Ивица Краљ деновиве престојуваше во работна посета на Охрид. Легендарниот голман за прв пат е во Охрид. Тој за ТВМ кажа целта на неговата посета е да го промовира Охрид на најдобар можен начин, што впрочем според него нашиот град тоа и го заслужува. „Бидејќи сум претседател на Ф.К. „Мачва“ од Шабац, и член на извршниот одбор на Фудбалскиот Сојуз на Србија, целта е да видиме какви се условите во Охрид. Да се обидеме да организираме подоготовки за мојот клуб така да можеби и за сите селекции...

Продолжи со читање

Д-р Мицкоска: Конзумирање на антибиотик само со препорака на доктор

Post Views: 9 Злоупотребата на антибиотици не го одминува Охрид. Неконтролираното земање на антибиотици без консултација на доктор, односно конзумирање на своја рака, по препорака на сосед, роднина или пријател не е препорачливо, апелираат докторите. Д-р Виолета Мицкоска вели постои начин со кој се утврдува дали е потребно да се зема или не антибиотикот. „Антибиотикот има дејство онаму каде што треба да се лечи бактериска инфекција. Значи на вирус воопшто не само што не делува, туку може да го загрози здравјето да го намали имунитетот и да предизвика влошување на состојбата...

Продолжи со читање

Обемна седница на струшкиот Совет

Post Views: 6   Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Советот на општина Струга побараа информации по однос на низа прашања од мултиетнички карактер. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ јавно праша што прават инспекциските служби во локалната, кога пред очи им стои незаконски исправена табла пред  населено место во месноста Шум, како и за тоа што се случува со официјалната веб страна на општината која се ажурира само на албански јазик.„Бараме информација од инспекциските служби за поставувањето на нелегалната табла пред село Шум со која се крши законот за јазици и се...

Продолжи со читање

Традиционална изложба со дела на роднокрајни ликовни уметници

Post Views: 12 Неколку децении наназад Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, ја организира традиционалната изложба на дела на роднокрајни ликовни уметници, по повод 8 ми декември, празникот на големиот светител и учител, Свети Климент Охридски. За изложбата говореше познатиот охридски академски сликар Славко Упевче. „На изложбата учествуваат многу ликовни уметници, меѓу кои и еминентни имиња на македонски сликари кои оставиле свој белег во македонското современо сликарство, како Димче Коцо, Нико Този, Петар Мазев, Свето Манев, Стефан Нестор и редица други, а во таа чест...

Продолжи со читање

„Флора и фауна“ изложба на Фото Клуб Охрид

Post Views: 4 Духовната прашина што Св Климент ја оставил на овие простори, пред повеќе од 10 века, секогаш се материјализира во уметноста. И годинава во рамки на одбележување на патронот на градот Св Климент Охридски, фотографската уметност беше дел чествувањето. Изложбата на Фото клубот од Охрид, со 45 слики од 12 македонски автори на тема „Флора и фауна“ ги воодушеви љубителите на уметноста. „Како и секоја година во чест на Св Климент патронот на градот кој е и наш заштитник. Секоја година сме присутни, догодина одбележуваме јубилеј 20 годишнина. Добро е што годинава сме...

Продолжи со читање

Охрид однапред распродаден за Новогодишните празници

Post Views: 5 Гости од регионот за Нова година во Охрид. На дваесеттина дена пред новогодишните празници хотелите на охридско – струшката ревиера се 100 % распродадени. Голем број од гостите се од странство, а најбројни се гостите од регионот, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Грција. На туристите им се нудат дводневни и тродневни аранжмани со богато празнично мени и празнична вечера. Менаџерот на хотел „Силекс“, Тоше Чочороски вели дека и Локалната самоуправа треба да посвети внимание во осмислување на Новогодишната програма со разновидни содржини, која што заедно...

Продолжи со читање