Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

„Сонети“ од Шекспир во рамки на Младо театарско Охридско лето

Post Views: 118   Следејќи го концептот за одбележување на 400-годишнината од смртта на големиот драмски писател Вилијам Шекспир, во драмскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, за утревечер ја носи претставата „Сонети“ на најсилната театарска институција во Македонија, Народниот театар од Битола. Директорот на Битолскиот театар Валентин Светозаров рече дека нивната куќа има поставено најмногу престави на Шекспир во регионот, обидувајќи се секоја година со огромна љубов да му посвети внимание на големиот автор. Додаде дека нивната идеја која ја прифатиле и двајцата...

Продолжи со читање

Устијаноски: Педалинките опасни, потребна е законска рамка за нивна контрола

Post Views: 110   Педалинките и натаму остануваат опасни реквизити за забава на вода. Тие масовно се изнајмуваат на Охридското Езеро и речиси секојдневно ја загрозуваат безбедноста на капачите на охридско-струшките капалишта. Педалинките не ретко се возат во плиткиот дел од езерото, па капачите постојано мора да внимаваат да не се повредат од нив. Овие реквизити за забава на вода, според законот за внатрешна пловидба, кај нас и секаде во светот не подлежат на технички преглед од страна на регистар, надлежно, надзорно тело и Капетанија, открива Горан Устијаноски, капетанот на Капетанија...

Продолжи со читање

Станоиздавачите од мал обем, најголеми прекршители на законот

Post Views: 120 Охридскиот општински инспекторат направил околу 900 контроли од почетокот на 2016 година, заклучно со 30 јуни. Обидувајќи се да направиме пресек на извршени контроли од страна на општинскиот инспекторат за време на летната туристичка сезона, а кои се однесуваат на урбаната опрема, плажите и угостителските објекти во градов, од Локалната самоуправа на Охрид добивме полугодишни извештаи за пооделни одделенија на инспекторатот. „Ако го разгледаме табеларниот преглед по месеци ќе видиме точно колку се, меѓутоа јас ви ја кажав вкупната сума. Но она што е значајно да...

Продолжи со читање

Порасна социјалната, постојаната парична помош и субвенциите за струја

Post Views: 106 Јулските исплати за социјална и постојана парична помош зголемени за 5%. Тоа ќе го почуствуваат вкупно 445 корисници на социјална и 147 на постојана помош. Наташа Христовска од Центарот за социјални работи Охрид, вели дека оваа промена е согласно новите измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. Додаде дека новите измени на законот се однесуваат и во делот на субвенцијата за потрошена електрична енергија. „Зголемување ќе има и кај субвенцијата за потрошена електрична енергија, односно сите корисници на социјална и постојана парична помош кои што поднесле...

Продолжи со читање

Прв пат на „Охридско лето“ гостува националниот театар од Букурешт

Post Views: 298 Прв пат на Охридско лето настапува букурешкиот театар „И.Л. Карагиале“. Претставувајќи ги младите актери, селекторот на драмската програма, Ѓорѓи Јолевски, изјави дека овој проект на публиката ќе ѝ понуди неповторливо доживување и ќе внесе свежина во драмскиот дел на фестивалот. Додаде дека, претставите на младите театарски уметници носат новина и уметнички визии што поретко може да се видат во класичните изведби, така што полетноста и креативноста се главниот сегмент на програмата „Младо театарско охридско лето.  „Арт оркестра“ на познатиот режисер од Романија...

Продолжи со читање

Дел од плажите сеуште се без спасители на вода

Post Views: 116   Во екот на летната туристичка сезона дел од плажите на охридско струшката ревиера сеуште немаат услови за капење, спорт и рекреација. Капалиштата не се обележани, немаат соодветни пунктови и набљудувачници и немаат ангажирано спасители. Сашо Точко претседателот на ОО на Црвен крст Охрид вели дека апелирале, до Капетанија, Министерството за транспорт и врски и локалната самоуправа во рамки на нивните надлежности и ингеренции да разговараат односно да ги обезбедат потребните услови со одреден притисок на концесионерите на плажите. „Заради тоа се и овие бројни интервенции...

Продолжи со читање

Дрвјата на дел од охридското крајбрежје, пансион за неколку семејства

Post Views: 135   На крајбрежјето во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан, реагираат мештаните од оваа задница. Тие велат дека ваквата појава посебно е изразена во летниот период. Кажуват дека една од ретките недопрени природни плажи каде до пред некоја година можеле спокојно фамилијарно да уживаат во летното сонце, последниве години мирот им го нарушуваат т.н. дојденци кои ги окупирале сенките од дрвјата користејќи ги за преспивање. И не само тоа, тие воопшто не внимавале на зачувување на животната средина, на плажата фрлале отпад,...

Продолжи со читање

Танески: Свлечиштето во Даљан ќе се санира после летната сезона

Post Views: 111 Не постои опасност од свлечиштето во населба Даљан, тврдат одговорните од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Пред повеќе од половина година мештаните кои гравитираат во овој дел од Охрид, укажаа дека стравуваат од целосно лизгање на патот, кои дополнително ќе влијаат врз безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот Центар и во хотелот „Даљан“. „Како резултат на анализите кои што ги правиме тука сметаме дека во моментов не постои опасност од лизгање на земјиштето на тој потег, а знаеме дека официјално од средината на месец јули водата...

Продолжи со читање

ХОТАМ, со барања до Владата

Post Views: 121   Дваесеттина предлог мерки за подобрување на условите за вршење туристичка и хотелско угостителска дејност. Ова барање до Владата го достави Хотелската асоцијација на Македонија. Крсте Блажески, претседателот на оваа организација, смета дека пакет мерките се во насока за стимулирање на изградба на квалитетни хотелски капацитети во охридско струшкиот регион. Дел од барањата според Блажески биле намалување на комуналиите и рамноправност со странските инвеститори. „Странските инвеститори секако дека не се отфрлени, но јас би рекол дека тука треба да ги добиваме истите...

Продолжи со читање

Хрватите „Судар перкашн“ на Охридско Лето

Post Views: 118   Вечер на сцената во Предворјето на црквата „Св Софија“ ќе настапи популарниот хрватски ансамбл „Судар Перкашн“. Тие се за прв пат во Македонија на фестивалот Охридско Лето. Музичкиот селектор Гордана Јосифова Неделковска, истакна дека продолжуваат и понатаму да ги бараат уметниците кои што досега не биле на фестивалот, а низ цел свет прават концерти за паметење и претставуваат на свој начин вистинска атракција. „Во нашата меѓусебна комуникација тие предложија два проекти. Едниот беше рок-ин, тоа им е понов проект, во кој што изведуваат обработка на нивните удирачки...

Продолжи со читање

Промоција на белгиски танц

Post Views: 210 Промоција на белгиски танц и култура во Охрид и Струга. Настапувајќи низ целиот свет, Инкар Дансинг, групата ќе се претстави пред љубителите на модерниот танц. Станува збор за млади студенти од Белгија на кои модерниот танц им е хоби. Тие изведуват невообичаени, уникатни и прекрасни точки, со кои ја воодушевуваат публиката насекаде каде што досега настапиле, а посебно се атрактивни кога во танцот употребуваат знамиња. Нивниот менаџер Руди Путоман вели, чест е да се работи со млади талентирани деца кои одлично ја претставуваат Белгија и верува дека во иднина нивната...

Продолжи со читање

Уникатни инстрименти за прв пат во Македонија на Охридско Лето

Post Views: 123 Фестивалот Охридско Лето ја потврдува својата ексклузивност преку гостување на уметници кои музицираат на ретки инструменти кои до сега не се слушнати во Македонија, но и во регионот. Како што информираше музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, по извонредниот настап на „Glass Duo“, фестивалската публика вечерва ќе има ретка можност да ужива во музицирањето на уште еден уникатен инструмент, Алфорн. Станува збор за дуо, кое со интерпретација на својот уникатен звук доживува огромни успеси насекаде во светот, додава Неделковска. „Во нашата...

Продолжи со читање