Автор: Николоска Биљана
Post Views: 148 Новинарите и медиумите парцијално ги познаваат проблемите од животната средина и така известуваат. Првата од четирите тематски работилници за развој на капацитети кај одбрани чинители поврзани со развојот на еколошкото истражувачко новинарство ја обработува легислативата за пристап на информации и учество во донесувањето на одлуки, појаснува проект менаџерот Кирил Ристоски. Според неговите размислувања еколошките теми и проблеми малку се застапени во медиумскиот етер и тоа во лимитиран временски период во текот на годината. „Застапеноста на еколошките теми и проблеми...
Холандски студенти ќе го промовираат Охрид
Post Views: 112 Шеесет студенти од холандските универзитети снимаат промотивен материјал за туристичката понуда на Охрид. Македонија оваа година е избрана за земја каде се одржува годишно собрание на најдобрите холандски академци кои студираат туристичка промоција и маркетинг. Првите впечатоци на студентите и воопшто на секој турист кој го посетил туристичкиот бисер Охрид се импресивни. Како што и самите кажаа нив ги опива прекрасната глетка на синилото од Охридското Езеро, зеленилото на НП Галичица, староградската архитектура, а гостопримството и љубезноста на месното население...
Ударните дупки, сеуште голем проблем за возачите
Post Views: 119 Ударните дупки, ноќна мора на секој возач. А во нашиов град за жал сеуште ги има на неколку фрекфентни улици, Кленоец, населба бараки, АСНОМ итн. Досега две поголеми акции на крпење ударни дупки се реализиртани на територијата на општина Охрид, вели портпаролот на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески. „Дел од централното и периферно градско подрачје беше опфатено со овие две акции во првата фаза, останатиот дел ќе бидат опфатени во втората фаза. Во рамките на првата акција за санација на ударни дупки, прекопи, навлаки низ улиците во општина...
Холанѓаните и наредните три годиниостануваат најредовни гости во Охрид и Струга
Post Views: 118 Холандските гости и наредниве три години сигурни туристи на охридско – струшката ревиера. На новиот договор веќе е ставен потпис од страна на „Корендон“ Холандија, „Фибула Ер Травел“ и охридско струшкиот хотелски еснаф, како што информираше директорот на „Фибула Ер Травел“, Асим Меџедовиќ. „Тоа се хотелите Метропол, Турист, Силекс, Десарет, Дипломат, Дрим. Београд, Изгрев и Макпетрол. Во овие специфични околности во кои што се наоѓа нашата држава и целиот регион овие договори имаат огромно значење, бидејќи во наредниов период во Охрид и Струга ќе доаѓаат нови 25...
Олимписки ден во Охрид
Post Views: 123 Под петте олимписки кругови денес во дворот на ОУ „Христо Узунов“беа претставени девет спортови меѓу кои теквондо, карате, гимнастика, алпинизам, атлетика, фудбал, пинг понг, кошарка и ракомет. Охрид во изминатите неколку години прерасна во партнер на спортот, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, вродува со плод и со право може да се каже дека нашиот град живее во духот на спортот, додаде градоначалникот. Тој нагласи дека како локална самоуправа многу направиле и за подигнувањее на спортската...
Основците од Велгошти и Лескоец во посета на спортски терени
Post Views: 120 Основците од Велгошти и Лескоец, во посета на спортските терени на СРЦ „Билјанини Извори“. Во рамки на воннаставните активности, трето и четврто одделенците од „Живко Чинго“ и „Ванчо Николески“ заедно со своите наставници имаа можност да ја видат спортската сала со приклучните објекти во неа, теретаната, базенот Атина Бојаџи, големиот стадион на кој се одржуваат фудбалски натпревари, теренот за вештачка трева, тениските терени, како и посета на едриличарскиот и кајакарскиот клуб „Стрмец“. Денешниот ден е мошне важен за учениците, а децата тоа одлично го разбраа...
Катамараните и годинава атракција на Охридското Езеро
Post Views: 133 Како едно од најатрактивните доживувања на бројните туристи кои го посетуваат Охрид се охридските катамарани. Во овие приватни сепариња гостите уживаат да пловат по Охридското Езеро, разгледувајќи ги крајбрежните културно историски споменици. Не постои охриѓанец кој не го познава бродарот Наум Матов. Неговите очекувања за оваа сезона се дека ќе биде најубава, бидејќи веќе присутни се Холанѓаните а имало најава за англичани, руси, турци и кинези. Матов раскажува кои водени рути најчесто му ги бараат гостите. „Најчести прошетки ни се од пристаниште до Канео, Лабино,...
Доделени наградите на најдобрите ученици на државните натпревари
Post Views: 116 Денес на плоштадот пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Градскиот парк во Охрид, претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска на најдобрите основци и средношколци од Охрид им врачи награди, за постигнати врвни резултати на државни натпревари, по различни наставни предмети. Списокот на наградени ученици беше над 50 сетина. „Можевте да бидете сведоци на навистина големиот број наградени ученици во сите области, значи природни, општествени науки, книжевност, литераура, многу музичари млади од нашата општина и тоа е нешто што без сомнение...
Панихида за Св Кирил и Методиј
Post Views: 120 Панихида за Св Кирил и Методиј. Во рамките на годинешната програма за чествувањето на Свети Кирил и Методиј, денес во салата на КУД „Ѓердан“ се одржа Панихида и свеченост. Најмладите играорци од КУД „Ѓердан“, како и нивните гости од Кавадарци, велат дека со задоволство се подготвувале за изврдба на македонските ора, посебно на големиот празник. „Ова ми е петта година каде што учествувам на овој патрон. Ќе се претставиме со ора од Егејска Македонија охридски игри…различн. Традицијата продолжува, вели уметничкиот раководител на КУД „Ѓердан“ Татијана Тренеска....
Течат реконструктивните зафати во болницата „Св Еразмо“ од Охрид
Post Views: 117 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ од Охрид е во напредна фаза од својата реконструкција. Како што информираше директорот на оваа здравствена установа д-р Митко Тилев со градежните зафати се отпочнало на почетокот од оваа година и до април 2017 година треба да биде реконструиран целиот болнички комплекс, Со овој проект како што појасни Тилев ќе се реновира и адаптира постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид, но и делот каде што треба да се пресели Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“. „Во...
Касами: Македонските стоматолози квалитетно работат затоа се ценети насекаде во светот
Post Views: 145 Од година во година расте бројот на странците но и нашинци што работат во странство, кои својата стматолошка нега ја доверуваат во нашите Стоматолошки ординации. Еден од аспектите секако дека е финансискиот, но кога станува збор за техника, технологија и методологија, рамо до рамо се носиме со светските трендови, открива претседателот на Здружението на албанските стоматолози во Р. Македонија, Недим Касами. Тој вели дека во Македонија се внесува квалитетен и современ материјал кој се применува во стоматологијата. „Материјалите се апсолутно исти, доаѓаат од познати...
Македонија подготвена за евро проектот Натура 2000
Post Views: 119 Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000. Реализацијата на овој проект финансиран од ЕУ, има за цел да го подобри законодавството од областа на заштитата на природата. Даниел Богнер, тим лидерот на проeктот „Зајакнување на капацитетите за имплентација на Натура 2000“ истакна дека Македонија се труди да се приближи кон ЕУ, а во таа насока некои од законите на нашата земја треба да се приближат до европските. „Се однесува на заштита на природата, има две директиви кои треба да се имплементираат овде и ние започпнуваме со тоа. Ние ја спремаме Македонија...