Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охрид го одбележа Денот на ретки болести

Post Views: 295 Пациентите со ретки болести се сеуште невидливи пред законите на Р.М. алармираат нивните здруженија. Во Македонија е неопходно усвојување на национална стратегија за ретки болести и изработка на специфичен Закон за ретки болести, со цел унапредување на квалитетот на живот на пациентите и семејствата засегнати од ретка болест. Во моментот, единствен правен акт со кој се регулирани дел од аспектите што ги засегаат пациентите со ретки болести е Програмата за ретки болести. Охриѓани денес  одбележувајќи го светскиот Ден на ретки болести покажаа дека настаните кои помагаат...

Продолжи со читање

отец Владо: Да се постат целите Велигденски пости

Post Views: 178 Секој православен христијанин има потреба од пост, исповед и причесна. Денеска почнуваат Великите пости, познати во народот како Велигденски пости. По вчерашниот празник Прочка кога помладите бараат прошка од постарите, а сите бараат од Бог да им ги прости гревовите, денес се пристапува кон строгиот пост. Отец Владо Недески, од Дебарско – кичевската епархија нагласува дека за време на постите црквата не само што дава насоки како да се пости туку и ги укрепува верниците со Богослуженија кои се одржуваат и во утринските и во вечерните часови во црквата Св Богородица...

Продолжи со читање

Одбележана 109 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Post Views: 129 Марко Бошњаков, заслужува да биде подигнат на поголем пиедестал. Денес кога одбележуваме 109 години од погибијата на охридскиот гемиџија, потсетувајќи се на неговат жртва, патриотизам, желба да покаже се она што треба во еден таков историски момент за својата држава, во најмала рака треба да му се посвети име на улица или спомен обележје, истакна Дејан Паноски од Комисијата за одбележување празници. „Ние немаме милиони личности кои што треба да ги чуваме и да го чуваме споменот на нив и треба да искористиме секој еден момент да покажеме за нашата историја и посветеност....

Продолжи со читање

Охриѓанки за 8 ми Март ќе уживаат надвор од нашата земја

Post Views: 155   Охриѓанки за 8 ми март ќе уживаат во странство, претежно во земјите од регионот. Годинава денот на жената ќе се слави во среда. Традицијата на празнување се менува. Од година во година расте бројот на охриѓанки кои за празниците уживаат да патуваат на интересни туристички дестинации, вели Jаким Маленко од ТА „Вис Пој“ „Најмногу се одлучуваат за блиските дестинации, со оглед на тоа дека годинава нема многу слободни денови, нема многу простор да се отсуствува, се одбираат поблиски дестинации со помал број ноќевања. Од нашата агенција има голем број на понуди, наш...

Продолжи со читање

Фатен осомничениот за убиството во Охрид

Post Views: 130   Во Куманово е уапсен осомничениот за убиството на 67 годишната Спаса Бојоска, настан кој понеделникот го потресе Охрид. Осомничениот, кој потекнува од Куманово, живеел во иста станбена зграда со жртвата на ул „Галичица“ и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, тој заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата се вели во соопштението од јавноста на Основното јавно обвинителство. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан....

Продолжи со читање

Промоција на руско македонската поштенска марка во Охрид

Post Views: 159   Од Охрид, лулката на христијанството, од градот на словенската писменост и култура, денес беше промовирана поштенската марка посветена на знаменитостите на Охрид и Санкт Петербург. Денес во куќата на Уранија беше промовирано изданието на Руската пошта од заедничкиот проект за издавање на руско македонска марка, додека пак пред две недели во Скопје беше промовирано македонското издание. Пријателската соработка со Руската федерација посебно на полето на проширување на туристичката понуда на градот, продолжува, истакна првиот човекна градот Никола Бакрачески „Овој...

Продолжи со читање

Наумоски: Ништо од реализацијата на капитални проекти за Охрид

Post Views: 146   Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ по трет пат ги ветува истите проекти за Охрид, што ги ветуваше и на минатите локални избори. Пред 4 години ВМРО-ДПМНЕ вети преродба и забрзан развој на Охрид, но не реализира ниту еден од ветените приоритетни проекти, обвинуваат од ОО на СДСМ Охрид. „Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема Дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова пречистителна...

Продолжи со читање

Вообичаена дилема: Каде после 4 та година?

Post Views: 122   Во овој период едно од најактуелните прашања на учениците од 4 та година каде да го продолжат своето образование. Една од целите на психолошкиот центар Солушн претставува одржување на обуки и семинари, посебно за адолесцентите, односно децата од средношколска возраст, вели Ранко Раткушиноски од првиот психолошки центар Солушн во Охрид. „Многу често се случува таа популација да се соочи со проблем каде понатака да се запише. Или се во 4 та година и не се во состојба да размислат и не можат да видат каде ќе одат понатаму, се ограничени во своите можности. Ние како...

Продолжи со читање

Животните трошоци растат

Post Views: 164   Растот на животните трошоци е одраз на порастот на цените на мало. Во февруари годинава, споредено со истиот месец лани пораснеле трошоците за живот за 1,8 отсто, според податоците на Државниот Завод за статистика. Граѓаните се соочуваат со зголемување на трошоците во повеќе сфери на општественото живеење а најголема забелешка имаа за порастот на цените кај исхраната. Дел од жителите на Охрид и по неколку години не знаат дали денес имаат повисоки трошоци од порано. Запрашани дали денес се одвојуваат повеќе пари од домашниот буџет за расходи, креваат раменици....

Продолжи со читање

Нови мерки за поддршка на вработувањето на млади

Post Views: 152  Практиканство и обука за дефицитарни занимања се двете најнови мерки за поддршка за вработување на млади лица до 29 години. Овие мерки се спроведуваат во Агенцијата за вработување на Р. Македонија, а се дел од Европски проект од ИПА програмата. Марија Симјаноска, од охридскиот центар за вработување појаснува дека мерката практиканство е многу популарна и добар дел од младите ја занаат и ја имаат искористено, но ги имформираат и оние кои не знаат и сеуште не ја имаат искористено да се пријават во Агенцијата за вработување. „Една од мерките е практиканство, која...

Продолжи со читање

Обука за човекови права

Post Views: 282   Во тек е четиридневната обука на тема „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“. Претставниот на Советот на Европа, Борис Лазов рече дека на овој настан има 20 учесници, од кои 15 се судии и јавни обвинители а 5 мина се адвокати. „Целта на оваа обука за обучувачи е да произведе кадри кои што ќе можат понатаму да спроведуваат дополнителни обуки за членовите на нивните институции и организации значи за следните кои ќе слушаат обуки од адвокатската комора на Македонија и од Академијата за судии и јавни обвинители,...

Продолжи со читање

Жура: Најубавото сликарство на зоографите се во охридските пештерските цркви

Post Views: 204   Четирите ѕидови од работната соба на Гоце Ангеличин Жура, каде уредно почиваат неговите документирани бројни откритија за Охрид, претставуваат Центар на културата во Европа и светот. Пред се тоа се дела од теренската работа на Жура во текот на неговиот работен стаж во Завод и Музеј Охрид, но и приватно талкајќи по белиот свет по интересни и секогаш нови откритија. Неговите светски откритија најмногу се отсликуваат во неговите записи за пештерските цркви, за што годинава Жура очекува да излезе од печат и најновата книга од над 100 колор фотографии за пештерските...

Продолжи со читање