Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Нови контејнери за селекција на отпад во Охрид

Post Views: 13 Нови контејнери во Охрид за селекција на отпад. 15 пластични контејнери со специјална форма во вид на ѕвоно и со наменски определен отвор за одлагање отпад од стакло, деновиве се распоредени на исто толку локации во нашата општина. ЈП „Охридски Комуналец“ садовите ги доби како резултат на соработката што ја имаат со друштвото Пакомак од Скопје, информираше директорката на ЈП Елена Скрческа. „Ние се стремиме кон се поголема селекција на отпадот, како дел од тој отпад би се искористувал, односно што помлку смет носиме на депонијата Буково. Прво ни е на голема...

Продолжи со читање

Пазрот на недвижности во Охрид во континуиран пораст

Post Views: 3 Туристичкиот бисер, Охрид, не само што е магнет за гости туку е и магнет за клиентите кои што сакаат да инвестираат во недвижен имот. Ако се погледнат сите аспекти, клима, еколошки незагадено место, природно, културно наследство, се тоа на потенцијалните инвеститори кои сакаат да потрошат средства купувајќи недвижнини им нуди еден опуштен живот, вели Наташа Спасеска Цветкоска, менаџер на агенцијата за недвижнини Капитал консалтинг Охрид. Таа открива каква структура на клиенти купуваат, во Охрид, а нагласи дека и пазарот на недвижности во Охрид е во пораст. ...

Продолжи со читање

Струшките социјалдемократи се скараа

Post Views: 9 Струшките социјалдемократи се скараа. На последниот партиски состанок, членовите на ОО на СДСМ, разговарале на висок тон и го кренале гласот против двајцата советници од нивните редови, Александар Попоски и Илија Мацески, заради нивната подршка на Нацрт Урбанистичкиот План за измена на крајбрежниот појас на последната седница на Струшкиот совет. Претседателот на партијата Александар Попоски, на чија адреса има сериозни забелешки од страна на членството  и од кого се бара оставка, не беше расположен за изјава во врска неговата постапка, само накратко рече дека сега...

Продолжи со читање

Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад

Post Views: 11 Плажата пред некогашниот хотел Младост, затрупана од отпад. Ова место на крајбрежниот појас од Охридското Езеро, сеуште важи за недопрена природа од човечкиот фактор, ако може и денес така да се каже. Но за жал прекрасниот амбиент го расипуваат несовесни граѓани, кои што за време на викендите уживаат под длабоките сенки на дрвјата, се сончаат и капат, а зад себе ја оставаат нивната комуналната култура и ниска свест за заштита на животната средина. Револт кон ваквата негрижа изрази и активистката за заштита на природата, Мери Нанче. Таа вели дека не може да ја...

Продолжи со читање

Туристичките работници со барања до новата Влада

Post Views: 8 Развој на туризмот во државата, проекти за привлекување на странски туристи, се само дел од мерките предвидени во програмата на Новата Влада на СДСМ, за унапредување на туризмот, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Во таа насока, листа на одредени барања подготви и дел од туристичкиот еснаф од градот. Асим Меџедовиќ менаџерот на Фибула рече дека таа листа на барања во форма на документ ќе го достават до Владата и релевантните институции, од каде очекуваат прифаќање на нивните барања како и поддршка во нивните напори за подобрување на условите...

Продолжи со читање

На ФТУ се обновува студиската програма „Безбедност и финансиска контрола“

Post Views: 8 Излегоа квотите за прием на нови студенти на државните факултети. Охридскиот факултет за туризам и угостителство оваа академска 2017- 2018 година, доби добра квота од 430 нови студенти. Деканот на факултетот Цветко Андреески вели застапени се сите студиски програми, но откри и една новина во тој дел. „Она што е ново за оваа академска година е обновување на квотата за студиска програма безбедност и финансиска контрола и очекуваме поголем интерес за нови студенти во однос на она што го имавме минатите години“. Минатите години во трите уписни рокови на факултетот...

Продолжи со читање

Сугаревски: Владата сериозно ќе пристапи за решавање на проблемот со струшката депонија

Post Views: 8 Владата сериозно ќе пристапи кон надминување на проблемот со струшката депонија, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при неговата посета во Охрид. Тој истакна дека овој проблем кој има децениска природа, посебно бил актуелизиран со доаѓањето на новата Влада. „Јас како министер, заедно со Владата направивме се, прво пожарот кој што беше на депонијата да биде изгаснат. Тоа го направивме иако бевме обвинувани дека не сме правеле ништо, ете за жал претходната власт не направи ништо последниве 11 години околу депонијата и морам конкретно да кажам...

Продолжи со читање

Презентирани резултатите од истражувањето на состојбата со туризмот во Охрид

Post Views: 4 Охрид како атрактивна туристичка дестинација, секогаш отвара можности за внесување на нови производи во туризмот. Пред нецели два месеци отпочна реализација на проектот ЛАктив туризам, во кој проект се вклучени Локалната самоуправа, ФТУ и Туристичката агенција Вис Пој. Денес во хотелот Милениум се одржа завршниот настан од овој проект, на кој беа презентирани истражувањата кои ги направи охридскиот факултет за туризам, а беа презентирани и конкретните туристички производи. Туристичките експерти сметаат дека преку ЛАктив туризмот, чија што таргет група е...

Продолжи со читање