Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Македонија останува посветена за членство во НАТО – Јолевски

Post Views: 137   „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, е темата на безбедносниот форум кој денес се одржува во Охрид. Форумот го отвори министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој во своето обраќање пред присутните истакна дека нашата земја останува посветена на својата цел да стане што поскоро членка на НАТО. Додаде дека ресорното министерство продолжува со реформите во армијата во одбрамбениот сектор бидејќи тоа е важно не само за граѓаните туку и за државата бидејќи градиме силна мобилна и  ефикасна армија. „Ние започнавме...

Продолжи со читање

Велгоштани бараат асфалт до црквата Св Никола

Post Views: 158   Во Велгошти, охридско на 1100 метри надморска височина се наоѓа црквата Св Никола. Подзаскриена во шумски предел и густата вегетација, овој Божји храм има свои конаци, камбанарија, но за жал патот кој води до неа сеуште не е асфалтиран. Месното население кажува дека ова извонредно место е магнет за туристи, кои имаат што да видат, да одморат, дури и да  вкусат пастрмка од рибникот на црквата. „Тој пат долго го бараме, Велгошти и велгоштани сакаат да се асфалтира. Ние дури имаме доставено барање до пратениците, се обративме и до Локалната, и за жал досега немаме...

Продолжи со читање

Промовирана книга за монетоковањето во Охрид

Post Views: 116   „Монетоковањето во Охрид од вториот век пред нашата ера и меѓу 13 и 15 век“. Синоќа во куќата на Уранија беше промовирано ова ново издание од Даница Размоска Баческа. Во делото се претставени нумизматичките историско-монетарни аспекти на охридскиот регион. Како што истакнa авторката Баческа, станува збор за многу значајна публикација од областа на нумизматиката и националната историја на нашата земја, каде што е направена паралела меѓу ковањето во антички Лихнид и во средновековен Охрид. „Во античкиот Лихнид ковани се многу значајни монети,  тоа се познатите лихнидски...

Продолжи со читање

Мирчески: Предметите во охридскиот суд не трпат последици од штрајкот

Post Views: 170   Предметите на охриѓани кои се во постапка во Основниот суд во Охрид нема да претрпат сериозни последици, тврди претседателот на Здружение на судска администрација, Борче Мирчески. Штрајкот на судската администрација почна на 18 ти мај годинава а во мирување беше ставен на 15 јули. Периодов додека трае судската ферија, судските службеници што штрајкуваа речиси два месеца, се вратија на работа и ги сработија итните предмети, предметите со странци, времените мерки, и примаа материјали и пошта од странки, тврди Мирчески.  „Сметам дека сите предмети кои што заостанаа,...

Продолжи со читање

Македонија повеќе увезува отколку што извезува мед

Post Views: 127   Македонија повеќе увезува отколку што извезува мед. Ваквата констатација произлегува од пчеларскиот еснаф, кој во моментов според кажувањата на претседателот на Пчеларското Здружение, Охрид од Охрид Тони Јосифовски се соочува со повеќе проблеми. Според него проблем за домашните пчелари е нелојалната конкуренција, вештачкото производство, но и нереалните цени кои им го руши производството.„Македонија е соочена со тој проблем, бидејќи слаб е одзивот на надлежните органи да го контролираат тој проблем“ – вели Јосифоски.Просечното производство е 15 килограми...

Продолжи со читање

Охриѓани најистакнати по своите хумани вредности

Post Views: 108 Промоција на хумани вредности е проект кој со години континуирано се имплементира во нашава општина од страна на Црвениот крст. Идејата за овој проект беше иницирана уште во 1996 година од страна на Црвениот крст на Македонија и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, со поддршка на Норвешкиот Црвен крст, како што појаснува Љупчо Милкоски, човекот кој има несебичен удел и огромен придонес уште во почетоците на реализација на овој проект. Милкоски за ТВМ кажа дека овој проект длабоко е продрен во сите пори на општествениот живот посебно во образованието, каде има...

Продолжи со читање

Климатските услови закана за органското производство на мед

Post Views: 295 Природниот, црн мед, карактеристичен за охридското поднебје. Тој е незаменлив по вкус, квалитет и е здрав производ. Во народот се вели кој купува мед купува здравје, бидејќи медот се смета за моќно средство за подобрување на имунитетот. Охридскиот пчелар Горан Блажевски, со пчеларење се занимава повеќе од една деценија. Тој има 137 сандаци со пчели, тајна која ретко можете да ја чуете од пчелар, сместени во охридскот село Опеница, место кое изобилува со доволно вода и разни билки. Следејќи ја семејната традиција Блажевски во ниту еден момент не се покајал што одгледува...

Продолжи со читање

Србите најдобри купувачи во охридската чаршија

Post Views: 149 Србите се најдобри купувачи во старата охридска чаршија. Но добри купци се и гостите од Холандија, Турција и соседна Албанија, израелците, хрватите и словенците. Вакви се видувањата на дел од охридските дуќанџии. Купувањето или шопингот е добредојден за сите. Без разлика дали станува збор за мажи или жени, секој сака да купува во рамките на своите финансиски можности, вели Кристина Крстевска од „Среќна куќа“. „Можеме да кажеме дека претежно во месеците јули и август прометот е зголемен, меѓутоа може секогаш да биде подобро. Можам да ги пофалам странските купувачи...

Продолжи со читање

Охрид стана дел од Coca-Cola активните зони

Post Views: 119   Охрид доби уште едно катче за здрави животни навики. Синоќа во рамките на „Холандскиот парк“ се отвори четвртата Coca-Cola активна зона во Македонија. Станува збор за фитнес зона на отворено, која е опремена со најмодерни справи за вежбање, достапна 24 часа за сите граѓани без никаков надомест. „Целта на проектот е да поддржеме и поттикнеме поголема иницијатива кај сите граѓани да практикуваат редовна физичка активност и спорт и тој да биде дел од нивниот стил на живеење. Ние нема да застанеме тука и од ова место ве уверувам дека Coca-Cola активните зони ќе продолжат...

Продолжи со читање

Оваа сезона повеќе питачи од лани

Post Views: 142 Кои се семејствата кои привремено престојуваат на дел од дивите охридските плажи, надлежните без конкретен одговор. ТВМ пред една недела информираше дека во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан. Реакцијата пристигна од мештаните на оваа задница кои укажаа на низа според нив незаконски појави кои се случуваат во тој дел од градот. Според жители на Воска, станувало збор пред се за ромски семејства, кои најверојатно се од Битола и доаѓаат со почетокот на сезоната околу 1 ви мај, а многумина од нив можело да се забележат...

Продолжи со читање

„Бар Ремарк“ премиерна изведба на Охридско лето

Post Views: 105   Животната приказна за луѓето кои поминале низ стравот и ужасот на војната и нивната немоќ да се ослободат од сенките на минатото, ја пренесува Битолскиот Народен театар, преку премиерната изведба на поставката „Бар Ремарк“. Валентин Светозарев, директорот на битолскиот театар истакна дека задоволство му е што соработува со имиња на странски режисери, посебно до русинот Александар Баргман, кој според него, не е само режисер, туку се што може да се работи во театар. „Тоа е секогаш работа која треба да се испроба. Едно е да се разговара на маса, друго е да се направи...

Продолжи со читање

Коњаноска: Илинден празник на секој македониец

Post Views: 130   Денес се одбележува еден од најзначајните празници во Македонија, Илинден. 02 август датум со двојна симболика, национален и православен празник. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На денешен ден пред точно 113 години започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Овој значаен датум го одбелeжа и општина Охрид.  Стихови за овој празник прочита најдобриот ученик од гимназијата.  „О, најдолга годино, ти збиру на нашата мака, што ни го изнесе оружјето,до секој горски срт,чакалу...

Продолжи со читање