Автор: Николоска Биљана
Post Views: 119 72 генерации растат во слободна Македонија и Охрид, благодарение на хероите од НОБ, благодарение на хероите од епската четиригодишна борба, истакна градоначалникот Никола Бакрачески на свеченоста по повод ослободувањето на Охрид. Бакрачески рече дека имињата на Јасна Ристеска, Вељан Најдовски, Момчило Јорданоски, Петре Секулоски, Јоне Дескоски и уште плејада млади партизани кои ги положија своите животи за слободен Охрид, се вечно врежани во колективната меморија на охриѓани, како едни од најголемите херои кои ги дал овој град во својата историја. „Овој датум...
Вдомување на кученца
Post Views: 109 Викенд акција за вдомување на мали слатки миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид членовите на Анималија, здружението за заштита на животни, организираа акција за вдомување на мали кученца. Анастазија Димзовска која со нескриени страсти зборува за кученцата вели дека акцијата има за цел да им се обезбеди дом на што е можно повеќе кучиња, бидејќи доаѓа зима, а кученцата ќе бидат осудени на страдање, глад и смрт на улица. „Многу кучиња ни се насобраа и едноставно не можеме да ги донахраниме со наши трошоци. Исто така овие малечки да се вдомат пред да пораснат,...
Ќе се гради катна гаража или не?
Post Views: 108 На просторот кај паркингот на градскиот пазар согласно урбанистичко планска документација предвидена е изградба на катна гаража. Донесувањето на одлуката за надоместок за експропријација на недвижност за изградба на катна гаража, кај дел од советниците побуди сомнеж. Советникот Кујтим Усеини укажа дека за истото место пред неколку години веќе се гласало. „Ние лично, јас, со колегите од прошлиот состав гласавме за катна гаража, таа иста зграда што има дуќани, станови и деловни простории. Што сега ќе биде таа, ќе биде истата? И сега гласаме и ќе гласаме не е проблем,...
Нема доволно јавни тоалети на градските гробишта во Охрид
Post Views: 116 На охридските градски гробишта нема јавни тоалети. На ова до нашата редакција се пожалаа неколку граѓани на Охрид. Тие кажаа дека не ретко се случува да се најдат во непријатна ситуација, поради тоа што се сведоци дека некои граѓани од немајкаде поради зорт вршат физиолошки потреби во природа односно во дадениов случај врз гробните места. За тоа дали има доволно тоалети кои функционираат во градските гробишта и дали има потреба од дополнителни вакви објекти одговор побаравме од директорот на ЈП „Градски Гробишта“Зоран Симоноски. Во краткиот телефонски разговор...
Зголемен бројот на охриѓани кои ги проверуваат своите податоци во избирачкиот список
Post Views: 141 Зголемен е интересот на охриѓани за увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Деновиве во подрачната единица на ДИК, како што информираше раководителот Марга Димкоска, фрекфенцијата на луѓе кои ги проверуваат сопствените податоци е поголема во споредба со минатиот увид. Досега подрачното одделение го посетиле над 70 граѓани. Исто така според Димкоска од вчера во пораст е и бројот на граѓани кај кои записите во избирачкиот список се спорни. „Од вкрстеното проверување на гласачите кое го спроведе ДИК досега...
„Ве молам возете полека“- кампања на општински Совет за безбедност
Post Views: 118 Децата од претшколска возраст денес, со транспаренти и пароли на возачите им упатија силни пораки, „Секое дете заслужува да му се радува на животот“, „Вози одговорно! Животот е во твои раце, „Детската љубов нема граници, детскиот живот нема цена”, “Биди совесен возач”. Тое е во рамки на кампањата Ве молам возете полека. Со надеж дека овие пораки ќе допрат до секој учесник во сообраќајот, Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата ја реализира оваа кампања во која се вклучени децата од градинката, пензионерите, припадниците на Територијалната противпожарна...
И охридската болница вклучена во новата мерка на Владата за модернизација на здравствотo
Post Views: 188 50 медицински апарати и друга опрема во вредност од 705 520 евра треба да добие Охридската општа болница. Ова доаѓа по најавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, дека ќе се набави медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа во државата во вкупна вредност од 33 милиони евра. Денеска, директорот на општа болница, Љубен Арнаудов обелодени список со кои точно апарати и опрема ќе се подновува охридската болница. Директорот посебно издвои неколку апарати кои се од исклучителна важност за болницата меѓу кои лапараскопот за гинеколошки операции. „Ние...
Течат работите за изградба на рекреативната патека кај каналот Студенчишта
Post Views: 110 Два месеци активно се работи на пешачко рекреативната патека од мостот кај езерската полиција до Билјанини извори. Рокот за комплетна реализација на овој проект, изградба на пешачка патека во должина околу 500 метри, вреден околу 300 000 евра, е 12 месеци. Портпаролот на Секторот за комунални дејности Љупчо Танесеки, вели дека во тек се земјените работи, односно ископување на ровови во постоечкиот канал, транспорт на ископаниот материјалот и одведување на водата која што е во каналот за да се вршат градежните работи. „Засега сме задоволни од динамиката и интензитетот...
Возрасните да не пушат пред децата
Post Views: 111 Превенција од болестите на зависност. Учениците од 7, 8, 9 одделение и прва и втора година слушаат предавања од своите врсници, волонтери во Црвениот Крст Охрид, за превенција од никотинизмот, алкохолизмот и зависност од дрогите. Станува збор за реализиација на проект преку кој учениците добиваат повеќе информации, попристапни и поразбирливи за нив, појаснува д-р Соња Стурлакова Димовска. „Сега тие болести на зависност започнуваат од многу порана возраст, односно има податоци за присуство на овие зависности особено никотинизмот кај многу помали деца односно веќе...
Грозданов: Охрид има потреба од изградба на комерцијални станови
Post Views: 110 Охрид има потреба од изградба на комерцијални станови кои ќе бидат наменети исклучително за граѓаните од општина Охрид. Според директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, тоа во многу зависи од донесувањето на стратегија, колку и како ќе се шири градот и дали ќе има можност за градба на комерцијални згради од страна на Локалната самоуправа на Охрид. „Ние како институција би изградиле само комерцијални станови само онаму каде што сметаме дека ќе бидат продадени и каде што најчесто ќе ги купат граѓани на Охрид. Имаме и маркица...
Охриѓани и стружани дишат најчист воздух во Македонија
Post Views: 107 Охриѓани и стружани дишат најчист воздух во Македонија. Тоа го тврдат од Центарот за јавно здравје. Др Лидија Симоноска, вели дека последниве 14 години во Охрид никогаш немало загадување на воздухот. Максимално дозволена концентрација на аероседимент е 300, што според последните мерења од овој месец се многу ниски, вели, Симоноска. Таа пренесува дека на мерното место кај автобуска станица биле измерени 44, 61, кај централна градинка „Јасна Ристеска“38, 21, кај Сокара Темхем на мерното место било 51,22, и кај Општа болница е највисоко 66, 37 милиграми на метар...
Охрид ја доби првата сензорна соба во регионов
Post Views: 171 Денес официјално во употреба беше пуштена долгонајавуваната сензорна соба. Оваа соба која ќе функционира во рамките на ОУ „Св Климент Охридски“ е прва од ваков карактер не само во градот туку и во целиот регион. Директорот на училиштето Јордан Пуроски, искажа благодарност за добрата соработка со Црвениот Крст од Охрид како и на претставникот на Мировниот Корпус, кои се залагале за да ја остварат нивната првичната замисла од пред една година „Тука ќе можат да ја користат сите ученици од нашето училиште, сензорната соба ја користат учениците кои што имаат потешкотии,...