Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Лични асистенти добија 8 лица со инвалидитет од Охрид

Post Views: 10 Персонална асистенција за 8 лица со инвалидитет од Охрид. Во рамките на проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“, а врз претходно направена анализа за потребите и побарувачката за професионална рехабилитација и персонална асистенција, утврдено е дека приоритети во однос на ова прашање мора да бидат организирање медицинска и физичка рехабилитација за лицата со инвалидитет, како и сертифицирање на компании за персонална асистенција. „Персоналните асистенти ќе работат за одреден надомест. Станува збор за пилот проект кој ќе трае два месеци....

Продолжи со читање

Охридското очно одделение врши 1500 прегледи месечно

Post Views: 10 Офталмолошкото одделение при Општа болница, Охрид има полни раце работа. Месечно на очното одделение се прават дури 1500 прегледи открива главната сестра од ова одделние Јулија Трпковска. Таа вели дека работната атмосфера на нивното одделение е на високо професионално ниво, благодарение на добрата организациона поставеност и залагањето на докторите, да одговорат на потребите на сите пациенти. „Кај нас има постојано гужва. Нашите доктори се врвни специјалисти, доаѓаат пациенти од Струга, Дебар, преголема фрекфенција имаме, замислете први пациенти 1500 во...

Продолжи со читање

Охрид е подготвен да трчаТ

Post Views: 8 Викендов ќе биде во знакот на големата спортска манифестација Охрид трчаТ. Се е подготвено за реализација на овој настан кој годинава за прв пат се организира од страна на Асоцијација „Спорт за сите сите за спорт“. Активностите започнаа уште вчера со основците од градов каде беа вклучени над 300 ученици. Иван Цветкоски од Асоцијација за спорт, истакна дека во текот на утрешниот ден од 15 часот до 20 часот ќе се делат стартните пакети, каде ќе биде стартниот број со електронски чип. Тој исто така ги откри и деталите за главната трка која ќе се одржи во недела на 4...

Продолжи со читање

Основците од Охрид почнаа да трчаат

Post Views: 8 Школската трка на охридските основци го означи почетокот на големиот настан Охрид трчат. Денес по кејот Македонија со старт од пред хотел Милениум па се до споменикот на браќата Кирил и Методиј во градскиот парк, трчаа три категории ученици во, женска, машка и рекреативна конкуренција. Една од целите на овој настан е етаблирање на трчањето и спортот како потреба за квалитетен живот, истакна Јоне Станкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“. „Училишните спортови треба да заземат примат во понатамошниот тек на образованието и да се...

Продолжи со читање

„Вдиши театар“ по четврти пат во Охрид

Post Views: 5 Четвртиот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 1 до 4 јуни. Театарската завеса ќе ја крене драмата „Багаж“ , на 01 јуни кога е и свеченото отворање во предворјето на црквата Св Софија. Драмата е во текст и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц. „Овој фестивал веќе стана традиционален и меѓународен, исто така ќе имаме присуство на гости од Суботица, Требиње, Ужице и Дубровник. Драмата е за млади луѓе кои заминуваат од нашата држава, сите тие имаат иста крајна...

Продолжи со читање

Временото решение на пазарот ги скара дуќанџиите и работниците од градилиштето

Post Views: 7 Проблематичниот крак на ул „Абас Емин“, откако отпочна изградбата на современиот охридски пазар, се претвори во арена на конфликти помеѓу пазарџиите, дуќанџиите и работниците на АД „Илинден“. Не поминува ниту еден ден без кавга на овој потег, а утрово по се изгледа дека состојбата кулминираше, бидејќи беше повикана на помош и полицијата. Краткиот пат кој се користи како влез на тешката механизација и камионите до градилиштето на современиот пазар, служи и за дотур на роба на пазарџиите, дуќаните и маркетот. А истиот е и единствен пристапен пат на станарите кои со...

Продолжи со читање

Десет години хумана мисија на охридските лајонисти

Post Views: 9 Година на јубилеи на лајонс движењето. Под мотото „Децата појасно да го гледаат светот“ охридскиот клуб одбележува десет години од своето постоење. Проектот се спроведува и на државно ниво, кој пак е во знакот на 20 годишниот јубилеј, додека пак лајнонизмот во светот бележи 100 години постоење.Денеска во градинката „Јасна Ристеска“ беа правени офталмолошки прегледи на видот кај најмалите охриѓанчиња. Претседателот на Охридскиот Лајонс клуб, Љупчо Жупан истакна дека навремените офталмолошки прегледи се од големо значење посебно кога тие се прават на возрас кој ја...

Продолжи со читање

Висока цена за договор

Post Views: 5 Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се...

Продолжи со читање