Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија деновиве на неколку локации во Охрид постави инструменти за мерење силни земјотреси. Еден од нив е поставен на 9 катница во Охрид, во подрумот на објектот на општина Охрид и на уште неколку витални места во градот, пренесува директорот на ИЗИИС д-р Михаил Гаревски. Тој вели дека овие инструменти за нив како сеизмолози се драгоцени, во следење на земјотресите. Додеде дека од утре во нашиот град ќе престојуваат триесеттина експерти од нивниот институт кои ќе вршат увид на оштетените објекти. „Јас очекувам не...
Јама во Струга, прелива со години
Post Views: 6 Со гумени чизми до канцалариите на државниот инспекторат. Тежок е пристапот до подрачните единици на Министерството за Образование, Министерството за Труд и социјална политика и неколкуте инспекциски служби во Струга. Причина, јамата која прелива и од каде се шири неподнослива реа, пред самиот влез на спомнатите институции. Проблемот е стар колку што е и стар и објектот, бидејќи оваа зграда не е приклучена во канализациониот систем. Водата од шахтата која прелива, ја има постојано и веќе си има оформено и свој басен, па уште малку треба да постане мала баричка. Но...
Крводарителот Димитар Свилар 4 децении живее без вода
Post Views: 10 Три фамилии од Долно Лакочереј Охрид, 4 децении живеат без вода во своите домови. Тропајќи од врата до врата по надлежните институции, тие освен како што велат омаловажувања не добиле никаква надеж ниту некое ветување дека некој ќе се нафати да го реши проблемот. Димитар Свилар, кој е познат крводарител и кој досега дарувал 188 пати крв, за ТВМ раскажа како е да се живее без вода и што се направил за да донесе вода во неговиот скромен дом. „На сите им дадоа вода мене и на комшиите не. Незнам зошто, само велат дека сме дојденци и ништо не сме допринеле за селото...
СДСМ под пенџере кај ВМРО – ДПМНЕ
Post Views: 7 Струшките социјал демократи, предлагаат конкретни мерки за стопирање на урбанистичкиот хаос. Тоа го направија пред влезот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Наташа Пинтоска Беќароска, советничката на СДСМ, деновиве е во прва борбена линија против уништувањето на струшкото крајбрежје. Таа го повика челнството на ВМРО ДПМНЕ да донесат две важни одлуки.„Прво, веднаш да ја напуштат владеачката коалиција која ја имаат со Рамиз Мерко и ДУИ на локално ниво во Струга. Второ, да го повикаат Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во ниту еден случај да не го одобрува...
Струга-Бејрут
Post Views: 7 Грда слика на струшкиот пазар. Насекаде расфрлан отпад, хаос од возила, се продава и се нуди се и сешто, се гради плански и неплански, насекаде се шири непријатна реа од скапаниот пазарски отпад, и на се тоа нема кој да воведе ред. Купувачите, па и пазарџиите, веќе подолго време се соочуваат со овој проблем и нередот кој што владее тука, упатија критика до надлежните.И невладиниот сектор од Струга има забелешки за струшкото пазариште. Велат дека се секојдневно ги слушаат бројни забелешки од граѓаните. Нивната констатација е дека Струга е на прво место по неред и...
„Сага за Охрид“ – книга за историското минато во Охрид
Post Views: 8 Промовирана книгата „Сага за Охрид“. Станува збор за дело во кое авторот, познатата новинарка Валентина Нелоска, низ 35 наслови ја открива својата душа, вткаена во Охрид, градот во кој живее и твори. Дел по дел, авторот, многу стрпливо, концизно и умешно, ја доловува секоја ситница од минатото на луѓето кои имаат своја приказна врзана со историјата, традицијата и постоењето на Балканскиот Ерусалим. Со оваа прва книга Нелоска, како што и сама истакна, остава нешто вредно зад себе, за градот кој и е на дланка, и секојднево се повеќе и повеќе ја инспирира да пишува и...
„Off Road“ викендов во Охрид
Post Views: 9 Викендов во Охрид „Оф Роуд“ авантура. Учесници од цела Европа престојниов викенд, односно 1 и 2 јули ќе бидат дел од незаборавната авантура по Илинска планина. Настанот е во организација на здружението „Off Road Ohrid“. Претседателот Александар Илоски пренесува дека изненадени биле од големиот одзив и интерес на љубителите на авантуристичкото возење во природа по тешко пристапни патишта и се очекува на настанот да има 350 учесници, 200 теренски Оф роад возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши. „Нови сме во оваа работа, овој спорт во странство е познат, кај нас...
Погубен нацрт план
Post Views: 6 Напната атмосфера во Струга. Причина, носењето на нацрт урбанистичкиот план од страна на Советот на општината, за измена на струшкото крајбрежје. Новиот координатор на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски ја отпочна својата прва задача и во име на партијата ја побара поддршката на сите стружани, во одбрана на граѓанските интереси. „Силно го осудуваме актот за уништување и разнебитување на струшкото крајбрежје, осмислен од страна на општинската администрација, поддржан од советниците на СДСМ“, рече Петкоски.„ОК на ВМРО- ДПМНЕ Струга заедно со граѓаните на Струга ќе се...