Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Спасовски: Нема повеќе привилегирани политичари кои трошат народни пари за лично богатење

Post Views: 109   Секој буџетски денар мора да биде на увид на граѓанинот, порача генералниот секретар на најголемата опозициска партија во земјава Оливер Спасовски. Тој денес на градскиот плоштад одржа прес конференција. Спасoвски рече дека времето на неодговорни политичари завршило. Додаде дека тие како одговорна политичка партија ќе овозможат сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат нивните пари што се слеваат во буџетот на РМ. „Сите државни институции ќе имаат обврска да доставуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од буџетот....

Продолжи со читање

Што ја прашаа охриѓани градската власт

Post Views: 129   Граѓаните на Охрид бараат поголема активност на терен од вработените во Локалната самоуправа, но и на охридските советниците. Дел од граѓаните кои денес ги анкетиравме, се изјаснаа дека градската власт но и нивните избраници во градскиот совет треба да бидат постојано во контакт со граѓаните во сите делови од општината. Исто така сметаат дека советниците треба да бидат поупорни во барањето увид во работата на локалната администрација. Еве кои прашања ги упатија дел од анкетираните граѓани до локалната . Ветуваше дека ќе има современ пазар, колку е точно и кога...

Продолжи со читање

Приватните станоиздавачи од Охрид не ги поддржуваат измените на Законот за угостителска дејност

Post Views: 97   Само 5 соби во еден објект за индивидуално станување да можат да се издаваат како сместувачки капацитет од мал обем , предвидуваат измените на Законот за угостителска дејност. Досега законот дозволуваше 10 соби со 20 легла да можат да се регистрираат за издавање и тоа по физичко лице. Намалување на бројот на соби ги засегна станоиздавачите. Денес во големата општинаска сала се одржа јавна дебата со цел да се изнајдат најдобри предлог решенија во врска со законските измени и да се достават до Владата на Р. Македонија и Министерството за економија. Од Секторот за...

Продолжи со читање

Почна изградбата на патеката Кошишта – Лабино – Канео

Post Views: 109   Во автентичен стил на местоположбата, каде што се сместени најзначајните туристички, културно историски и археолошки споменици, отпочна да се гради пешачко – рекреативна патека, Кошишта – Лабино – Канео. Таа ќе се протега на површина од околу два и пол километри и ширина околу метар. Средствата за изградба на патеката се во висина од околу 110 000 евра, а ги обезбеди општина Охрид од сопствениот буџет, информираше Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности. „Во однос на техничките специфики и карактеристики на оваа пешачка патека, важно е да се напомене...

Продолжи со читање

Се чека тендер за изработка на проект за изградба на театар во Охрид

Post Views: 112   Овој месец, октомври, Министерството за култура треба да објави тендер за изработка на основен и изведбен проект за изградба на театар, најави министерката Елизабета Канческа Милевска, при нејзината неодамнешна работна посета во Охрид. Таа смета дека најважното веќе е направено, а тоа е донесувањето на урбанистичката планска документација. Милевска вели дека сега слободно може да се продолжи со останатите фази. „Согласно идејата за јавно приватно партнерство во однос на изградбата на театарот, информирам дека во изминатиот период се работеше на урбанистичко планска...

Продолжи со читање

Охрид го чествува 11 – октомври

Post Views: 123   Денес по повод државниот празник 11- октомври беше положено свежо цвеќе пред спомен обежјата од НОБ, во градскиот парк во Охрид. Делегација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, и претставници од општината им оддадоа почит на борците кои ги загубиле своите животи борејќи се за денешната слобода. „Денес на овој свечен миг сме овде собрани да им оддадеме почит, достојна на великаните на македонската историја и револуција. Бистите позади нас претставуваат еден историски континуитет на илинденци, шпански граѓански борци и боцви од НОБ и антифашистичката револуција....

Продолжи со читање

Сеуште се чека измена на деталниот план за изградба на нов објект кај маларична Охрид

Post Views: 137   Изградбата на современ Ургернтен центар на местото од маларична во Охрид зависи од промена на ДУП. Како што открива Цветко Грозданов првиот човек на Акционерското Друштво за стопанисување со станбен и деловен простор,  проектантот и носителот на ДУП направиле грешка, односно проектирале домување заедно со здравство.„Законски домувањето и здравство не одат заедно, мора да бидат оделени. Така што сега со градоначалникот Бакрачески правиме напори да ги одделиме домувањето од здравството и објектот кој ќе биде како Ургентен Центар или поликлиника ќе биде одвоен од...

Продолжи со читање

Концерт – Ансамблот Билјана и пријателите

Post Views: 111   Познатата охридска група на староградска музика „Билјана Јуниор“, ќе настапи на свеченоста по повод 11 октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Концертот е во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Младиот хармоникаш од овој состав Јован Поп Стефанија, вели дека годинава одбележуваат 8 години од нивното формирање, како и два значајни јубилеи 5 годишнина од нивниот прв концерт и 65 години од постоењето на Ансамблот Билјана. Поп Стефанија не откри со кои песни ќе настапат, но затоа пак рече дека ќе приредат незаборавен концерт со...

Продолжи со читање

Објавен оглас за идејно решение за изградба на катна гаража

Post Views: 95   АД за стопанисување со станбен и деловен простор објави оглас за идејно решение за изградба на долгонајавуваната и долгоочекуваната катна гаража. Станува збор за катната гаража која треба да се гради зад „Ревиера“, на самиот отворен паркинг. Цветко Грозданов, директорот на Друштвото вели дека во соработка со Локалната самоуправа на Охрид направиле специјален план со кој било променето деталното урбанистичко решение со цел да се изгради катната гаража која ќе обезбеди паркинг места за околу 250 возила. „Очекувам да се избери…имаме составено Комисија составена...

Продолжи со читање

Грозданов: Настојуваме во Охрид да нема семејство без покрив над глава

Post Views: 103   Денес вратите на Подрачната единица во Охрид на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на државата, беа отворени за охриѓани. Некои од граѓаните ги подигнуваа договорите за социјалните станови, други бараа замена за стан, а најприсутни беа оние кои што од првиот човека на ова Друштво, Цветко Грозданов, побараа да добијат стан, како би го решиле животното прашање. „Живеам со две деца, самохрана мајка сум маж ми е починат 29 години. Имам една делба и имам стан кај „Богомилска“, има два трансформатори, влага, знае...

Продолжи со читање

Труењето не е решение на проблемот со бездомните кучиња

Post Views: 100   Труење на кучиња во Охрид. Од Здружението за заштита на животни „Анималија“ веднаш реагираат на ваквата појава. Климент Арнаудов од ова здружение укажува дека решението не е во труењето на кучињата, бидејќи од тој отров може да настрадаат дури и луѓето, па и малите деца. „Неколку кученца се отруени, од кои едно успеавме да го спасиме, благодарение на навремена интервенција со ветеринарите и граѓаните кои што алармираа за случајот. Едно кученце со сигурност е починато, меѓутоа и едно да е стотина да се тоа не менува многу бидејќи со закон е забрането тоа да се...

Продолжи со читање

Танасоски: Охрид ги трпи последиците од 4 годишното владеење на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 109   Во 21 век за жал на Охрид и тоа му се случи, охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење, обвинија охридските социјалдемократи, на пресот кој го одржаа пред општинскта зграда. Ѓоко Танасоски истакна дека нашиот град, за прв пат остана без вода за пиење, од осамостојувањето до денес. Како причина за тоа ги посочи последиците на 4 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на чело со градоначалникот Никола Бакрачески. „Ова е уште една потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не му се важни. Во Охрид условите за живот никогаш не биле полоши. Сето ова е резултат...

Продолжи со читање