Автор: Николоска Биљана
Post Views: 11 Двајца наши сограѓани со посебни потреби од денес полесно ќе можат да ги извршуваат нивните тековни обврски, благодарение на ангажманот на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ од Охрид. Претседателот на здружението Сашо Денесоски рече дека вредноста на донацијата која тие како здружение ја обезбедиле е 15 илијади евра, а ја реализирале во соработка со Мобилност Македонија од каде го добиле списокот на лица кои најмногу имаат потреба од вакви помагала. „ Денес усреќивме две семејства. На 15 декември имаме...
Нов пат Охрид – Св Наум бараат мештаните
Post Views: 8 Магистралниот пат Охрид – Св Наум е во многу лоша состојба. Големи дупки, уништен асфалт, застарени сообраќајни знаци, зарѓани и искорнати банкини а на критичните места и тесната коловозна лента, се само дел од опасностите кои ги демнат возачите на оваа сообраќајна делница. Овој пат е изграден далечната 1969 година и речиси 5 децении овој пат само се закрпува на одредени места. Ваквата состојба можеби е најлоша во населените места како што е тоа туристичката населба Пештани каде се почесто се случуваат сообраќајни незгоди. Мештаните бараат проширување на патот и...
Се празнува Мала Богородица
Post Views: 10 Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа. „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го...
Само со долгорочно решение може да се надмине проблемот со кучињата скитници
Post Views: 5 ЈП „Охридски Комуналец“ е првата адреса за поплаки на граѓаните околу проблемот со кучињата скитници. Директорот на ова претпријатие Љупчо Грданоски, смета дека потребно е што поскоро да се изнајде соодветното решение за овој горлив проблем, но и поголем и посериозен ангажман на сите релевантни институции. Грданоски вели дека тие веќе почнале да се подготвуваат за преземање активности во врска со кучињата скитници. „Комбето за заловување сеуште постои во ЈП со тоа што не е во исправна состојба. Даден е веднаш налог до раководителите на Р.Е. Механизација да се...
Изградбата на театар во Охрид на стенд бај
Post Views: 6 Нова театарска зграда е повеќе од потребна во туристичкиот бисер. Инфраструктурните подобрувања во постоечките објекти каде се одвива драмската уметност мора да биде приоритет на Министерството за култура, посебно за Охрид, смета Стрезо Стаматовски актуелниот директор на ЦК „Григор Прличев“. „ Официјалниот став на министерството досега е дека не е блокирана туку дека е паузирана работата во однос на инфраструктурата, подобрување во Охрид, за реконструкција на постоечката зграда, временски не можама да ви кажам до кога. Освен 2-3 театри во Скопје кои што се...
Уште еден Мауцкер во Охрид
Post Views: 8 Купишта отпад се трупаат на дел од патот во населба Бејбунар, Охрид на ул. АСНОМ и ул „Јордан Мијалков“. Откако патот што води до 110 ката остана само тампониран, а неасфалтиран, секојдневно, несовесни граѓани фрлаат секакво ѓубре, градежен шут и отпад. Во оваа населба каде што за краток временски период никнаа повеќе комплекси на станбени објекти, секоја уличка си има своја депонија, наместо уредно асфалтиран пристапен пат до влезовите на зградите. Жителите на овој потег ги повикуваат надлежните да реагираат час поскоро и сметаат дека создавањето на една ваквите...
Врвни резултати постигнаа младите танчери од „Соната“
Post Views: 3 Прекрасниот хип- хоп перформанс на десетгодишниот талентиран танчер Маркус Голев Мабуа, од студиото за танци Соната, му го донесе првото место на меѓународниот танцов натпревар „Dance fest Novi Sad 2017“. Маркус веќе две години учи професионален танц и смета дека во Соната и малку талентираните танчери можат да си го пронајдат своето место. Тој ги сподели впечатоците од неодамнешниот меѓународен натпревар кој се одржа во Нови Сад, Србија. „Да ви кажам не беше толку лесно, но јас немав трема бидејќи веќе сум научен и лесно ми е. Кога го кажаа моето име јас се...
Стружанец светски првак во кик бокс
Post Views: 8 Имињата на струшките спортисти се почесто на светската мапа на шампиони. Пред нецел месец титулата светски првак во полулесна категорија до 71 кгр, во кик бокс, ја понесе стружанецот Александар Наумоски. „Животот во Америка ми ги отвори портите кон успехот во кик боксот, успех со кој денес се гордеам“. Вака ја започна својата сторија светскиот првак во кик бокс, Наумоски. „Најдов една вежбална случајно во Америка и почнав да вежбам. Тренерот многу ме инспирира и така влагов во натпреварувачките води. Јас дури бев во Македонија се бавев со ракомет секогаш сум имал...