Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Лондонската „Крвава свадба“ премиерно на Охридско лето

Post Views: 13 Премиерна изведба на претставата „Крвава свадба“ на Охридско лето. Ова драмско дело произлегува од уметничката работилница на Џулија Паскал театарот од Лондон. Режисерката Паскал вели добила лична покана од драмскиот селектор на фестивалот,  Ѓорѓи Јолевски да ја напише оваа претстава. Политичкото насилство и моралот кој стои или треба да стои зад него е од особен интерес за неа. Инспирирана од едно предавање на Џорџ Стајнер за моралот на национализмот, Паскал ни откри како дошла до идејата за оваа претстава.„Замислив жена полицаец која стои пред терорист и тој...

Продолжи со читање

На што ќе се греете вие зимава?

Post Views: 8 Бранот поскапувања на енергенсите кој ја зафати државава сериозно му се заканува на плиткиот македонски џеб. И оваа година, најефтина алтернатива за греење на домот е огревното дрво. Од јавното претпријатие Македонски шуми велат дека уште во првите три месеци од оваа година се склучиле договорите за оваа грејна сезона. Организираната набавка на огревно дрво најчесто оди преку здруженијата на пензионери и синдикатите, а склучени се договори и со училишта и министерства. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, веќе склучило преку 1000 договори за набавка на...

Продолжи со читање

Летен камп за деца-македонци од Балканот

Post Views: 9 Македонскиот јазик станува обединувачка алатка на сите македонци надвор од границите на нашата земја.  Ова е придобивката од првиот летен камп за децата македонци кои живеат во соседните земји.  Тие во земјите каде што живеат веќе добивале часови по македонски јазик, но  велат дека малку се запознале и со македонската историја и култура.„Па да кажам дека солидно ја познавам македонската историја. Сега ќе почнам и тука да учам во Република Македонија бидејќи почнувам средно училиште.“„Го знам целиот јазик, целиот македонски јазик. Моите родители исто говорат...

Продолжи со читање

„Госпоѓица Јулија“ ќе го руши митот за „студените“ швеѓани

Post Views: 6 Утревечер Охридско лето ќе му оддаде почит на големиот шведски драматург, Август Стриндберг. Најпрво во 19 часот и 30 минути, во изложбениот салон при Домот на култура, под името „Мисли сам“ ќе бидат изложени осум уметнички слики-репродукции на Стриндберг и фотографии кои тој ги изработил самиот или во соработка со други фотографи. Чествувањето на Стриндберг продолжува со изведбата на неговата претстава „Госпоѓица Јулија“ која преку својот уметнички допир ќе се обиде да ни ја долови шведската режисерка, сценарист и главен лик во претставата, Ана Петерсон.„Беше...

Продолжи со читање

Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Post Views: 9 Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот...

Продолжи со читање

Граѓаните гневни поради поскапувањето на струјата

Post Views: 11 9,83 проценти. Ова е релативната бројка која апсолутно секој граѓанин деновиве ја сонува како најстрашен кошмар. Токму за 9,83 проценти поскап стана најкористениот енергенс во земјава, електричната енергија. Заедно со новото поскапување, како сол на рана дојде и одлуката на Регулаторната комисија  да се укине ефтината тарифа, која важеше од 13 до 16 часот секој ден освен недела. Од сега, изгледа ќе си готвиме во доцните вечерни часови. А Септември е толку блиску. Токму во Септември ќе пристигнат и првите сметки по новата цена, а граѓаните, уште сега во шок и...

Продолжи со читање

Мешаните патроли „ѕирнаа“ во ноќниот живот на младите

Post Views: 11 Изминатиов викенд охридската младина полагаше тежок тест. Нивното вечерно излегување не помина како што се надеваа. Партибрејкери беа нивните родители и полицијата. Мешаните патроли на лице место можеа да видат како и каде најчесто се забавуваат младите. Родителите не беа воодушевени од она што  го видоа. Велат, целта на патролата не е да ги заплашиме младите, туку да посочиме каде би требало младите да го насочуваат своето внимание и како да го поминуваат слободното време.„Се надевам дека ваквите зачетоци на вакви акции по извесно време преку соработка на сите, и...

Продолжи со читање

Атрактивните Перпетуум Џезиле за роденденот на Охридско лето

Post Views: 13 52от роденден на нашиот најреномиран фестивал, Охридско лето, со изненадување за публиката. На овој посебен ден, свој настап ќе има словенечката музичка атракција Перпетуум Џезиле. Педесетината вокали на овој хорски состав умеат да забавуваат со композиции кои варираат од класика, преку џез, свинг па се до фанк и поп музика. Со ова публиката добива гаранција дека сите вкусови ќе бидат задоволени.„Ние сме познати по разноличниот репертоар. Па и денес нема да направиме исклучок. Секако имаме и неколку изненадувања за вас.“-рече вокалот Сандра Фекетија, Перпетуум...

Продолжи со читање