Автор: Николоска Биљана
Post Views: 6 Дел по дел попушта објектот кој е во непосредна близина на Маларичната амбуланта во Охрид. Во оваа куќа живеат 4 фамилии, кои секој ден стравуваат дека таванот ќе им падне врз глава. Како што објасни Нафие Таир, условите за живот им биле катастрофално лоши, таваните и ѕидовите попуштале, имало огромна влага. Таа вели дека во овој објект се преселени од 1962 година, кога фатиле поплавте во Воска и до ден денес никој не ги прашал како живеат. Нафие посебно е револтирана што сеуште во строгиот центар на градот, односно во 21, кога врне, со чадор оделе во тоалет...
Џамтоски: Инвеститорот може да отпочне со изградба на Дом за стари лица
Post Views: 5 Пристапен пат до парцелата за изградба на Дом за стари лица во Охрид е единствениот проблем поради кој сеуште не е отпочнато со градба на Домот за стари лица во Охрид. Како што соопшти Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид средината на август месец годинава издадено било одобрение за градба, со кое инвеститорот односно градежната компанија АД Илинден, може да почне со реализација на овој капитален и долгонајавуван проект. „Најнов момент што треба да го посочам, она на што вие мислевте, е изградба на пристапен пат до самата парцела по кој ќе оди...
Битрак: Охриѓани се повеќе се заинтересирани за бански туризам
Post Views: 9 Велинград, Бугарија е место за незаборавен спа и бањски одмор. Малку има земји во Европа кои можат да се мерат со бугарската „моќ“ на банскиот и спа туризмот. Исклучителната богата разноликост на термални минерални извори со лековита вода и блато со право ја сместува Бугарија во веле сила во областа на здравствениот туризам. Велинград не е нова дестинација за Туристичката Агенција „Елида турс“. Елида Битрак вели дека во последно време има се поголем број на клиенти кои што се заинтересирани за банскиот туризам и користење на спа центрите. „И практиката покажува...
Период на превенција на овошките
Post Views: 17 Во овој период годината, на охридската црешна и е потребно да се искапи со бакарни препарати, укажуваат експертите по аграр. Тоа пред се е превентивно делување во зимскиот период, со цел на пролет да може да очекуваме органски здрав производ. Премачкувањето на стеблата се однесува на коскестите овошки, праската кајсијата а особено за црешната. Ванчо Стојаноски и годинава го споделува рецептот на течноста која се препорачува за капење на овошките, а која може да ја подготви секој земјоделец. „За околу 15 литри течност потребно е 3 до 4 кгр вар неизгаснета. Варта...
„Мала шмизла“ прво место на годинешнава тортијада
Post Views: 7 Прекрасна галерија на торти од охридските вешти домаќинки. Синоќа во хотелот Нова Ривиера во Охрид се одржа 21 та по ред „Тортијада“. Оваа манифестација која што е во организација на здружението на жени „Бисера“, е традиционална и од година во година мајсторијата на професионалките и аматерките се повеќе доаѓа до израз. И оваа година Мирјана Тодоровска наша иселеничка во странство беше покровител на Тортијадата, која обезбеди парични награди за првите три места во категоријата „Професионалки“ и исто толку и за втората категорија „Аматерки“, пренесува...
Урбанистичкиот развој на Охрид ќе го уредуваат врвни експерти од Архитектонски факултет
Post Views: 9 Идниот урбанистички развој на Охрид, во рацете на врвни експерти од Архитектонскиот факултет од Скопје. Општина Охрид, односно првиот човек на градот Јован Стојаноски, со оваа институција потпиша мемеорандум за соработка, ценејќи дека тоа ќе претставува основа за изработка на идната програма за урбанистичкиот развој на Охрид. Тоа подразбира сеопфатна и одржлива програма, појаснува портпаролоот на општина Охрид Томе Џамтоски. „Се разбира дека стана збор за соработка на повеќе нивоа, за соработка на различни проекти, беше разгледана една идеја, односно изработка на...
Легализацијата во Охрид бавно оди
Post Views: 5 Поголем дел од барањата на граѓаните за легализација на нивните бесправно изградени објекти се нерешени. Законот за третман на бесправно изградени објекти се применуваше во 2 фази, првата во 2011, втората од 2016 година. Многу е слаб процентот на решени предмети во втората фаза од примената на Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно некаде околу 4 посто. Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски информираше дека во втората фаза биле поднесени 3263 а биле решени 135 предмети. Одреден временски период се почуствува и застој во решавање на...
Советот на Дебрца нема да подржи иницијатива за изградба на депонија во Годивје
Post Views: 14 Советот на општина Дебрца нема да ја подржи иницијативата за изградба на регионална депонија во атарот на Годивско поле. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, појаснува дека во Законот за управување со отпад постојат одредби во кои јасно стои, за да се воспостави еден организиран систем за управување со отпад потребна е согласност од сите општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион. „Треба да се склучи спогодба и со таа спогодба понатаму треба да се дефинира како ќе се менаџира како ќе се управува со тој систем, значи Советот на општина Дебрца на...