Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Проблемот со каменоломите во струшко Лабуништа наместо да се реши, дополнително се комплицира. Денес народните избраници од оваа месност на 41 та седница на струшкиот совет реагираа до надлежните, да ги преиспитаат уште еднаш нивните барања во врска издавањето на плус 3 нови концесии за каменоломи. Абдула Ќазимоски советникот на Нова демократија од Лабуништа, вели дека извештаите од инспекторите кои направиле увид биле лажни.„Инспекторите од Министерството за екологија дојдоа ми дадоа записник и лично се потпишав на записникот каде беа констатирани неправбилности во...
Нуркачите исчистија дел од езерото од цврст отпад
Post Views: 7 Околу 40 вреќи отпад, пластични шишиња, лименки, тенџериња, гуми извадија нуркачите од Охридското Езеро на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта. И годинава Клубот за подводни дејности Охрид“ и Нуркачниот Центар „Амфора“ ја реализираа традиционалната акција за чистење на езерското дно од цврст отпад. Горан Балевски пренесе дека тие како клуб учествуваат со комплетна опрема но и со голема желба да допринесат во зачувување на ретките природни вредности како што е нашиот oхридски бисер, езерото. „Акцијата има единствена цел да се влијае на свеста....
Еко миење на вашиот автомобил
Post Views: 4 Професионално длабинско и хемиско чистење на автомобили. Деновиве во нашиот град охриѓани го забележуваат атрактивното мобилно возило за миење коли. Идејата ја реализираа младите Никола и Бојан, кои како што велат не им требало некоја посебна анализа за да се одлучат за еден ваков бизнис. Тие следејќи ги модерните текови и брзите текови на живот деновиве ја отворија првата фирма во Македонија за мобилно и еко миење на автомобили. „Еко Ваш“ работи на принцип на водена пареа, ние сме први во Охрид што работиме на тој принцип. Предностите се во тоа што правиме 80%...
Одбележан Денот без автомобили во Охрид
Post Views: 4 Охрид и годинава беше дел од големото семејство градови кои ја одбележуваа Европската недела на мобилност 2017 и Денот без автомобили. Охриѓани со учество на традиционалното велосипедско дефиле низ охридските улици упатија порака за почесто користење на алтернативни видови превоз за почиста и поздрава животна средина. Настанот е во организација на општина Охрид и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот а во дефилето покрај, велосипедистите, рекреативците, средношколците и граѓаните учествуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на...
Урбаната опрема во 5 до 12 на седница во Струга
Post Views: 5 Старата добро проверена тактика, во пет до дванаесет да се доставуваат материјалите за суштинските точки и овој пат не изостана на 41 та седница на струшкиот Совет. Станува збор за точката која се однесува за поставување на урбаната опрема за 2012 година на територијата на општина Струга. Комисијата за урбанизам добро ја изготвила програмата но кога е во прашање нејзината реализација на терен, тука застануваат сите работи констатира, Момчило Аврамоски, советникот на ВМРО – ДПМНЕ. „Јас ја поддржувам одлуката на комисијата за редовна наплата на сите издадени објекти...
Без пристап до информации не можеме да зборуваме за демократија
Post Views: 15 Молчењето на администрацијата најголем проблем во имплементација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Непостапувањето на имателите на информацијата во рокот што е предвиден во законот, 30 до 40 дена е проблем кој ја засега и Комисијата, вели Цвета Трајковска обучувач од оваа комисија. Денес во Охрид на оваа тема се одржа и работилница, каде беше прeтставен Законот, пред претствавници од различни институции, односно иматели на информации. Трајковска посебно се осврна на барателите на информации од страна на новинарите. „Нашето искуство...
Струга никако да се справи со сметот
Post Views: 4 За хигиената, односно нехигиената во Струга, граѓаните можат да напишат томови на книги. Секоја уличка и сокак крие по некој проблем, поврзан со комуналната негрижа на оние кои се надлежни за тоа. Имено вчера, додека нашата екипа беше на терен, ни пристапија видно револтирани граѓани од централното градско подрачје, за да ни кажат што се случува пред влезот на нивната куќа, поточно веднаш позади хотелот „Београд“. Тие велат дека многу инвестирале за куќата, направиле и дуќани за издавање под кирија, но неможат да ги издадат точно поради сметот кој секоја вечер им се...
Владата изготвува Национална стратегија за справување со насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам
Post Views: 8 Македонија мора да има стратешки пристап кон актуелните теми како што е насилниот екстремизам, радикализам, тероризам и менаџирање на кризни ситуации и не смееме да дозволиме екстремистички организации да се споротивставуваат на нашиве вредности за универзални човекови права, еднаквост пред законот демократија и целосно функционирање на нашето општество, истакна Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на втората Конференција за справување со верски екстремизам, која што се одржува во Охрид. Спасовски истакна дека првите чекори за јакнење на капацитетите на...