Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Добро подготвена стратегија за развој на туризмот, сигурен рецепт за продолжена сезонa

Post Views: 129   Добро подготвена стратегија за развој на туризмот, сигурен рецепт за успешна но и продолжена сезона. Тоа го говорат искуствата од земјите во регионот, а го потврдуваат и со факти. Најдобар е примерот со Република Хрватска која само оваа сезона од туризмот инкасирала 9 милијарди евра. Зденка Месиќ од министерството за трговија од Хрватска која неодамна беше во работна посета на Охрид вели дека тоа се постигнува само со вклучување на сите чинители во туризмот како на локалните, така и на регионалните и националните институции, но и со воочување на најбитните проблеми...

Продолжи со читање

Уништени канделабри на градскиот плоштад

Post Views: 127   Уништени канделабри во централното градско подрачје во Охрид. На градскиот плоштад од неколку канделабри висат електрични кабли. Тоа не само што претставува грда слика за ова фрекфентно место каде што најмногу циркулираат родители со мали деца, туку е потенцијална опасност по безбедноста на луѓето. Па оттука и оправдани се стравувањата на граѓаните кои ги анкетиравме дека надлежните треба да ги санираат штетите, а несовесните граѓани да престанат да дивеат по општото добро на градов. „Посебно треба да се внимава, бидејќи многу деца од незнаење можат да ја пикнат...

Продолжи со читање

Кога купувате на интернет не наседнувајте на лажни страници

Post Views: 124   Од ден на ден се поголем е бројот на луѓе кои го користат интернетот како место за шопинг. Овој начин на купување има свои предности како што се избегнување на метежот во шопинг центрите, но и заштеда на време. Но од друга страна пак има и одредени негативности бидејќи сведоци сме дека во последно време се повеќе на социјалните мрежи се нудат брендирани производи од познати светски марки, кои навидум наликуваат на оргиналите, а кога ќе стигнат на вашата адреса се вистинско разочарување. Дали некој тоа го контролира во нашата земја и како да се заштитиме од ваквите...

Продолжи со читање

На ФТУ Охрид, сеуште има слободни места

Post Views: 165   Во учебната 2016 – 2017 година на ФТУ во Охрид вкупно се запишани 257 нови студенти. Од деканатот на овој факултет задоволни се бројот на запишани студенти бидејќи со тоа успеале да се рангираат на првото место на факултети, од Универзитетот „Св Климент Охридски“ Битола. Денес на ФТУ е четвртиот уписен рок. Продеканот Доц. д-р Александар Трајков, за ТВМ појаснува од каде се наложила потребата и за четврт уписен рок. „Државните квоти се целосно потполнети со исклучок на насоката осигурување каде што има само уште едно слободно место, додека сеуште имаме слободни...

Продолжи со читање

Македонија во областа на науката и технологијата за производство на храна оди во чекор со светот

Post Views: 172   Охрид домаќин на првиот конгрес на црноморската асоцијација од областа на наука и технологија за производство на храна. Целта на конгресот е сите научници, не само од земјава туку и од целиот регион, да прикажат на останатите научници од светот, што сработиле, што знаат ново и тоа да го прикажат пред научната заедница. Професор Владимир Какуринов, извршниот директор на Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ, посебно се осврна на иновациите и достигнувањата од македонската научна фела. „Гледавме се она што е најново од различни области да биде застапено. Пример имаме...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа Европскиот ден без автомобили

Post Views: 124   Секојдневните работни активности може да се реализираат без автомобил. Оваа порака денес ја испратија охридските велосипедисти до своите сограѓани и сите граѓани во Р. Македонија. Со цел зајакнување и подигање на свеста на граѓаните за здравјето, квалитетен живот и здрава животна средина, нашиот град го одбежа Европскиот ден без автомобили. По тој повод во организација на Локалната самоуправа односно Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, се одржа дефиле низ охридските улици. Во првиот ред на велосипедистите застана градоначалникот на Охрид...

Продолжи со читање

Македонија нема донесено Закон за млади

Post Views: 102   Препознавање и признавање на младинската работа во Р. Македонија. Со цел подобро позиционирање на младите во општеството, дојде момент во нашата земја да се дебатира на тема за донесување на Закон за млади кој и тоа како е потребен посебно заради алармантната ситуација со одливот на млади, како и со невработеноста на младите. Релевантните институции имаат слух, вели Мери Нашоку од Младинскиот културен центар Битола.„Со оглед на тоа што имаме недостаток од политики за млади во Македонија, генерално не постои Закон за млади, но конкретно не постои и Закон за...

Продолжи со читање

Уште една сообраќајна незгода на патот Охрид – Кичево

Post Views: 117   Уште една тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево во близина на бензиската пумпа „Петрол“. Сообраќајката се случила синоќа околу 19 часот, во која повредени се четири лица. Со тешки телесни повреди-скршеници на лева надколеница се здобил А.Ј.(46) од Охрид додека со лесни повреди се здобиле Д.Ш. (44) од гостиварското село Горна Баница, Г.Т. (49) и Н.Т. (20) двајцата од охридското село Елшани. „Сообраќајната незгода се случила во момент кога патнички автомобил Мерцедес со гостиварски регистарски ознаки кој се движел од Охрид кон Кичево во критичниот...

Продолжи со читање

Сеуште не е решена судбината на ЈП за погребални услуги

Post Views: 112   Сеуште не е решена судбината на ЈП за погребални услуги. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски открива до каде е оваа постапка за кој донесена е одлука и на Советот на општина Охрид и на Управнбиот одбор на ЈП. „Во тек е постапка присоединување на ЈП за погребални услуги кон ЈП „Градски гробишта“, со преземање на сите обврски, вклучувајќи го тука и преземањето и на сите вработени. Обврските на ЈП беа истите за извршување на погреби но бидејќи немаше добиено лиценца од надлежните органи одлучивме дека не може повеќе да функционира ќе го преземиме...

Продолжи со читање

Охридскито хотел „Даљан“ бележи добра сезона

Post Views: 141   Добра сезона бележи хотелот „Даљан“ во Охрид. Менаџерката на хотелот СлавицаСтефаноска, вели дека нивниот хотелски капацитет во месеците јули и август бил целосно исполнет, но според неа сезоната се уште не била завршена бидејќи приближно уште толку гости очекувале и во септември и октомври. „Гостите кои што се од сојузите имаат посебна цена и посебни аранжмани за нив, посебно Сојузот за глуви, бидејќи ние сме хотел кој што е рамки на Сојузот на глуви на РМ но отворени сме и за останатите гости бидејќи ние сме хотел кој што мора да опстани и да заработи за своите...

Продолжи со читање

Пуштени во употреба тениски терени во Охрид

Post Views: 122   Време на најголеми инвестиции на спортот во Охрид. Денеска свечено беа пуштени во употреба новите три тениски игралишта во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека тениските терени се изградени согласно сите стандарди на интернационалната тениска асоцијација. Додаде дека тука не запираат и потсети, дека во полн ек била изградбата на затворениот пливачки базен кој би требало да го реинкарнира пливањето и ватерполото во градов, а најави и отпочнување со реконструкција и на отворениот пливачки базен. „Оваа слика која ја имаме...

Продолжи со читање

Неколку гробови недозатрупани со земја на охридските гробишта

Post Views: 114   Неколку семејства вознемирени откако забележале дека гробовите на нивни блиски биле оставени недозатрупани со земја на градските гробишта во Охрид. За случајот веднаш алармирале во ЈП Градски Гробишта но и до редакцијата на ТВМ. Граѓаните сметаат дека треба да постои законска одредба, која ќе предвиди колку една гробница треба да биде покриена со земја. Случајот го потврдува и првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. Тој вели дека забелешките и приговорите на граѓаните држат, но дека се упатени на погрешна адреса. Симоноски цитирајќи го Законот за гробишта тврди дека...

Продолжи со читање