Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Заев во Охрид го претстави законот за јазиците

Post Views: 7 Помина предлог законот за употреба на јазиците во Р. Македонија од страна на Владата. Денес пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид премиерот Зоран Заев и Хазби Лика заменик претседател на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, ги презентираа деталите од тој Закон. Заев истакна, дека со Законот за употреба на јазиците ја унапредиле употребата на јазиците на сите заедници, како и тоа дека сите одредби во законското решение биле согласно Член 5 од Уставот од РМ. Додаде дека пакетот го пратиле на усвојување во парламентот, а откако ќе...

Продолжи со читање

Пчеларството во Охрид, пред колапс

Post Views: 4 Пчеларската бранша е исправена пред колапс, коментираат пчеларите од охридско. Причина за тоа се ниските температури кои го зафатија нашиот регион кон крај на месец април, кои не дозволија пчелите да излезат од пчелните сандаци во првите пролетни денови. Тони Јосифовски претседател на охридските пчеларски здруженија, вели дека се тоа доведе и до голема смртност на пчелната популација, што загрижува. „Годинешнава реколта е катастрофална, станува збор за катастрофа. Последните надежи можат да изумрат кај голем дел од пчеларите. Катастрофални се приносите. Оваа...

Продолжи со читање

Благослов за новиот муфтија

Post Views: 3 Екс муфтијата Ферат Полиси при донесувањето на одлука за  рушење на дел на џамијата бил свесен за последиците. Како што веќе информиравме, тој потег го чинеше, негово разрешување. „Ако не го преземев овој чекор на своја рака и покрај предупредувањата на повисоките структури на ИВЗ, како и разните притисоци, муслиманите од Струга ќе се збогуваа со идејата за изградба на голема џамија во градот и центар за клањање“, истакнува Полиси.  Додава дека и покрај огромниот притисок што го трпеле, тие си го направиле своето.„Но накрај ние го направивме она што требаше сметајќи...

Продолжи со читање

„Вивалдијано – град на огледала“ со настап на Охридско лето

Post Views: 8 Исправени пред предизвикот да се гради брендот на институцијата Охридско лето, за нас најважно е доследно да ја испочитуваме традицијата и домаќински да работиме. Денес кога престижниот фестивал Охридско лето го одбележува својот 57 роденден, продолжуваме да ја градиме вредноста на светското собиралиште на врвни уметници, истакна директорката на фестивалот Сузана Вренцовска. „Многу луѓе тука на оваа фестивалска сцена оставиле свој белег и се заслужни за успесите. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од...

Продолжи со читање

Андреј Стојановски победник на Илинденскиот маратон

Post Views: 10 Андреј Стојановски прв доплива на целта на 38 то издание на Илинденскиот пливачки маратон 2017. Во конкуренција на шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови кои плива во водите на Охридското Езеро, поделени во две категории, тој успеа да ја понесе годинешнава победа. Стојановски вели дека имал мала криза после олимпијадата за глуви која се одржа во Турција, но желбата да плива на Илинденскиот маратон во Охрид била појака од се, така што воопшто не му било тешко без придружба да плива. „Андреј учествуваше на Олимпијадата за глуви што се одржуваше...

Продолжи со читање

Спомен соба за Незлобински

Post Views: 9 Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на...

Продолжи со читање

Здравјето пред профитот

Post Views: 8 Прашањето за каменоломите во струшко Лабуништа никако да се најде на дневен ред на седниците на струшкиот Совет. Советникот од Нова Демократија, Абдула Ќазимоски во неколку наврати упорно ја наметнува оваа точка. Тој воедно ја образложува итноста од дискусијата на оваа тематика  и предупредува на сериозноста на проблемот.„Незнам ако ги делиме некои работи правењето профит е секундарна работа здравјето животот на човекот е примарна работа. Ми се чини дека со ингеренции на општина Струга со нашите можности да делуваме требаше денес да се стави тоа и да се бара...

Продолжи со читање

Топлотниот бран во Охрид го зголеми бројот на интервенции

Post Views: 9 Топлотниот бран кој деновиве го зафати охридскиот регион ги зголеми и интервенциите на медицинските тимови на интерното одделение при охридската општа болница. Колабирања, влошена здравствена состојба на хронично болни, се само дел од состојбите на кои се интервенира, вели началникот на интерно одделение д-р Виолета Милошеска. „Со високите температури и кај нас е зголемен бројот на прегледи, интервенции. Препораки се да не излегуваат на топлото време, да пијат доволно течности, да носат полесна и бела облека и доколку имаат проблем веднаш да се јават во Итната...

Продолжи со читање