Автор: Николоска Биљана
Post Views: 5 Никола Затуроски, Момчило Аврамоски и Емел Папратник се имињата на можни кандидати за градоначалник, за кои деновиве се погласно се коментира во струшката чаршија. Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација, но претседателот на струшкиот комитет Перо Петкоски, рече дека сеуште немаат официјална информација околу тоа кој се учествувал на конкурсот за градоначалничката позиција и дека сеуште од нив не било побарано никаква консултација во врска тоа. ТВМ од партиски извори дознава, дека за претстојните Локални избори, ОК...
Алексиоски: Брзо одговараме на дефектите во градов
Post Views: 10 Неколку дефекти во водоснабдителната мрежа предизвикаа обилните врнежи од дожд што викендов го зафатија Охрид. Делови од градот останаа без вода за пиење и по неколку часови. Денес дефектите се отстранети и водоснабдувањето е нормализирано, пренесува директорот на МЈП „Проаква“ Владимир Алексиоски. „За време на викендов работевме на две места каде што имавме три дефекти и тоа на „Стив Наумов“ каде што имавме поголем дефект, кој што и подолго време го работевме. Тука се работеше за два вида профили на цефки 160 и 300 успешно е завршено и нормализирано е...
Заев: Македонија очекува да биде 30 земја членка во НАТО Алијансата
Post Views: 4 Под мотото „Интеграцијата е целта, соработката е начинот“ денес во Охрид се одржа состанок на министрите за одбрана на САД, членки на Јадранската повелба. Премиерот на Р. Македонија Зоран Заев кој учествуваше во работата на свечениот дел на Состанокот на министрите за одбрана во своето обраќање потсети дека Јадранската повелба беше мотивацијата што ги водеше земјите членки за рекордно време да ги достигнат стандардите за членство во НАТО, притоа изразувајќи жалење што Македонија во Букурешт остана пред вратата на Алијансата поради спорот со Грција, независно...
Годишно собрание на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ
Post Views: 13 Елегантни, уредни и горди, припадничките на понежниот пол на УЖ на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга и Вевчани, синоќа се собраа во Домот на културата Браќа Миладиновци и го одржаа годишното собрание. „Вечерва го заокруживме сработеното во изминатиот период, од октомври минатата година до денес“, истакна првата дама на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Струга Маре Бојчовска- Савеска.„УЖ работеше многу преокти организираше трибини од теми, политика, образование, социјала, економија, ги негуваше тредиционалните вредности, меѓуопштински дружења, соработуваме со многу НВО, се трудиме...
Во Охрид промовирана книгата „Говор на телото“
Post Views: 11 Говорот на телото, претставува една наука која ги открива намерите на телото на луѓето. Дел од тие тајни свое место најдоа на страниците на првата книга на македонски јазик „Говор на телото“ од проф. Зендел Абедин – Шехи. Абедин инспириран од препознавањето на намерите на луѓето, воедно и пренесувајќи ги искуствата исцрпени од патувањата во повеќе земји, одлучил во неговата книга да ги сподели добрите работи од карактерот на секој човек, односно како што и самиот кажува, секој од нас треба да го препознае добрите намери во другите, а лошите да ги игнорира. „Во...
Убавините на Златибор претставени во Охрид
Post Views: 4 Спортско рекреативниот туристички центар Златибор, за прв пат претставен пред туристичките работници во Охрид. Заменик претседателот на општина Чајетина, Арсен Џуриќ рече дека голем број гости од Македонија го посетуваат Златибор и смета дека добро би било да се зацврсти соработката и со најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид. „Покрај големиот број на сместувачки капацитети, Златибор навистина има голем број на содржини, ние сме и зимски и летен туристички центар и практично живееме преку цела година. Покрај ски центарот Торник, кој има 3 скијачки...
Вевчани пред јавноста
Post Views: 7 Вевчани е населба со четири уникатни карактеристики и три нишани. Се започнува од Културно научната манифестација, „Печалбарски денови“, формирана во далечната 1973 година, од група своевремено млади поети, ентузијасти од Вевчани, со една единствена цел, развој на културата на Вевчани. Претседателот на манифестацијата Сашо Бетоски, вели дека Мишо Китаноски е човекот кој е заслужен да се врати духот на манифестацијата која 13 години стагнирала, за да годинава повторно се издигне на заслуженото ниво. Додава, дека гордост е да се работи со вевчанецот Китановски,...
Охридските ракометари ќе се борат за пласман во плејофот
Post Views: 14 Во супер лигата за мажи, утре во 19 и 30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ охридските ракометари ќе си ги одмерат силите со Еурофарм Работник од Битола. Овој дерби натпревар од 11 тото коло е од исклучителна важност за охридскиот клуб вели претседателот на клубот Љупчо Танески. „ Победа на овој натпревар ќе значи и 90 % учество на РК Охрид во плејофот, ако е рано да се зборува за тоа“ Тренерот на РК „Охрид 2013“ Горан Андоновски, очекува сигурен пласман во плејофот. Тој рече дека и покрај тековните проблеми со кои се соочува клубот, бележат позива со многу...