Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Кој ќе ги потпише сведителствата во Подгорци?

Post Views: 5 Трета година по ред учениците на ОУ „Гоце Делчев“, од струшкото село Подгорци, добиваат незаконски сведителства. Прашање е дали деветнаесет ученици кои учат на албански јазик во ова училиште ја имаат добиено потребната согласност од Министерството за образование и наука, за формирање на паралелки на албански јазик. Тоа сеуште е дискутабилно, за што реагираат советниците на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ, а Локалната самоуправа по се изгледа се обидува одлуката за легализација на паралелките да ја протурка на  мала врата. Наташа Пинтоска советничката на СДСМ на последната...

Продолжи со читање

Пчеларите се соочуваат со тешка сезона

Post Views: 5 Годинешнава пчеларска сезона завршува со тешки последици. Пчеларите предупредуваат дека состојбата е алармантна бидејќи излезот од зимата бил лош, пчелите не биле добро опоравени, а со самото тоа и нивната паша била слаба. Претседателот на Пчеларското здружение од Охрид, Тони Јосифовски вели дека пчелариве од регионов тоа го почуствувале и од финансиски аспект, бидејќи имале многу големи давачки за прихрана на пчелите и за одржување на бројката на пчелните семејства. „Месец и половина се обидуваме да воспоставиме контакт со надлежното министерство, со професорите...

Продолжи со читање

Дефицитот на кадар и натаму проблем во хотелско угостителскиот еснаф

Post Views: 8 Хотелско угостителскиот еснаф подолг временски период се соочува со дефицит на кадар од различни профили. Но добар дел и од сопствениците кои вложуваат огромни средства во своите ресторани, хотели, туристички агенции, треба да вложуваат и во својот персонал и правилно да менаџираат со нивните стопански објекти, вели Деканот на ФТУ Цветко Андреески. „Ние гледаме колку што е во наша можност да им помогнеме на тие хотели, ресторани туристички агенции. Нашите студенти ги распределуваме на практична работа и тоа во оној период кога тие им се најпотребни и да бидат од...

Продолжи со читање

Протест поради исклучена струја

Post Views: 5 Велештани денес го блокираа влезот на Струга. Околу 200 жители на струшкото село Велешта протестираа поради ненајавено  исклучување на струја од страна на ЕВН. Напнатата атмосфера започна уште синоќа, кога толпа револтирани граѓани ја нападнаа дирекцијата на ЕВН Струга, при што ги искршиле влезните врати.Претседателот на Месна заедница Велешта Абдул Кадри Шеј, денес излезе со став дека многу се лути на постапката на ЕВН и начинот на кој ненајавено исклучуваат струја. Додава дека нема неплаќачи на струја и како и за сите и за нив, постои закон.„Ние три месеци со нив...

Продолжи со читање

Не работи компјутерскиот томограф во охридската болница

Post Views: 10 Откажа еден од главните делови од компјутерскиот томограф на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Првиот човек на оваа установа Мр Славица Малеска Стојадиновиќ појаснува дека станува збор за откажување на рентгенската цевка, за што тие веднаш презеле соодветни мерки. Контактиран бил генералниот застапник за Македонија, фирмата Нет Електроник од Скопје, со цел да добијат стручно мислење за настанатиот проблем. „ Кога дојдоа од Нет Елктроник направија записник во кој се констатира дефект. Јас би цитирала дел од тоа: „Дотраеноста, односно максималната...

Продолжи со читање

Ден на Охридското езеро

Post Views: 8 Одбележан Денот на Охридското езеро. Годинава домаќин општина Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, ја пофали десетгодишната соработка со двете соседни општини Охрид и Подградец, и посебно стави акцент на бенефитот од збратувањето.„Денеска ние се движиме на граница меѓу Македонија и Албанија со лични карти“-истакна Мерко.Изминативе 10 години постигнавме добра соработка, така и ќе продолжиме, нагласи градоначалникот на Подградец, од соседна Албанија, Артан Шкмби. „Имаме доста вложување во заедничка трговија и заеднички вложувања во заштита на Охридското езеро, значи...

Продолжи со читање

Фестивалот Охридско лето помина во беспрекорна организација

Post Views: 7 Полни гледалишта, позитивната критика и задоволните уметници се доказ дека годинешново 57 издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“, помина во беспрекорна организација, истакна директорката на оваа установа Сузана Вренцоска, на денешната завршна прес конференција. Вренцоска нагласи дека политиката што ја води установата е доближување на културата до граѓаните, збогатување на културните содржини со нови како и развој на културниот туризам со промоција на културното наследство. „Со тимска работа, почитувајќи ја традицијата продолжиме да ја градиме вредноста...

Продолжи со читање

Струга и Охрид преплавени со питачи

Post Views: 6 Атрактивните туристички центри Охрид и Струга, покрај тоа што се магнет за туристите, посебно во лето се привлечни и за питачите. И оваа туристичка сезона во централното градско подрачје на Охрид регистрирано е присуство на питачи, додека пак во Струга сликата е драстично поалармантна, таму ги има насекаде. Граѓаните забележуваат дека покрај тоа што питачите се наметливи кон минувачите и туристите, често се случува доколку на питачите не им дадете по некој денар, тие да се и агресивни. Од СВР Охрид потврдуваат дека во летниот период бројот на малолетни лица што...

Продолжи со читање