Автор: Николоска Биљана
Post Views: 17 Алпинистот Здравко Дејановиќ кој го виде светот од вториот највисок врв во светот, хималајскиот К2, своите впечатоци ги овековечи во книга. Во последните 8 години, на овој врв кој се протега на планинската верига Каракорум и е висок 8661 метри, Дејановиќ е првиот македонец, а втор човек во светски рамки кој во тој осумгодишен период се искачил таму. При искачување на врвот К2 секогаш сте изложени на животна опасност, раскажува Дејановиќ. Тој појасни како се одлучил да ја напише оваа книга која во неговата меморија од мисли имала посебен фолдер. „После...
Повторно медицински отпад на отворено
Post Views: 9 Медицински отпад и понатаму се одлага на струшката депонија. Неколкуте семејства кои што живеат во непосредна близина на депонијата се неми сведоци на сликата која редовно се повторува пред нивните очи, камиони на ЈП „Комунално“, кои покрај комуналниот одлагаат и медицински отпад. И покрај високата казна што ја доби ЈП Комунално од Струга, оние малку жители кои што живеат овде не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека камионите сеуште го истовараат на ова место опасниот медицински отпад и не ретко се случува на иглите дури и да се прободатПо се...
Пуштена во употреба пешачката патека Студенчишта, Парк
Post Views: 16 Пуштена во употреба пешачката патека Студенчишта, Парк. За два дена градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, пресече две црвени ленти на спортско рекреативни зони во градов. Бакрачески не го крие задоволството од успехот во реализацијата на проекти кои според него се од огромно значење не само за охриѓани туку и за гостите кои го посетуваат Балканскиот бисер. „Еден од начините да уживаме во природата е изградбата на пешачко рекреативни зони. Морам да бидам искрен и нескромен дека во овој период од две години откако почнаа првите градежни активности на оваа...
Пуштена во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео
Post Views: 10 Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео и два краци, еден кон плажата Лабино другиот кон Воска и Даљан. Добивме една целина, со која на граѓаните им нудиме место за релаксација, спорт и доживување на убави моменти во раскошната природа и пејсажи кои ги нуди погледот од оваа патека, истакна првиот човек на градот, Бакрачески. „Го споделувам задоволството од реализација на овој проект и да се заблагодарам на сите оние кои што учествуваа во изведувањето на целокупниот...
Кој ќе ја наследи Надица Николовска?
Post Views: 5 Низ струшките чаршиски кулоари се погласно се коментира кој в раце ќе го земе кормилото на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ. Од околу 40 пријавени активисти на најголемата владеачка партија, деновиве на разговор кај премиерот Никола Груевски повикани биле само 5 од нив и тоа, Стефан Томаноски, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски, Перо Петкоски и Марко Стрезоски. Дел од посериозните кандидати за оваа атрактивна позиција се релативно млади кадрии. Конкурсот кој го распиша партијата за избор на претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, уште пред 4 месеци, следи по...
„Биди промената“, проект за подигнување на јавната свест за бегалците и мигрантите
Post Views: 10 Учесници од 5 земји, Македонија, Словачка, Италија, Шпанија и Романија се дел од проектот „Биди промената“. На овој проект работат четириесет млади луѓе во рамките на Еразмус+ програмата. Тие преку размена на младински искуства работат на темата бегалци и миграции. Со цел да се информираат што е можно поголем број на граѓани за програмата Еразмус+ и сите можности кои им стојат на располагање, денес на градскиот плоштад Св Климент Охридски во организација на Здружението ГЕТ ИНОВАЦИЈА од Битола, беше организиран флеш моб. „Од она што беше досега презентирано,...
Средните училишта, подготвени
Post Views: 5 Време е да се размислува за упис во средните училишта. Ако се спореди со минатата година, уписите одат тешко и за некои струки се чуствува недостиг на ученици, отворено коментираат првите луѓе на струшките средношколски центри. Директорот на гимназијата Др „Ибраим Темо“, Урим Крека, вели дека оваа учебна година работат со една албанска паралелка помалку поради помал број пријавени ученици. Додава дека за престојната 2012-2013 година очекуваат поголем прилив на ученици како би се исполнала предвидената бројка. „Според паланот што ние го имаме подготвено и кој е...
Еколошка акција за подводно чистење на дел Охридското Езеро
Post Views: 13 Подводно чистење на водите во Македонија. Вкупно 10 акции се предвидени во рамки проектот „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата“ во реализација на Спелео нуркачкиот клуб „Врело“. Денес тие во пресрет на главната туристичка сезона спроведоа две акции за чистење на отпадоци на охридските плажи „Кај Дивоно“ и пред хотелот Бетон. „Се загадени во голема количина, вадиме претежно пластика и гума која што е тешко разградлива и мораме да ги менуваме навиките бидејќи нашите претци отпадот го...