Автор: Николоска Биљана
Post Views: 4 Денес беше отворена првата мртовечница во Охрид. Станува збор за современо уреден објект кој ги исполнува Европските стандарди, велат од погребалниот оператор „Мирен Сон“. Денис Шибакоски, открива дека оваа дејност требало многу порано да функционира во нивното претпријатие, бидејќи условите во кои работеле досега само ја усложнувале оваа активност, бидејќи биле принудени починатите лица да ги носат во ладилниците во Скопје и Битола. Даниела Кузмановска вработена во ова претпријатие појасни кои се олеснителните околности, од кои се разбира најголем интерес би...
Колекторскиот систем, изградба на марина и екологијата, теми на пресот на кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ ТилевскиЗаштита на езерото марина
Post Views: 4 Рехабилитација и надградба на колекторски систем, пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца , Рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во Охридскиот регион, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Митко Тилевски. Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности, кажа Тилевски. „Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба...
Јованоски: Охрид да биде отворена и услужна општина
Post Views: 1 Охрид да биде отворена и услужна општина, била една од главните цели на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, истакна кандидатот од оваа советничка листа, Филип Јовановски, на денешната прес конференција. Јованоски рече дека во нивната програма предвидено било развојот на Охрид да биде со максимална употреба на паметни технологии, со што ќе се овозможело граѓаните на Охрид да добиваат побрзи и поквалитетни услуги од јавната администрација. „Паметниот урбанистички развој на градот обезбедува максимален квалитет на живот со минимално трошење на ресурсите....
Бакрачески: 100 паркинг места во центарот на Охрид
Post Views: 9 Денес градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески изврши увид на проектите кои што се во тек, а кои што се изведуваат од страна на Локалната самоуправа. Бакрачески најпрво се осврна на современиот затворен градски пазар. Според него пазарот ќе биде изграден во предвидениот рок за градба, со што ќе биде реализиран еден крупен проект кој години наназад им бил ветуван на граѓаните на општина Охрид. Исто така Бакрачески откри и детали за проектот околу изградбата на современата автобуска станица. „Со проектот кој што ние постојано го презентиравме укажувавме дека во...
Раздолжувањето на Охрид уште една предизборна лага на СДС Охрид, обвини Шикоски од ВМРО – ДПМНЕ
Post Views: 6 Времето на празни ветувања и продавање магла заврши. На граѓаните им е потребен градоначалник кој ќе ги решава нивните проблемите и ќе работи во нивен интерес, а не градоначалник кој што со од ракав истресени и слаткоречиви ветувања се обидува да ги прелаже граѓаните, истакна кандидатот за советник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Дејан Шикоски. Тој рече: „ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува кандидатот за Градоначалник на СДС Јован Стојаноски дали тој и неговата партија го променија ставот околу раздолжувањето на Охрид, за кое во медиумите тврдеа дека...
Охрид со низа активности го одбележува 11 ти октомври
Post Views: 10 Да го сочуваме нашето и да се стремиме кон доброто, порача градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на свечената седница посветена на 11 ти октомви, денот кога го славиме македонскиот непокор. Тој рече дека денес горди на визијата, храброста и пожртвуваноста на основачите на македонската револуционерна борба, уште еднаш силно го чуствуваме нивниот слободарски дух и чекориме сигурно по заветот што ни го оставија, завет кој се темели на исконската желба за слобода и независност на Македонија. „Охрид бил дел од историските настани кои ја одредиле иднината на...
Годинава помалку сообраќајки во летниот период
Post Views: 8 СВР Охрид во текот на годинешнава туристичка сезона бележи помалку сообраќајни незгоди во споредба со лани. Аналитичките податоци на Секторот говорат дека во месеците јули и август се случиле 70 сообраќајни незгоди, додека во истиот период лани, биле регистрирани вкупно 78, како што информираше Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Од оваа севкупна бројка индикативно е дека во овие два туристички месеци немаме сообраќајни несреќи со жртви додека во истиот период лани евидентирани се две тешки сообраќајни незгоди со 4 починати лица за жал. Меѓу другите...
Двајца кандидати за градоначалник од Охрид потпишаа договор за соработка со граѓанските организации
Post Views: 10 Денес во Охрид се одржа настанот „ОБВРСКА СЕГА! ЗА ДЕНОТ ПОТОА“. Како што информираше координаторот на граѓанскиот сектор на Охрид Елена Михајловска, иако времето било многу кратко, тие успеале да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор со цел креирање на барања во различни области кои ќе бидат претставени пред кандидатите за градоначалници во нашата општина. „Со потпишување на барањето од граѓанскиот сектор кандидатите за градоначалник прифаќаат штом ја добијат довербата од граѓаните да се формираат мешани работни групи од општинската...