Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Кој ќе го има мнозинството во советот на општина Охрид

Post Views: 11 Кој ќе го има мнозинството во советот на општина Охрид? Дали функционирањето на советот ќе биде на климави нозе беа дел од прашањата од медиумите денес, на конституирањето новиот совет на општина Охрид. Советот го сочинуваат 11 советници од СДСМ и коалицијата, 10 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и два советника од коалициајта ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Градоначалникот на Охрид, проф. Јован Стојановски рече дека демократски напредок е градоначалникот да работи и во средина во која го нема мнозинството на советници или со лабаво мнозинство на советници. „Јас...

Продолжи со читање

Конституиран новиот совет на општина Охрид

Post Views: 8 Конституиран е новиот совет на општина Охрид. Новите 23 советници денес на церемонијалната седница дадоа свечена изјава во која јасно ја изразија својата волја дека ќе ги штитат интересите на граѓаните кои ги избрале да раководат со општина Охрид наредните 4 години. Градоначалникот проф. Јован Стојаноски на советниците им порача да бидат сложни и да имаат разбирање за барањата на граѓаните, за кои имаат обврска да ги исполнат. „Чест е, а воедно и голема обврска претставува за секој советник да биде избран од народот да ги претставува ставовите барањата на...

Продолжи со читање

Инфо ден во Охрид за програмата „Еразмус плус

Post Views: 4 Денес во големата општинска сала беше претставена прогамата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“. Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кои се и организатори на настанот Инфо ден, кажаа дека задоволни се од одзивот на Охрид и Универзитетот „Св Апостол Павле“. Програмскиот офицер Александар Богоевски рече дека во 2009 година имало само пет студенти кои реализирале студенски мобилности надвор од нашата земја, за да академската 2017 – 2018 има повеќе од 500...

Продолжи со читање

Се враќа довербата на граѓаните за штедење

Post Views: 13 Штедењето, односно чување, одложување на средствата или ограничување на трошењето е од огромно значење за постигнување на поголеми економски или други цели на поединецот, семејството или општеството. Да се заштеди пари е добар чекор но колку денес може да се постигне тоа. За охриѓани речиси е и невозможно да заштедат некој денар барем според дел од испитаниците во нашата анкета на тема: Дали штедите? Милчо Митрески директорот на Охридската експозитура на НЛБ Тутунска Банка, пак вели дека изминатиов период политичката криза и нејзините импликации во случувањата...

Продолжи со читање

Реновирана сала, нерешен меч

Post Views: 6 Струшките општински функционери за кратко ги соблекоа своите официјални оддела и облекоа дресови. Причина за тоа пријателскиот меч во фудбал помеѓу општината и екипата на УНДП, а повод за натпреварот реновирање на дел од општинската училишна сала на струшката гимназија „Нико Нестор“. Градоначалникот Рамиз Мерко рече дека во спортот нема пораз, само победа. Додаде дека реновирањето на салата било неопходно, за што и помошта од 700 000 денари од УНДП  била добредојдена.  „УНДП помогна со средаства а општината со работна рака“-вели Мерко.Екипата на УНДП, беше во добра ...

Продолжи со читање

Трајановски: Нема да дозволиме да се постави антената

Post Views: 4 Протест на влашкамаалци. Синоќа мештаните од Горна Влашка маала излегоа на улица повикувајќи го мобилниот оператор ВИП да ја тргне базната станица која ја поставуваат на приватен објект во близина на училиште и градинка каде дневно гравитираат над 1500 ученици. Петар Трајановски очекува дека овој проблем ќе се реши на еден мирен и цивилизиран начин. Без да има потреба од преземање на дополнителни и порадикални мерки. „Нема да дозволиме да се постави антената. Ние бараме отстранување на конструкцијата, а да не зборуваме за поставување на антена“ . Јоне Станкоски...

Продолжи со читање

Секој петок средби со Затуроска

Post Views: 5 Поплаките за невработеноста, најбројни во бележникот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска од Струга. Од досега остварените средби помеѓу граѓаните и пратеничката, стружани најмногу од неа бараат да им го реши егзистенционалниот проблем односно  вработувањето. Затуроска кажа дека нејзината пратеничка кацеларија во овој дел не може да излезе во многу во пресрет, но работи на процесуирање на нивните барања до институциите надлежни за тоа.  „Во изминатиот период начинот на кој што ги решававме нивните проблеми, беше, да ги земаме нивните...

Продолжи со читање

До средината на месец декември Охрид ќе добие јавни тоалети

Post Views: 16 Охрид конечно ќе добие јавни тоалети. На двете предвидени локации, едната во централното градско подрачје позади Амамот, другата кај Горна Порта, избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Мирјана Лозаноска, дирекоторот на Центарот вели дека во проектот за подобрување на туристичките услуги со поставување на јавни тоалети, свој удел има и Локалната самоуправа на Охрид. „И...

Продолжи со читање