Автор: Николоска Биљана
Post Views: 167 Охриѓани мрзнат при изведување, опело на покојникот. И покрај што капелата на градските гробишта има клима уред, истиот не е во функција. Подот кој е од мермерни плочки не ретко може да се забележи дека веднаш после миење замрзнува така што површината е лизгава, луѓето се греат на свеќите кои се палат до покојниот. Ова се само дел од забелешките кои како проблем пред целата охридска јавност ги изнесе менаџерскиот тим на приватното погребално претпријатие „Мирен Сон“. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски ваквите забелешки ги отфрла како невистинити. „Ова...
Варошани, синоќа и утринава остана без вода
Post Views: 130 Варошани, синоќа и утринава остана без вода. Причина за тоа е голем дефект на водоводната линија, која го напојува 1000 метри кубниот резервоар во непосредна близина на Самоиловата тврдина, кој локалитет се наоѓа на тешко пристапен терен. Техничкиот раководител на Р.Е Водовод, Сашо Сотироски соопштува дека дефектот настанал поради ниските температури. „Oд ниските температури на мали длабини доаѓа до замрзнување на површинските делови од ПВЦ материјалот на водоводната линија и се намалува протокот на вода, каде што низ овие тесни грла доаѓа до пукање на цевката“. Сотироски...
Бакрачески очекува добра туристичка сезона, но и посетеност на градот преку цела година
Post Views: 125 Јануари е најбогатиот месец со празници. За време на новогодишните, но и за повеќето верски празници, туристичкиот бисер Охрид беше преполн со туристи. Тое во суштина е и првиот показател дека на градот му претстои добра туристичка сезона за 2017 година, смета првиот човек на градот Никола Бакрачески. Статистиката на републичкиот завод како и на општинскиот Сектор за туризам покажуваат одличен тренд на бројот на ноќевања и бројот на гости кои што престојуваат во Охрид во текот на целата година, вели градоначалникот. „И тоа е нашиот концепт, нашата стратегија...
Бакрачески: Денот на рибарите станува препознатлива и уникатна охридска традиција
Post Views: 229 Охрид денес го одбележа Денот на рибарите. На овој ден рибарите традиционално го прават ритуално капење во ладните езерски води, за здравје, среќа и за бериќет. Настанот, Локалната самоуправа на Охрид го организира по повод празникот Свети Јован Крстител. За присутните се служеше вино и топла ракија, но и традиционалната „повеќетонска“ рибна чорба за чие приготвување беа задолжени 10 ученици и 7 наставници од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. „Имаме околу 1 100 литри вода, околу 400 килограми риба, зеленчук, итн …или некаде околу 1500 литри...
Петар Рупев е среќниот фаќач на крстот
Post Views: 152 Варошанецот Петар Рупев е среќниот фаќач на чесниот крст на годиниешната црковно народна манифестација Богојавление – Водици 2017. Граѓани од сите краеви на државава и гости од странство во голем број на градското пристаниште присуствуваа на положувањето на крстот во езерските води. Стотина верници скокнаа по Светиот крст, но најсреќни и оваа година беа варошани. Нивната многубројна група посебно младите варошани се делат на тајфи кои го обиколуваат целиот град, со цел светиот крст да влезе во секој дом да се освети. Рупев верува дека и оваа година, ќе му биде...
По шести пат на Сараиште имаше групно крштевање на Сараиште
Post Views: 145 Десеттина граѓани денес ја примија светата тајна крштение во осветените езерски води. Традиционално на Сараиште и годинава се одржа групното крштавање по шести пат на големиот христијански празник Богојавление кога е крстен спасителот Господ Исус Христос. 12 граѓани од Охрид, Прилеп, Скопје, но и од Мала Преспа, Албанија станаа членови на Светата соборна и апостолска црква. „Навистина овие денови се многу радосни, но најголемата радост денес овде на Сараиште ја почуствувавме сите и јас како православен свештеник, но и оние кои ја примија светата тајна крштение...
Советот за безбедност додели благодарници
Post Views: 158 Општинскиот Совет за безбедност на патиштата бележи успешна година преку реализација на бројни проекти и активности во 2016 год. Претседателот на Советот за безбедност Стефан Димоски одржа состанок на кој беа доделени околу 50 благодарници за сите партнери кои соработуваа со ова општинско тело. „Во текот на минатата година ние како совет реализиравме околу 20 тина проекти и кампањи насочени кон сите целни групи и кон општата јавност. Целта на овие проекти кои што ги реализиравме со сите партнери на кој што денеска им се заблагодаривме за соработката е подигнување...
Охрид домаќин на петтата меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми
Post Views: 150 „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“, е темата на петтата Меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми. На неа наредниве три дена ќе бидат претставени истражувања и сознанија од областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјата на уметност, филологијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките...
Во тек е пријавувањето на фаќачите на чесниот крст за Водици
Post Views: 138 Тече пријавувањето на граѓаните кои на Водици, за здравје но и да си ја пробаат среќата, ќе скокаат во студените езерски води по чесниот крст. Од Дебарско – кичевската епархија информираа дека испечатени биле околу 600 маици од кои 300 биле донација на фармацевската компанија „Зегин“, а останатите од општина Охрид како и брошури кои веќе се делат на оние кои доаѓаат да се пријават. По повод одбележувањето на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“ прецизирана е и програмата на сите настани кои се предвидени за време на трите дена додека трае...
Судбината на Галичица се решава на празници!
Post Views: 173 Судбината на Нкционалниот парт „Галичица“, да се решава меѓу Новогодишните и Божиќните празници претставува провокација. Ваквата критика доаѓа од граѓанската иницијатива СОС од Охрид, и воопшто од невладиниот сектор, кои на денешната јавна расправа околу измените во Планот за управување со Националниот парк Галичица и реализацијата на 5-те проекти во рамки на строго заштитената зона во националниот парк, се одзваа во голем број. Борка Ковачевиќ, консултант на НП Галичица, пренесе дека стратешката оцена е изработена од ГИМ и ревидираниот извештај кој денес беше...
Пукна хидрант во Трговскиот Центар Градско Пазариште
Post Views: 133 Од студеното време пукна хидрант во трговскиот Центар „Градско Пазариште“. Неколку минути огромна количина на вода прскаше од цевката на овој уред. И покрај тоа што беше заштитена со ткаенина цефката попушти поради температурата која деновиве паѓаше длабоко под нулата. Екипата на Работна Единица на Водовод пристигна неколку минути после дојавата. Раководителот на дистрибуција за вода Влатко Иваноски, во телефонска изјава за ТВМ истакна дека ваквите проблеми биле очекувани и сметаат дека нивниот број ќе се зголемува. „Сите екипи работат на отстранување на дефекти...
Скрческа: Сметот се подига во отежнати услови
Post Views: 133 Дел од граѓаните незадоволни од комуналната хигиена во Охрид . Велат дека има делови од градот во кои камионите на ЈП „Охридски Комуналец“ не поминале после празниците , сметот не се подигал подолго од една недела. Директорката на комуналното претпријатие Елена Скрческа смета дека тие работат согласно законските обврски и техничките можности, при тоа признава дека се соочувале со проблеми поради временските услови. „Подигањето на сметот го вршиме во отежнати односно во зимски услови и поради тоа не можеме навремено да го подигнеме насекаде. На главните улици...