Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 254 Идејата за изградба на аеродром во водите на Охридското езеро, наиде на остра осуда кај еколозите. Тие сметаат дека наместо вакви проекти, треба повеќе да се размислува за редуцирање на пловните објекти во Охридското езеро кои користат течно гориво. Ѓоко Зороски од Здружението на еколози „Грашница“ вели дека за ваков тип на проекти треба да се праша и другата страна, односно соседите од Албанија со кои го делиме езерото. Зороски вели дека според ЕСПО конвенцијата за прекугранични влијанија, секој проект кој може да предизвика штетни последици од евентуална хаварија,...
Остеопорозата, тивок крадец на коските
Post Views: 248 Го носи епитетот „тивок крадец на коските“, ги напаѓа повозрасните граѓани, претежно жените, остеопорозата е болест која често поминува незабележано. Оттука превенцијата на оваа болест е од големо значење во намалување на нејзините драматични ефекти. Се наоѓаме во месецот на остеопорозата во кој се организираат најразлични активности, насекаде низ земјава со цел подигање на нивото на информираност за начините на превенција, но и последиците од нетретирањето на остеопорозата. „Остеопорозата претставува системско скелетно заболување кое се карактеризира со ниска коскена...
Охридскиот сојуз на синдикати солидарен со европските колеги
Post Views: 245 Денес Европа масовно штрајкува против мерките за штедење наметнати од Владите. Подршка добија и од охридската регионална канцеларија на Сојузот на синдикати на Република Македонија. Претседателот на општинскиот синдикат, Драган Цветаноски вели дека борбата за работнички права треба да има заеднички именител насекаде низ светот. Стандардите кои важат во Европа, да важат и овде. Ова е ден кога синдикатите се мобилизираат и силно спротиставуваат на мерките на владите кои одат против европскиот социјален модел.„Во услови на пазарна економија, конкуренција, светска економска...
Кој-по што, е најмногу познат во Советот на општина Охрид?
Post Views: 245 Предлог одлуките по кои советниците дискутираат, додатно знаат да ја вжештат атмосферата. Советничкиот микрофон се чини најмногу го љубат координаторите на двете најголеми политички партии, Томислав Тунтев од СДСМ и Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ кои имале најмногу излагања од сите останати советници. По нив следуваат советниците Јованка Дамоска-Секуловска, Јоне Станкоски, Љубен Буџакоски, Борис Стефаноски и Величе Маркоски. А пак срамежливи пред микрофонот се советниците Александар Попоски, Кирил Пецаков, Џемал Рахман и Љупчо Настоски. Тие, во периодот од 43та до 49та...
Не им се провидели на сообраќајните огледала
Post Views: 297 Нови докази за сообраќајната некултура на некои наши сограѓани. Обидите на локалната самоуправа за зголемување на безбедноста во сообраќајот, се чини не се доволни за да ги преживеат охриѓани. Од Одделението за комунален развој и сообраќај велат дека во изминатиов период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот пристапиле кон поставување на заштитни огради, забавувачи на движење, хоризонтална и вертикална сигнализација на критичните точки во градов. Покрај тоа на шест локации низ Охрид поставиле и огледала кои треба да ја зголемат прегледноста во сообраќајот...
Дијабетичарите, до инсулин по скратена постапка
Post Views: 238 Од 1ви Декември, постапката за добивање на инсулинска терапија станува двојно пократка. Според препораките на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, пациентите дијабетичари кои редовно користат инсулинска терапија, со една посета на матичен лекар ќе добиваат упат за специјалист интернист-ендокринолог, кој понатака ќе им издаде барање за издавање на инсулинска терапија. Со ова барање, пациентите, својата терапија секој месец ќе можат да ја подигаат од посебна аптека, без притоа да им треба повторна посета на нивниот матичен лекар. Овој нов...
И оваа зима ќе се одржува само дел од патниот правец кој води до Галичица
Post Views: 225 И оваа година зимско одржување само на дел од патот кој води до Галичица. Овој патен правец кој води до една од нашите најголеми туристички природни атракции, во останатиот дел повторно ќе биде недостапна за потенцијалните посетители. Од јавното претпријатие Македонија пат-секција Охрид, велат дека се свесни за проблемите со кои редовно се соочуваат на овој патен правец, но воедно децидни, дека овој патен правец мора да биде безбеден во сите временски услови.„Во оваа сезона повторно е вклучена во програмата, се работи само за Трпејца-Корита, во должина од 9 километри,...
Надлежните се подготвуваат за почетокот на зимската сезона
Post Views: 219 Надлежните служби за одржување на патната мрежа и овозможување на безбедност во сообраќајот, денес го одржаа редовниот состанок за презентирање на предвидените мерки за работа во текот на сезоната 2012/2013. Овој состанок кој го организира Секторот за внатрешни работи од Охрид е во очи зимската сезона која официјално започнува на 15ти Ноември. Една од целите на состанокот е и ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на...
Модна ревија на учениците од Христо Узунов со фустани од хартија
Post Views: 230 Учениците од ОУ Христо Узунов се приклучија во големата еколошка акција која охридските основни училишта ја спроведуваат по повод Светскиот ден на акцијата и на еко-училиштата. Собираа отпадна хартија и пластика, за од нив да успеат да направат фустани, шапки и костими. Децата, заедно со нивните родители, баби, дедовци и предметни наставници, ја употребија својата фантазија, па со изработените модни парчиња, организираа и убава ревија. Еве што ни кажаа дел од нив:„Мене многу ми беше лесно, три дена ги збиравме овие.“„Мене ми беше лесно да ги собирам отпадоците и сакав...
И Локалната свечено го пушти патниот правец Лескоец-Скребатно
Post Views: 289 Локалната самоуправа на општина Охрид, предводена од градоначалникот, Александар Петрески, како дел од чествувањата по повод 7ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денес свечено го отвори патниот правец Лескоец-Скребатно. Градоначалникот Петрески, пред Лесковчани ја пресече црвената лента на овој пат кој минува низ самото село и води до излетничкото место Скребатно. Ова е второ свечено отворање на истиот патен правец за период од месец дена. Првиот пат, него свечено го пушти во употреба владината делегација по повод Денот на револуционерната борба, 11 Октомври....
Фотографиите од добротворната изложба ги маѓепсаа посетителите
Post Views: 245 Кога се работи за најмладите, веројатно нема срце што не сака да помогне. Тоа недвосмислено го докажа вчерашната добротворна изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето“. Советници во општината, директори на јавни претпријатија, сопственици на приватни бизниси, иако различни, во суштина сепак слични. Сите се собраа на едно место , со заедничка цел, да го дадат својот придонес во обезбедувањето на иднината на најмладите. Имаа на располагање избор од 47 фотографии со мотиви од Охрид во кои главен актер беше цвеќето. Беа воодушевени од сите фотографии, но...
Охридското Супер радио прави емисија за Гинисов рекорд
Post Views: 237 Домаќините на охридското Супер радио, Жанко З`Ш Голабоски и Сашо Митаноски, наместо роденденска торта, ќе се обидат на радиото, па и на градот, да му подарат емисија за Гинисов рекорд. Поводот е 20от роденден на Супер радио. Идејата им дошла уште пред 6 месеци и веднаш се истакнала по атрактивноста, па се одлучиле да го соборат рекордот кој го држи германското радио Кис ФМ со 74 часовна емисија. Охриѓани, Македонија, а богами и целиот свет, освен на радио, имаат можност Жанко З`Ш и Сашо Митан, да ги гледаат и преку видео пренос на веб страната на Супер радио. Пријавувањето...