Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Се е подготвено за манифестацијата Богојавление – Водици

Post Views: 154   При крај се подготовките за организацијата на најголемата верска манифестација во Охрид, Богојавление – Водици. Денес во малата сала на општина Охрид се одржа состанок на координативното тело во присуство на сите институции, граѓани и поранешни фаќачи на крстот кои несебично секоја година ја поддржуваат општина Охрид во организацијата на овој настан. „Целата манифестација ќе се одвива во три дена, односно започнува на 17 јануари со документарниот филм на нуркачкиот клуб Амфора. Потоа на 19 е духовниот дел, односно фрлање на светиот крст во водите на Охридското...

Продолжи со читање

Садик: За еден миг исчезнаа сите спомени од детството

Post Views: 136   За еден миг исчезнаа сите спомени од детството. Пламените јазици проголтаа се што имав досега стекнато точно на денот на мојот роденден, раскажува Музафер Садик. Вчера додека братот, сестрата и внуката се подготвувале за ручек како што раскажа Садик, почуствувал мирис на чад. Веднаш, излегол надвор да види што се случува. Забележал голем пламен од оџакот и веднаш сватил дека не може да се справи со огнот кој буквално пред негови очи ја проголтал куќата во Карабегомаало на улица „Даме Груев“ . „Планиравме нешто…онака колку што дозволува буџетот да го прославиме...

Продолжи со читање

Ќе се модернизира шеталиштето во Охрид

Post Views: 154   Охридското шеталиште или Кејот Македонија, ќе се реконструира, обелоденува секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Тоа е предвидено за наредната година, согласно  Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2016 година, која ја усвои Советот на општина Охрид. „Општина Охрид со сопствени средства  во рамки на буџетот за 2016 год предвидува постапка за изградба на градскиот кеј во Охрид, нов модерно уреден кеј….исто така во овој буџет се предвидуваат и средства за изградба на пешачка патека покрај каналот до Билјанини Извори. За кејот веќе...

Продолжи со читање

Охриѓани внимателни на мразот

Post Views: 138   Охриѓани внимателни на мразот. За време на Божиќните празници кои се совпаднаа со студениот бран кој ја зафати нашата земја здравствените служби во Охрид примиле случаи со скршеници поради мразот, но значително помалку од минатите зими. Најчести пациенти, и понатаму се болните од грип, информираат од итната медицинска служба во Охрид. Раководителот Горан Силјаноски пренесува дека за време на празниците биле регистрирани 76 повици од кои 23 пациенти биле со грип и вирози. „Во дежурната служба на Итната медицинска помош помош побарале околу 300 пациенти од кои...

Продолжи со читање

Ниските температури ги зголемија дефектите во водоводната мрежа

Post Views: 136   Ниските температури кои во вечерните часови достигнуваат до дваесеттина степени под нулата ги зголемија водоводните дефекти во градов. Смрзнати и испукани водоводни цевки, пукнато стакло на водомери во куќите, зградите, се најчестите дефекти кои предизвикуваат штети кај многу охридски семејства велат од МЈП Проаква Р.Е.Водовод Охрид. Влатко Иваноски раководителот на дистрибуција на вода вели дека дневно имаат над 10 интервенции. „Се работи за водомери кои што не се доволно заштитени, пожелно би било водомерите да се покриени со стиропор со ткаенини, имаме проблеми...

Продолжи со читање

Бакрачески: Кај некогашното Поштенско одморалиште предвидено е изградба на хотел

Post Views: 131   На местото од некогашното Поштенско одморалиште во централното градско јадро, наместо станбен комплекс, најверојатно ќе се гради хотел. Такви се најавите на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Тој убедува дека во последниве 4 години во делот на урбанизација на централното градско подрачје и старото градско јадро не се случува ништо. Бакрачески вели дека мора да сме начисто околу прашањето на експанзивна и неуредна урбанизација во периодот од 2000 до 2013 и од 2013 до сега. „Во јавноста се наметнува вештачка тема дека урбанизацијата на Охрид во централното...

Продолжи со читање

Денес се слави Божиќ

Post Views: 129   „Денес Христос се раѓа во Витлеем од Дева;Денес Беспочетниот влегува во времето,и Словото се воплотува. Небесните силисе радуваат, и земјата со луѓето се веселат“. Денес се слави Божиќ. Православните христијани денеска го одбележуваат Рождеството Христово. Суштината на Божиќ е во љубовта, простувањето и милосрдието, а не во формата, која секако е одраз на суштината, но која ништо не значи доколку не го шири духот на љубовта и милосрдието, вели отец Димче Азески. Тој забележува дека од година во година се отргнуваат обичаите кои не се вкоренети длабоко во православната...

Продолжи со читање

Хуманитарна акција на охридските Ротаријанци

Post Views: 134   Хуманитарна акција на охридските Ротаријанци. На градскиот плоштад претставници Ротаракт клубот делеа вино и сирење. Тие од оваа година започнуваат нова хуманитарна мисија, односно да се донира средства за оние на кои им е најпотребна помош, појаснува Весна Цветаноска. „Целта на денешната акција е во духот на големиот Христијански празник Божиќ да донираме средства за нашата сограѓанка Јана Арсовска која што треба да го продолжи нејзиниот медицински третман во Германија. Ги повикуваме хуманите граѓани да донираат бидејќи тоа е целта и смислата на овој голем христијански...

Продолжи со читање

Охридските коледарчиња го најавија Христовото раѓање

Post Views: 128   Традиционално и годинава во Охрид се одржа Бадниковата литија. Студеното време не беше пречка пријавените учесници да ја следат поворката која тргна од пред црквата Св.Ѓоргија. На градскиот плоштад каде што беше поставена Бадниковата пештера, децата беа пречекани од претставници на Советот на општина Охрид, пратениците од ВМРО – ДПМНЕ како и од директорите на ЈП. Претседателката на советот Гордана Коњаноска истакна дека денешниот христијански празник го најавија околу 250 дечиња пеејќи ја песната Вечниот Бог низ охридските улици. „Ние секако го живееме животот...

Продолжи со читање

Бакрачески: Еколошките друштва пред УНЕСКО даваат погрешна слика за заштитеното наследство

Post Views: 144   На 40-то заседание на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Истанбул и официјално била искажана загриженоста за иднината на охридскиот регион и неговото природно и културно наследство под напливот на големиот број планирани т.н. „развојни проекти“. Од УНЕСКО било јасно потенцирано дека Охрид наредната година може да се најде на листата на градови во опасност, која е само еден чекор пред одземањето на статусот на светско културно наследство на овој македонски град. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески пак, смета дека состојбата не е толку алармантна. „Далеку...

Продолжи со читање

Бакрачески: 2016 година рекордерр по воведување на авио линии

Post Views: 144   Годинава која што изминува е рекордер по воведување на авио линии на охридскиот аеродром. Ваквиот тренд ќе продолжи и во престојната 2017 год открива првиот човек на градот Никола Бакрачески. Тој вели дека повеќе од очигледни се нивните резултати кон создавање на услови за нови авио линии, бидејќи силно се посветени на развојот на туризмот. „Јас се надевам дека тој тренд ќе продолжи во 2017 и дури ќе бидат зголемени бројот на летови кон охридскиот аеродром. Барем такви се најавите на ТУИ, Томас Кук, Аркиа, чешката Чедок и од скоро време на полскиот тур оператор...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за најлудата ноќ

Post Views: 131   Почна одбројувањето на часовите до најлудата ноќ. Балканскиот бисер Охрид, подготвен е за дочек на Новата 2017 година под отворено небо на градскиот плоштад. Украсен во новогодишно руво, со голема елка во центарот, многу светлечки елементи низ целиот град, како и друг празничен декор, Охрид ги очекува илјадниците гостите кои одлучиле најлудата ноќ да ја минат на охридското крајбрежје. Првиот човек на градот Никола Бакрачески истакна дека вложиле максимален напор за разубавување на градот онака како што доликува за еден познат туристички центар, кој се стреми да...

Продолжи со читање