Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Велосипедските патеки во Охрид без насока

Post Views: 131 Светскиот тренд примена на велосипеди низ градските улиците добро е што е присутен во најголемиот туристички центар, Охрид. Но, дел од охридските советници на последната седница на Совет ги изнесоа своите забелешки дека велосипедските патеки во Охрид се без обележани насоки кои велосипедистите можат да ги користат. На патеките кои во моментов не се обележани, не можат да се снајдат ниту професионалците нити пак аматерите, вели Жаклина Лазареска, советничката на СДСМ. „Може да настане голема незгода, да се сретнат велосипедисти од двете страни, значи многу е небезбедно...

Продолжи со читање

Во сите средни училишта во Охрид има слободни места за упис

Post Views: 286   По првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училчишта во Охрид останаа слободни места во сите училишта. Вообичаено најголем интерес има за гимназиското образование по што следуваат медицинското, економското училиште и за електро струката во областа компјутерска техника. Директорката на Средно општинско стручно училиште „Св Кирил и Методиј“, Славица Костоска информираше дека во економската струка останале 104 празни места, профил економски техничар за 4 паралелки и здравствена струка профил медицинска сестра слободни 15 места за формирање на една...

Продолжи со читање

Четкар го отвори Бело лето 2016

Post Views: 111   Со прекрасниот концерт на нашиот сограѓанин познатиот автор, вокалист, композитор Владимир Василевски Четкар, во предворјето на црквата Св Софија беше означен почетокот на летната сезона во Охрид. Оваа туристичко – промотивна манифестација годинава го бележи своето трето издание. Првиот човек на градот Никола Бакрачески, открива дека овааа сезона нашиот туристички бисер ќе биде центар на културните збиднувања како никогаш до сега. „Ако по утрото денот се познава, тогаш оваа вечерна комбинација на божествена убавина на западната страна на црквата Света Софија...

Продолжи со читање

Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача

Post Views: 120 Пуштен во употреба новиот пат во населба Рача. За нецели три месеци Локалната самоуправа на Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески успешно го реализираа овој значаен проект односно изведоа градежни зафати за асфалтирање на 900 метри од патот Рача – Кромидишта. Градоначалникот Бакрачески задоволен од сработеното, посебно од причина што првично овој проект задавал дилеми во стручната јавност кои што се занимаваат со изградба и реконструкција на патишта, но и кај службите во Локалната самоуправа поради специфичноста на теренот. „Се работеше по многу непристапен...

Продолжи со читање

Канеофест по 15 ти пат во Охрид

Post Views: 154 Фестивалот на новокомпонирана музика „Канеофест“ 2016 по 15 ти пат ќе се одржи во Охрид. Телевизија Морис веќе 4 години се јавува како организатор и покровител. Фестивалот започнува утре во 21 часот во ЦК „Григор Прличев“, влезниците чинат 50 денари а како што појасни директорот на фестивалот Кристина Алексиеска со нив публиката ќе има можност да гласа. „Фестивалот ги брои само новокомпонираните авторски музички македонски мелодии. Од 2013 година фествалот разви две фестивалски вечери и тоа првата вечер е посветена на фолк музиката, токму фолкерите ќе го отворат...

Продолжи со читање

Охрид сеуште нема сообраќајна студија

Post Views: 120   Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици, забележуваат дел од градските избраници. Јован Стојаноски опозициониот советник вели дека никаде ја нема бомбастично најавуваната сообраќајна студија веќе четири години од страна на актуелното раководство на градската власт. „Нема никаков сообраќаен проект, а тоа повлекува и соодветна прекршочна постапка која надлежниот орган понатака треба да ја поднесе. Она што граѓаните сосема јасно го знаат е што години наназад беше...

Продолжи со читање

Програмата за времени објекти не стигна на дневен ред

Post Views: 124 На денешната седница на охридскиот Совет, за дополување на дневен ред со точка, Предлог одлуката за донесување на програма за времени објекти, не помина. Тоа отвори бурна расправија помеѓу охридските советници, кои првично изразија сомнеж и од двете страни во врска со гласањето. Градоначалникот Никола Бакрачески образложи дека пројавувањето на сомнеж при гласањето и барање поединечно гласање е демократско право, но според него советниците од опозицијата требало да ја наведат причината зошто се против ставање на дневен ред на точката која се однесува на програмата...

Продолжи со читање

Граѓаните да побараат оштета од ЕВН Македонија

Post Views: 165 Изгореа телевизори, фрижидери и други електрични апарати поради проблем со електричното напојување. Жителите од станбениот комплекс на ул. „Туристичка“ наспроти ОУ „Григор Прличев“, утрово се обратија до нашата телевизиска куќа реагирајќи дека не е прв пат да се соочуваат со ваков проблем. „Некаде околу 10 часот настана проблем со струјата….сијалиците чудно се однесуваа, се слушна некаков звук и некаде окиолу 10 и 30 се запали телевизорот…ги повикав комшиите, се обидовме да го санираме проблемот, имаше голема миризба, исклучивме се и за кратко време...

Продолжи со читање

Зголемен е интересот за купување станови во Охрид

Post Views: 132 Зголемен е интересот на граѓаните за купување на станови во Охрид. Откако банките ги намалија каматите за станбените кредити, интересот на граѓаните за купување станови е се поголем. Повеќето комерцијални банки, од пред три месеци, за три отсто ја намалија каматната ставка за станбените кредити, што сепак тоа се отслика врз интересот на купувачите, сметаат од агенциите за недвижности. Наташа Спасеска сопственик на Агенција за недвижнини, открива дека сеуште најатрактивни се локациите во централното градско подрачје, популарните Билјанини Извори и вдолж брегот на...

Продолжи со читање

Учествувај и оформи си бенд – биди дел од АЛО 2 Фест

Post Views: 147 Фестивалот Алтернативнативно лето 2 и годинава, по втор пат, се организира во Охрид. Во тек е отворениот повик за волонтери на кој можат да се пријават сите на возраст од 14 до 35 години и тоа за учество во организација на фестивалот, а има простор за пријавување на млади и талентирани музичари кои сакаат да оформат свој бенд или група. „Првично рокот за пријавување беше до 10 јуни, поради екстерните тестирања, мислам дека во ред е на младите им отстапиме уште десет дена така што крајниот рок за пријавување годинава е до 20 јуни“. Паунковски информираше дека фестивалот...

Продолжи со читање

Пристигнаа првите израелски туристи во Охрид

Post Views: 127 Пристигна првата група туристи од Израел. 110 те туристи кои од Тел Авив пристигнаа вчера со чартер-летот на израелската авиокомпанија „Аркиа“, беа дочекани со традиционалната македонска закуска, искршено лепче, а топло добредојде им посака првиот човек на градот Никола Бакрачески. Градоначалникот истакна дека ова значе почеток на нова ера на привлекување на гости и пријатели од Израел во Охрид. „Се надевам дека со воспоставување на овие чартер летови три пати неделно, ќе имаме можност да нашите другари од оваа пријателска држава ги гледаме на охридското крајбрежје...

Продолжи со читање

Охридскиот Архив го одбележа Меѓународниот ден на архивите

Post Views: 216 Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува со цел да се зголеми јавната свест за архивскиот материјал, за неговото чување и заштитата, за подобрување на пристапот до него, промовирање на ретките документи и создавање подобра слика за архивските институции и нивна отвореност на глобално ниво. Првиот човек на регионалното одделение на Државниот Архив на РМ во Охрид, Славица Јанкоска, истакна дека одбележувањето на овој значаен датум, 9 ти јуни, го следи и нивната реномирана Установа, која последнава година бележи голем подем...

Продолжи со читање