Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

ЕХФ ќе ја оценува подобноста на салата „Билјанини извори“

Post Views: 226 Ќе биде ли Македонија домаќин на  врвен женски ракомет годинава? Европското првенство за жени остана без домаќин откако Холандија се откажа од организацијата. Сега се бара нов. Меѓу пријавените земји кои се заинтересирани, некако се најде и нашата. Ракометната федерација на Македонија ја пријавило земјава како можен организатор на првенството. Како адут за добивање на организацијата на ова првенство нашата ракометна федерација ги наведе релативно добрите сали кои би можеле да ги исполнат критериумите на ЕХФ. Ако организираме сами, тогаш предложени се салата Борис Трајковски...

Продолжи со читање

Започна проектот „Охрид град на цвеќето“

Post Views: 223 Охрид несомнено ќе биде град на цвеќето. За тоа ќе се погрижи јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во чии раце е спроведувањето на проектот кој носи наслов „Охрид град на цвеќето-2012“.Трајан Љаткоски, раководител на „Паркови и зеленило“ смета дека помина времето кога туристите се воодушевуваа само од културно-историските споменици, туку дека се повеќе тие застануваат и се сликаат пред зеленилото и цвеќињата во Охрид. „Оваа година ЈП Охридски комуналец се одлучи Охрид, 2012та да биде град на цвеќето. Тоа значи дека покрај тие 300 жардињери што ги доделивме, ЈП...

Продолжи со читање

Охриѓани имаат голема желба да бидат полициски службеници

Post Views: 240 Позицијата полициски службеник навистина посакувана професија. Охриѓани посебно загреани за јавниот оглас кој го објави Министерството за внатрешни работи за нови вработувања. Со овој оглас, се бараат 300 нови полициски службеници, а пријавувањето се врши во секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид. Во СВР Охрид, само во изминативе три дена биле примени околу 220 апликации. Со оглед на бројките, од СВР Охрид до крајот на огласот очекуваат полни раце работа.„Согласно распишаниот јавен оглас кандидатите треба да...

Продолжи со читање

Срушена плоча поклопи двајца работници во населба Рача

Post Views: 219 Жителите од населбата Рача претпладнево беа вознемирени од сериозен инцидент. При изведување на градежни зафати на летна кујна се срушила бетонската плоча на објектот и ги поклопила двајцата работници кои работеле во моментот. На местото на настанот веднаш пристигнале екипите на првата помош како и противпожарната единица кои успеале да ги извадат повредените од под рушевината. Двајцата работници потоа беа пренесени во специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“-Охрид. Дополнително на местото на настанот, пристигна и екипа од секторот за внатрешни...

Продолжи со читање

Охридските пратеници од ДПМНЕ во посета на болницата Свети Еразмо

Post Views: 265 Охридското пратеничко дуо, Александар Николоски и Хари Шокароски, ја посетија болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Имаа можност одблиску да го разгледаат работењето на болницата. Николоски и Шокароски имаа и работна средба со раководството на болницата на која се разговарало за позитивните достигнувања на „Свети Еразмо“, но и за предизвиците и проблемите со кои оваа болница секојдневно се соочува пред се поради напливот на пациенти.„Ова е институција која што континуирано бележи успеси. Институција која што откако е д-р Митко Тилев директор...

Продолжи со читање

Заштита на Охридското езеро-приоритет за сите

Post Views: 211 Кога се размислува за заштитата на животната средина, неодминливо е споменувањето на заштитата на Охридското езеро. Таа заштита, според независниот екологист, Лазо Наумоски треба да биде приоритет кога станува збор за заштитата на животната средина. Наумоски смета дека главна причина за состојбите со Охридското езеро се загаденоста на реките Грашница и Сатеска кои според него претставуваат црни еколошките точки. „Една од најпроблематичните црни еколошки точки во Охридското езеро знаеме дека е реката Грашница. Таа минува кај Црногорците, кај Велгошти почнува и поминува...

Продолжи со читање

Спречен шверц со кафе во водите на Oхридското езеро

Post Views: 230 Петнаесет вреќи со над 900 килограми кафе, синоќа, триесетина минути по полноќ, пронајде и одзеде, езерската полиција, од Охрид, при вршење на патролна дејност, помеѓу Aвто Kампот „Eлешец“ и Пештани. На метален чамец биле натоварени 7 вреќи со кафе, секоја од по 60 килограми, а уште осум вреќи со кафе биле пронајдени во непосредна близина на чамецот, имало и моторна пента и пластичен резервоар со гориво. Пронајдените предмети се однесени во полициска станица за понатамошна постапка, а против непознат сторител, за кривично дело „Криумчарење“, поднесена е и кривична...

Продолжи со читање

Вевчански карневал-традиција која не замира

Post Views: 220 Вевчанскиот хумор бесмртен како и карневалот. Цели 14 векови традиција, од година во година се помасовен, се попосетен, се поенергичен. Вевчанскиот василичарски карневал уште еднаш успеа на едно место, во держава Вевчани, да собере илјадници луѓе, од целата држава, па и од целиот свет. Со право ви треба посебен пасош за да влезете во ова историско место каде магијата оживува пред вашите очи. Ѓаволи, вештерки, султани, комити, зетот од Горна маала, Златниот човек… На Вевчанскиот карневал, се е возможно и остварливо. Од традиционални маски, па се до иронични претстави...

Продолжи со читање

Детските игралишта се почесто мета на вандалски чинови

Post Views: 234 Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити. „Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа,...

Продолжи со читање

Една третина од годината Македонија не работи

Post Views: 214 Македонците обично важат за вредна нација која не се плаши да ги засука ракавите и да сработи нешто. И ова донекаде е точно. Но ако ѕирнеме во статистиката, малку ќе ја разнишаме оваа теорија. За сите, па дури и за нас тука во Македонија, годината си има 365 дена ама многу е јасно дека не може сите да се одработат бидејќи нацијава ќе ни беше ептен уморна. Не, не работиме 365 дена. Ако од оваа бројка ги одземеме 105те дена од 2012 година кои отпаѓаат на неработни викенди, излегува дека работиме 260 дена годишно. Ама не е така, затоа што ние, а кога велам ние, мислам...

Продолжи со читање

Владините спотови за туризмот го налутија Петрески

Post Views: 210 Македонски езерски келнер, македонска пансионска газдарица, македонски алфа мажјак, ова се некои од насловите на неколкуте владини спотови кои деновиве ја брануваат целокупната јавност, а особено охридската. Владината кампања ,,Ти си лицето на твојата земја, од туризмот сите добиваме “ го налути  и првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески. Тој остро ги осуди овие спотови со кои, како што вели , се валка честа и достоинството на сите македонски граѓани и побара итно запирање на емитувањето на спотовите. Тој вели туристите секогаш се воодушевувале од...

Продолжи со читање

Крадците можат да ве олеснат и преку банкомат

Post Views: 200 Во светот далеку по присутен, но за жал и Македонија фаќа темпо. Компјутерскиот криминал зазема се поголемо место во вкупниот криминалитет во земјава. Компјутерскиот криминал е криминал на сегашноста и иднината. Вака вели професор д-р Светлана Николовска од Факултетот за безбедност од Скопје. Најпознат вид на компјутерски криминал е финансискиот односно кражбите од банкомати. Иако во јавноста не се многу познати, кражбите од банкомати се дефинитивно реалност за нашите граѓани.„Не би рекла дека во Македонија такви криминални случаи немало. Значи имаше изминативе години...

Продолжи со читање