Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Прекината седница во Струга

Post Views: 4 Урбаната опрема, зголемувањето на цената на водата и незаконското работење на паралелките во Подгорци, главни теми на менито забелешки на струшките советници, кои денес ги изнесоа на 40 есеттата седница на советот. Јулијана Зуноска координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека неможе во континуитет да се предлагаат точки кои се за покривање на претходно донесени незаконски одлуки и точки кои се спротивни на интересите на граѓаните на општина Струга.„Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ загрижена од состојбата со поставувањето на поставувањето на урбаната опрема, од начина...

Продолжи со читање

Основниот Суд и во летниот период се справува со зголемеиот обем на работа

Post Views: 5 Туристите кои имаат станови во Охрид, но и нашите иселеници на привремена работа во странство, укажаа на одредени забелешки кои се однесуваат на работата на судската администрација. Нивниот престој во Охрид покрај тоа што го користат за одмор, добар дел од нив ги средуваат и институционалните обврски, меѓу кои и предметите кои им се заглавени во судовите. Тие велат дека во Основниот суд во Охрид тешко можеле да ги завршат своите обврски додека се на одмор, бидејќи не можеле да ги затекнат судиите кои ги решаваат нивните предмети. Секретарот на Основниот суд во...

Продолжи со читање

Сеуште има слободни места во ученичкиот дом на угостителското училиште во Охрид

Post Views: 3 Сеуште има место во ученичкиот дом кој работи во рамките на ОУ „Ванчо Питошески“, Охрид. Во овој дом може да се сместат 135 ученици информираше заменик директорот на училиштето Перчо Божиноски. Додава дека во двата уписни рокови, јунскиот и августовскиот досега биле запишани 102 ученици. Божиноски спомна дел од условите кои треба да ги исполнуваат учениците за престој во домот, а исто така кажа дека сместувањето и оброкот на учениците е бесплатен, односно трошоците ги покрива Министерствот за образование. „Учениците најпрво пополнуваат електронска пријава, од...

Продолжи со читање

„Шшш… Гола сум!“ – прва самостојна изложба на Марина Трајковска

Post Views: 10 Несекојдневна изложба на фотографии со наслов „Шшш… Гола сум!“. Младата скопјанка Марина Трајковска синоќа во Охрид во „Објектив бар“ ја имаше својата првата самостојна изложба. Таа пред камерата на ТВМ открива од каде добила инспирација храбро и помалку невообичаено за нашите простори да изврши селекција од 15 фотографии на голо женско тело. „Да бидам најискрена јас овој потег не го сметам за толку храбар бидејќи самата голотија како голотија е нешто ново кај нас, но во светот тоа е сосема нешто вообичаено и не се реагира на тоа чудно и мислам дека оваа...

Продолжи со читање

Започна трката за индекси на ФТУ Охрид

Post Views: 1 На факултетот за туризам и угостителство започна трката за индекс на новите студенти. Кандидатите од денес па во наредниве два дена ќе се пријавуваат во првиот уписен рок, на седум студиски програми. Деканот на факултетот Цветко Андреески информира дека годинешнава квота изнесува 430 студенти од кои 215 ќе бидат во државната, додека пак останатите се во квотата на самофинансирање. „Од квотата сме задоволни бидејќи е повисока во споредба со минатите години, очекуваме број на студенити како и минатите години, односно околу 300 нови студенти да се запишат во трите...

Продолжи со читање

Се враќа сјајот на СВП

Post Views: 10 Фестивалот СВП да се оддржи на достојно ниво. На тоа во иднина ќе работи новоназначениот директор на овој фестивал Мите Стефоски, мотивиран од потребата на книжевниците и љубителите на пишаниот збор, на кои всушност и им служи овој фестивал. Останаа два месеци до почетокот на СВП, и годинава нема да има некои позначајни измени, вели Стефоски. Но за два дена од неговото назначување тој веќе крои планови за реосмислување на фестивалот до година.„ Идејата ми беше да направам еден концепт на фестивалот за 21 век. Знаете има некои фестивалски содржини, кои се белези на...

Продолжи со читање

Дел од охридските таксисти и годинава со цени од „ракав“

Post Views: 17 Таксиметарот на дел од охридските таксисти работи по „странски“ тарифи. Не прекинуваат поплаките на туристите но и на охриѓани упатени до такси превозот во градов посебно за односот на неколку „нервозни“ таксисти кои бараат баснословни суми за превоз до атрактивните дестинации, Св Наум, Градиште, Љубаништа, Пештани.. Дел од коментарита на корисниците на такси превозот во градов допреа и до нас како медиум. Тие бараат јавно да ги посочат таксистите на кои стартот им е 100 денари, со што укажуваат дека се прекршува одлуката на Советот на општина Охрид која има...

Продолжи со читање

Казни за скутерџиите кои дивеат во Охридското Езеро

Post Views: 8 Скутерите, најпроблематична категорија во водниот сообраќај на Охридското Езеро. Од почетокот на овој месец инспекторите за внатрешна пловидба при Капетанија на Пристаништата на Р. Македонија изрекле 5 прекршочни пријави, од кои поголемиот дел се однесуваат за скутерџиите кои не ја почитуваат Одлуката на Влада за ограничување од 11 до 19 часот како и за претовар на патници посебно во рекреативните чамци, пренесува Горан Устијаноски, капетанот на Капетанија на Пристаништа на Р Македонија. „Капетанијата максимално добро си ја врши работата. Задоволни сме од она што...

Продолжи со читање