Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Струга во знакот на ракометот

Post Views: 7 Јубилејно одбележување на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 година. После 40 години од постоење на овој турнир во Струга, тој има свое име на спортската и туристичката карта во Европа и светот. За целта, деталите, програмата и важноста на овој турнир како за Струга, така и за РМ, кажа годинешниот  претседател на турнирот, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ од Струга Лилјана Затуроска.„Изникнат во далечната 1973 година, како желба на група струшки ентузијасти овој турнир прераснува во реномиран, респектабилен меѓународен спортски настан во кој низа години наназат...

Продолжи со читање

Самохрана мајка на две малолетни деца бара дом

Post Views: 4 Самохрана мајка на две малолетни деца бара дом. Живее во Охрид под кирија во трошна соба од неколку квадрати полна со влага во речиси никакви услови.Животот ми е пекол, раскажува младата Жаклина Николоска. Нејзините родители ја избркале од дома, а таа по кратко време станува мајка. Жаклина вели дека таткото на децата не сакал да се грижи за нив. Од тогаш за неа почнуваат маките. Во потрага по кров над главата таа не знае каде да побара помош. „Зошто ова држава не се интересира за вакви случаеви како што сум јас. Незнам ни сама колку пати во оваа држава пратив...

Продолжи со читање

Во партиските штабови се кројат кандидатските листи

Post Views: 1 Во партиските штабови се кројат кандидатските листи. Рокот за поднесување на листите истекува вечерва на полноќ а според искуството од минатото партиите прават пазарења и во последен момент. Голем дел од имињата кои ќе влезат во трката за градоначалничко или советничко место се веќе познати. Кандидатската листа на охридските социјалдемократи ќе ја предводи специјалистот по интерна медицина д-р Костантин Георгиески. На таа листа се најдоа и имињата на Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска. Добри позиции на листата на СДСМ и поголема...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на четвртиот Конгрес на офталмолози

Post Views: 7 Хирургија на катаракта и новиите можности за отстранување на пердето со т.н ласерски операции, сесија за глауком, како и сесија за конзервативни заболувања на мрежницата од типот на дијабетична ретинопатија, се главните теми на четвртиот Конгрес на офталмолози на Македонија кој од денес па се до 17 ти овој месец се одржува во Охрид. Проф. д-р Весна Димовска Јорданова вели дека врвни Европски офталмолози ќе дискутираат на овие тем бидејќи овој Конгрес е национален со меѓународно учество. „Првиот ден имаме посебна сесија на Европската асоцијација за катаракта и...

Продолжи со читање

Реката Црн Дрим, светна

Post Views: 6 Екологистите од Струга, позитивно гледаат на годинешново чистење на реката Црн Дрим, од алгите и тревата. Прв пат после 30 години, се пристапува кон расчиствување на Дримот, според пропишаните еколошки стандарди, забележува претседателот на Еколошкото друштво Енхалон, Мате Гогоски од Струга. „Се обезбедува минимум вода онолку колку што треба за опстанок на живиот свет, фаунест и растителен и за другите микроорганизми кои прават целосна симбиозата за опстанок на реката Црн Дрим. Но тоа го чинат поради тревите кои растат во водата бидејќи алгите во месец август...

Продолжи со читање

Охридските пензионери и годинава се снабдија со дрва на рати

Post Views: 11 Клубот на пензионери од Охрид и Дебрца е едно ретките здруженија кое во рамки на својата годишна програма редовно ја има активноста, снабдување на пензионерите со огревно дрво на одложено плаќање. Претседателот Ѓорѓи Трпчевски вели дека годинава обезбедиле околу 5000 метри кубни дрва, бука и даб, што сметаат дека со оваа количина успеале да ги задоволат потребите за оваа сезона за сите кои се запишале на нивниот список. „На време е извршена оваа набавка на дрвата затоа што не можат пензионерите сами да извршат одеднаш снабдување и во кеш да платат 25 до 30 000...

Продолжи со читање

Изгоре цела трева во охридската касарна

Post Views: 3 Голем пожар попладнево избувна кај поранешната охридска касарна „Михаило Апостолски”. Дополнителен проблем кој ја засили огнената стихија беше силниот ветер кој го зафати Охрид. Според информациите кои ги добивме од командирот на Охридската противпожарна Единица Спасе Прентоски, во гаснење на пожарот учествувале 4 возила и околу 17 пожарникари. Состојбата дополнително била покомплицирана и заради неможноста на возилата да влезат во касарната заради бодликавата жица. Исто така и на нашата екипа не и беше дозволено да пристапи до теренот каде што гореше тревата. ...

Продолжи со читање

Бигорскиот манастир побогат за уште еден монах

Post Views: 7 Бигорскиот манастир кој со векови претставува духовно светилиште, го одбележува отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, Претеча и крстител Господов Јован. Синоќа на манастирската слава во предвечерјето на празникот беше отслужена архиерејска Вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, со игуменот на манастирот Архимандрит Партениј, на која еден член од Бигорското братство беше причислен во рамноангелниот монашки ред. Новиот монах Антониј вели дека без Бога сме...

Продолжи со читање