Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Лазаревска: Локалната власт наместо да го спречи таа помага во уништувањето на Охридското Езеро

Post Views: 127   Под итно да се спречи екстремното повлекување на водата од Охридското Езеро заради производство на струја, бараат охридските социјалдемократи. Пратеничката Жаклина Лазаревска кажа дека со вчерашната реакција на општина Охрид, на охридската јавност и станало јасно, дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата. „Општина Охрид мора да најде начин да стави крај на опустошувањето на езерото кое потсетуваме е заштитено...

Продолжи со читање

Пропаднат дел од асфалтот на ул. „Стив Наумов“ во Охрид

Post Views: 158   Пропаднат дел од асфалтот на ул. Стив Наумов во Охрид. Состојба е лоша подолг временски период, а дополнително кон тоа допринеле камионите со грозје кои во летниот период со денови стојат паркирани на оваа улца вели Шабан Шабаноски, кој живее на оваа улица. Шабаноски е револтиран на Локалната самоуправа на Охрид, вели дека неколку месеци оди кај надлежните од комуналниот сектор но досега освен ветувања не добил ништо. „Одам во општина да го направат патот, не го прави никој. Од месец октомври секоја недела одам таму, и тој Змејко вели ќе дојдам утре, утре…....

Продолжи со читање

Пушењето во охридските угостителски објекти под контрола

Post Views: 225   Забрната на пушењето во угостистелските објекти и на терасите е темата што последниве деновиве се актуелизира. Откако почнаа да се заградуваат терасите со церади, се земаше за слобода секој што е надвор да пуши, но засилените контроли за пушење во угостителстките објекти во изминативе денови од страна на државен пазарен инспекторат, по се изгледа ги исплашија угостителите, но предизвикаа и револт кај пушачите. Раководителот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалески вели дека забрането е пушење во угостителските објекти кои што не содржат дополнителна опрема, покриви...

Продолжи со читање

Симоноски со контраобвинувања кон Мирен Сон

Post Views: 140   „Градски Гробишта“ се огласи во врска со неодамнешните обвинувања упатени кон ова јавно претпријатие од страна на погребалниот оператор Мирен Сон. Директорот Зоран Симоноски сите укажувања од Мирен Сон, категорично ги отфрли како невистинити и лажни. Тој вели дека немањето греење во капела според него не е проблем, бидејќи можеле да се стават грејни тела, но смета дека таквото барање е неиздржано бидејќи просторите таму биле постојано отворени. Додека пак околу забелешките, дека во просторијата каде се врши подготовка на покојните лица од муслиманска вероисповед...

Продолжи со читање

Танасовден го слават и Балканските Египќани

Post Views: 153   Верскиот празник Св. Атанасиј Велики покрај православните христијани го слават и Балканските Египќани. Овој светец се смета дека е еден од најпознатите светци во христијанската религија, а Господ Бог му предодредил тој да се бори против мразот и студот. Околу симболиката зошто овој светец го слават и припадниците на заедницата на Балканските Египќани, за ТВМ открива хроничарот м-р Димитар Смилески. Тој кажува дека египќаните Танасовден го слават два дена, 30 и 3ви јануари. „Нивниот обичај се состои во тоа што тие за тој ден земаат еден петел го чуваат и го чекаат...

Продолжи со читање

Лоши хигиенски услови во просторијата каде се вршат дел од муслиманските обреди

Post Views: 152   Просторот каде што се извршува верски обред на покојниот кај лицата од муслиманска вероисповед, не ги исполнува потребните хигиенско – санитарни услови. Оваа забелешка ја изнесуваат од Приватниот погребален оператор Мирен Сон, кои деновиве испратиле и јавен допис до охридската градска власт. Проблемот се јавувал со водата, бидејќи не истекувала и често поради тоа просторијата се исполнувала со инсекти, на што реагирале и претставниците од Исламската верска заедница. Како што информираа од овој оператор, со овој проблем се соочувале подолг временски период, а исто...

Продолжи со читање

Самоиловата тврдина и Музејот на вода најпосетувани локалитети

Post Views: 130   Самоиловата тврдина и локалитетот Залив на коските односно Музејот на вода, сеуште се на врвот на најпосетувани објекти на Балканскиот Ерусалим, Охрид. Директорката на НУ Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска пренесува дека од отварањето на Музејот на вода до денес, локалитетот Заливот на коските е посетен од 370 000 туристи, додека пак Самоиловата тврдина од 2010 до денес е посетена од над 400 000 гости. Бунташеска посчува дека постои вредно културно наследство кое малку се нуди од страна на туристичките агенции и водичи. „Доаѓаат во комплекскот Перивлепта,...

Продолжи со читање

Зголемено нивото на Охридското Езеро

Post Views: 176   Неповолните временски состојби проследени со интензивини вренежи од дожд во изминатите денови ја променија вкупната хидролошка состојба на Охридско Езеро. Тоа резултираа со покачување на нивото водата, така што нивото на најголемиот природен басен во земјава е на 693,67 метри надморска висина или на 8 сантиметри од максималната дозволена кота. Изминативе денови нивото беше на само 5 сантиметри до максимумот. Еколозите предупредуваат дека засега не постои опасност, но состојбата мора будно да се следи, за да не се соочиме со последиците кои можат да настанат со...

Продолжи со читање

Светосавски ручек на србите кои живеат во Охрид

Post Views: 146   Светосавски ручек на србите кои живеат во Охрид. Традиционално и годинава Српската заедница во Македонија денеска го празнува Св.Сава, еден од најголемите српски празници. Св Сава се смета за еден од најзначајните личности на српската историја и основач на српската црква која го слави како светец. „Бидејќи Св Сава е голем празник, тој е многу голем светец, многу значаен за нас србите, бидејќи тој е првиот просветител во Србија, изградил прва црква, основал прва архиепископија во Србија, многу училишта, цркви, манастири…тој е многу благороден праведен и...

Продолжи со читање

Завод и Музеј и годинава со многу проекти

Post Views: 139   НУ Завод и Музеј Охрид денес ја презентираше програмата за работа за 2017 година. Истата е обемана, во законски предвиеден рок уредно е доставена до Министерствот за култура од каде е и одобрена. Директорката Тања Паскали Бунташеска очекува дека програмата успешно ќе биде реализирана. Во неа застапени се проекти од областа на заштита на културното наследство, музејската дејност, меѓународната соработка, издавачката и ликовната и галериската дејност, додава Бунташеска. „Ја завршуваме куќата на Коле Котуш, ќе се работи на кровот и фасадата на куќата од Ѓенекови...

Продолжи со читање

Во Охрид аплицирале над 400 корисници за обнова на документи за социјална помош

Post Views: 145   Утре петок 27 јануари е последниот ден за обновување на документација за остварување на право на социјална парична помош. Од Центарот за социјални работи истакнуваат дека обновата на докмунатацијата за примателите на овој вид паричен надомест е задолжителна, независно од тоа кога го оствариле правото на неа. Мира Врангалоска социјален работник во ЦСР Охрид вели дека постапката е стандардна а условите кои треба да се исполнат задолжителни. „Странката е должна да пријави промена во семејството дали тоа е семејна материјална, дали има регистрирано моторно возило....

Продолжи со читање

Наумоски: Од развој на спортски туризам нема ниту спорт, ниту туризам

Post Views: 133   Развојот на спортскиот туризам во градот, од кој нема ниту спорт, ниту туризам, е само фантазија на градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, обвинија од ОО на СДСМ Охрид на денешната прес конференција. Портпаролот Мишел Наумоски упати јавна критика, до актуелното раководство во градов, дека некои од спортските терени се под клуч и се приватни игралиушта за негување на спортскиот дух помеѓу членовите на ДПМНЕ, а место за обичните граѓани немало. „Наводните вложувања што криминалните структури на ДПМНЕ помпезно ги презентираа...

Продолжи со читање