Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Точков: Да се користат само безбедните капалишта

Post Views: 9 Крајно време е на Охридската ривиера комплетно да бидат воспоставени безбедни услови на капалиштата. Сите концесионери треба да ги почитуваат законските одредби од правилникот кој е донесен од страна на Капетанија на пристаништата на Македонија и Министерството за транспорт и врски, укажува претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точков. Засега, според Точков, на охридското крајбрежје небезбедни се 30% од капалиштата, додека пак во соседна Струга и Преспанскиот регион дури над 50% од капалиштата се небезбедни. „Имаме доста неодговорни концесионери, пробавме...

Продолжи со читање

ДУП-от за струшко крајбрежје-топ тема на седница на совет

Post Views: 4 Со задоцнување од еден час од закажаното време отпочна 39 тата седница на струшкиот Совет. Пардон за доцнењето немаше од страна на претседателот на Советот, но затоа пак, седницата почна со извинувања и забелешки на дел од советниците, во врска фамозниот ДУП за крајбрежниот појас. Мацески пред се од морален аспект, побара предлог одлука за поништување на предлог одлуката за НП на локалното крајбрежје. Крајна цел на ваквото барање би било да се изготви друг план кој ќе биде во  интерес на граѓаните, додаде тој.„Сакам да кажам дека ние како советничка група кои што...

Продолжи со читање

Општа болница Охрид доби ново санитетско возило

Post Views: 11 Општа болница Охрид доби ново санитетско возило. Тоа е донација од јапонската амбасада и е во вредност од 2 милиони и 370 000 денари. Секретарот на општа болница Охрид, Антонио Наумоски вели дека возилото е единствено од ваков тип во регионот, комплетно опремено и истото ќе обезбеди поквалитетна услуга, но ќе го олесни и работењето на установата.  „После 11 години се стекнуваме со ново комплетно воило со сите стандарди кое треба да ги има едно санитетско возило.  Пред се бевме зависни од службата на Брзата помош која многупати не покриваше бидејќи немавме...

Продолжи со читање

Драмскиот дел на Охридско лето го отвара сараевската приказна „Жаба“

Post Views: 8 „Камерниот театар 55“, од Босна и Херцеговина утре во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе театарската претства „Жаба“. Оваа култна претстава една деценија ги полни театрите ширум бившите југословенски простори, а изведби имаат и во Европа. Како што нагласи драмскиот селектор на Охридско лето Зоран Љутков оваа претстава има вкупно 233 изведби. „Веројатно е многу интересно да бидете дел од еден проект кој што опстојува 10 години на својата сцена. Јас најголемиот максимум што сум го имал во една претстава е некаде околу 100 изведби, со траење од 6...

Продолжи со читање

Негрижа за спомениците

Post Views: 43 Пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Малку остана од она што значи спомен и почит кон паднатите борци од НОБ. Надлежните ова место го запоставиле и малку водат грижа за да се зачува вредното, велат стружани. Додаваат дека секој ќош во општината има свое значење.„Треба да се води повеќе грижа за историските споменици. Во Струга се е од голема важност и треба тоа да се негува“Денес тука пред споменикот на револуцијата може да се забележи дека човечката рака само го доуништува она што забот на времето веќе одамна го прави. Искршени скалила, откорнати...

Продолжи со читање

За прв пат „Охридско лето“ отворено со џез музика

Post Views: 7 Древниот Охрид, креативното духовно жариште и прекрасна приказна, останува мост за духовно поврзувње и негување на културните и духовни вредности но и патоказ за еден поубав и похуман свет. Тоа се потврди и синоќа на отварањето на 57 издание на најпрестижната културна манифестација „Охридско лето“. Светската атракција, џез составот „Форплеј“, со својот настап ја воодушеви публиката во преполнетиот амфитеатар. Американските џезери придружувани од Македонската филхармонија под диригенската палка на маестро Емин Џијан, приредија незаборавен концерт кој долго ќе се...

Продолжи со читање

Шпаркасе Банка донираше медицинска опрема

Post Views: 3 Донација вредна околу 400.000 денари доби Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, Охрид од Шпаркасе Банка Македонија. Преку реализација на донации оваа банка активно ги поддржува проектите од областа на здравството. Целта на овие донации е да се овозможат современи и подобри услови за користење на здравствените услуги во специјалните здравствени институции во државата, истакна Зоран Дически, регионален директор на Шпаркасе Банка Македонија. „Денеска Шпаркасе Банка уште еднаш покажа дека е општествено одговорна банка, која се грижи за...

Продолжи со читање

Криза за вода

Post Views: 6 На стружани им се заканува криза за вода. Тоа ќе се случи доколку Министерството за земјоделие не ја преиспита својата одлука за давање под концесија на акомулацијата Шум. „На последната седница на Советот на општина Струга се донесоа заклучоци каде што се бара веднаш да се прекине со понатамошни градежни зафати во акомулацијата Шум, затоа што претставува важен објект за снабдување на граѓаните на оштина Струга. Исто така општина Струга постапи со барање на времена мерка на суд, вчера и денеска судот треба да излезе на терен, така да постои голем ризик ако не се...

Продолжи со читање