Автор: Николоска Биљана
Post Views: 161 Македонија најголем дел ја напуштаат млади едуцирани граѓани со завршен факултет. Тоа го зборува анализата направена со реализација на меѓународниот проект „Развој преку комуникација“. Овој проект како што појаснува проф. д-р. Златко Николовски, претседател на Центарот за информативна поддршка, бил поддржан од Цивика Мобилитас, а се реализирал во Македонија и Швајцарија. Проф. Николовски истакна дека поддршката на Цивика Мобилитас им дала можност подлабоко и посуштински да ги анализираат причините за иселување од една страна, додека пак од друга страна да се задржат...
Дебрца руралниот туризам ќе го развива со уредување на локалитетот „Сини вирој“
Post Views: 119 Ќе се гради пристапен пат до локалитетот „Сини Вирој“. Тое е предвидено со проектот за развој на рурален туризам за кој проект општина Дебрца денес ја прими проектната документација, од страна на Министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон. Градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски во телефонска изјава за ТВМ истакна дека овој проект за нив како општина е од исклучителна важност, бидејќи покрај што ќе се уреди еден локалитет, истиот ќе претставува атракција која ќе може да влезе во туристичката...
Започна изградбата на современиот автобуски терминал
Post Views: 119 Денес беше означен почетокот на градежните активности за изградба на новата автобуска станица во Охрид. Со тоа ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на градот и бројните туристи, кои автобускиот превоз досега го чекаа на обична асфалтирана површина во несоодветни услови, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека компаниите кои придонесуваат за развој на локалната економија во градот и создаваат услови за креирање на нови работни места се добредојдени, бидејќи ја исполнуваат стратешката определба на општина Охрид. „Од овде ја започнуваме...
Додоски: Внимателно на планина во зима
Post Views: 191 Неедуцираноста за движење во планина најголема опасност за сите љубители на планината, посебно во зимски услови. Во Охрид одлично функционира Единицата за спасување во планина која брои околу 30 волонтери од кои 10 алпинисти а останатите се подготвени искусни планинари. Антонио Додоски укажува на можните опасности со кои може да се сретнат рекреативците но и професионалците кои се искачуваат на географски места над 1500 надморска висина каде што владеат субалпски услови. „Многу често се случува несоодветната опрема да е причина за настанување на некои од несреќите...
Внимателно на големите ударни дупки
Post Views: 178 „Карпош Војвода“, „7 ми ноември“, „Туристичка“ се само дел улиците во градов, каде има големи ударни дупки. Возачите кои често минуваат по овие улици ги знаат овие дупки па се трудат вешто да ги избегнат, но сепак не успеваат секогаш, посебно кога од спротивна страна наидува друго возило. Но има и такви кои прв пат поминуваат низ овие улици, дирекно удираат во нив и често се случува да ги скинат гумите. Според најавите на првиот човек на градот Никола Бакрачески, тешко дека до крајот на оваа година истите ќе бидат санирани. „Оваа година општина Охрид ја заврши...
СВР Охрид подготвени за зимската сезона
Post Views: 112 ЈП „Македонија Пат“ подружница Охрид и оваа зима без потребната механизација. Дополнително чекаат ризла и сол, а во моментов ЈП располага со резерви од минатата година. Исто така чекаат да помине тендерот на централно ниво за да добијат на заем уште две возила и 3 машини за чистење на снег. Додека пак од СВР Охрид велат дека се подготвени за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период, само чекаат од останатите институции, ажурирани планови со комплетни податоци за активностите околу одржување на патиштата. Како што појснува полицискиот гласноговорник...
Охрид освојува нови туристички пазари
Post Views: 105 Во интерес на економскиот развој, Охрид има што да понуди и знае како да привлече туристи. Модерните трендови се повеќе го наметнуваат активниот туризам, односно туризам каде гостинот сака да види повеќе дестинации и повеќе туристички производи кои се нудат во регионот. Регионалните пристапи кон привлекувањето на туристи и заедничко излегување на пазар се особено значајни во тој дел сметаат од Секторот за ТЛЕР. Претстои претставување на Охрид на меѓународниот саем за туризам во Солун, на 18 ноември, но овој пат во заедно со градови од неколку земји од регионов,...
Звучна библиотека во Охрид
Post Views: 115 Незаборавните наслови на романи „Време на црвените рози“,„Пиреј“, „Пасквелија“, „Големи и мали“, „Прличев горд самиот“, „Црно семе“, „Гоце Делчев“, „Автобиографија на Григор Прличев“ и „Крпен Живот“, пренесени на аудио звук на ЦД издание. Од денес во рамки на охридската библиотека „Григор Прличев“ функционира звучна библиотека, проект кој го уреди новинарот Милчо Јованоски, а носител е Елена Долоска, која се јавува како наратор на ЦД изданијата и Сузана Стојкоска исто така во улога на наратор, како што појасни директорката на установата Александра Белевска Танеска....
Половина средства од ИПА линијата за социјална заштита не се искористени
Post Views: 107 Голем дел од средствата од ИПА фондовите наменети за социјална заштита не се искористени. Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, организира обуки за вмрежување на Центрите за социјална работа со невладините организации. Како што појаснува Христијан Петрушев, помлад истражувач во Институтот за демократија, целта е центрите и невладиниот сектор заеднички да аплицираат за проекти, како би се искористиле сите средства од ИПА фондовите кои се неповратни. „Средствата кои што се од оваа линија за социјална заштита би можеле да се искористат во насока...
Без вода жителите на Свињишта
Post Views: 110 5 дена мештаните на Свињишта немаат ни капка вода. Овој проблем е сериозен, велат жителите на ова село, кои потенцираа дека проблемот со водата и слабиот притисок го имаат во текот на цела година. Како точно стојат работите околу оваа проблематика не запозна претседателот на М.З. Цане Јованоски. „Претежно оваа година и зимоска немаше вода, ајде да кажеме летно време повеќе се троши, дали има проблем со цевките дали некаде се затнати не знаеме што е работава.Тие цевки што ги ставија во подножјето, тие ставија стари цевки, тие уште тогаш беа рѓосани, тие беа употребувани...
Силен ветер го зафати Охрид
Post Views: 121 Жителите на Требеништа ноќта ја поминаа без струја. Утринава како што тврдат мештаните биле испопаднати неколку дрва и гранки, а исто така и електрични столбови. Причина за тоа е силниот ветер кој што синоќа го зафати охридскиот регион, вели Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН. Тој дополнува дека прекини во снабдувањето со струја имало и во Горенци односно индустриските објекти во негова близина, мал дел од село Лабуништа и Дрмени, но проблемот бил решен, екипите успеале да ги отстранат дефектите. „Останува уште да се пушти електрична енергија за дел од корисниците...
Денот на ослободувањето на Охрид, го одбележаа и најмладите, во реконструирани простории
Post Views: 108 Денес градоначалникот Никола Бакрачески пресече црвена лента во централниот објект на детската градинка Јасна Ристеска. Повод за тоа беше пуштање во употреба на реконструираните и реновирани простории од овој објект. Бакрачески истакна дека со реконструкцијата на дел од објектот добиле простории кои ги задоволуваат хигиено – епидемиолошките услови за работа. „За таа цел заедно со Југозападниот плански регион дефиниравме како приоритет за оваа година да биде токму реконструкцијата на оваа градинка како дел од програмата на Југозападниот плански регион за изградба...