Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 7 Пензионерите од Охрид и Дебрца денес заедно со правникот и докторот соработник на ФЗОМ се запознаваа со правата од нивното здравствено осигурување, како и последните измени околу важноста на упатите и начините на упатување во примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Фондот денес им организираше едукативна работилница како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Сојузот на пензионери на Македонија. Од Здружението на пензионери рекоа дека ја поддржуваат ваквата иницијатива.„Пензионерите се најранливата група кој анајмногу ги посетува...
Бучковски: „Ние немаме 2046 проекти, ние имаме три, реално остварливи проекти“
Post Views: 3 Коалицијата за позитивна Македонија со митинг пред охриѓани. Вработувања, меѓуетничка толеранција, почитување на разликите, и владеење на правото, се дел од ветувањата и заложбите на кои вчера пред граѓаните се обврза оваа партија. Носителот на листата во втората изборна единица и претседател на главниот одбор на АПМ, проф. д-р Владо Бучковски, ги презентираше трите проекти кои според него се реални и остварливи, а за кои тие ветија дека ќе се заложат во новата влада. Тие се однесуваат на развој на аграрот, поддршка на младите кои имаат добри бизниси со кредити во...
СДСМ: „Власта избра политика на контролирани конфликти во кои луѓето се поделија на наши и ваши“
Post Views: 7 „Власта не стимулира толеранција и доверба, туку раздор и поделено општество“-обвинија од СДСМ на денешната прес конференција. Тие сметаат дека власта спроведува модел од кој профитира мала група на луѓе, која работи спротивно на интересите на државата и граѓаните. Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ, Мишел Силјаноски, вели дека власта е невешта во водењето на надворешната политика поради која, според него, се создаваат проблеми со соседните држави. Во рамките на надворешната политика, Силјаноски се осврна и на Самитот на претседателите кој според СДСМ...
ВМРО Народна: Југозападниот регион целосно да стане технолошко-индустриска развојна зона
Post Views: 16 ВМРО Народна партија како дел од својата изборна програма најави економски раст и развој на југозападниот регион на Република Македонија. Според кандидатот за пратеник од Народна, Владо Цветкоски, токму регионот во кој спаѓа и нашиот град е еден од најсиромашните региони во земјава. Цветкоски смета дека овој регион има најголема невработеност, најлоша патна инфраструктура и најмалку инвестиции во последните 8 години. Тој потенцираше дека пратениците од ВМРО Народна партија ќе се залагаат за развој на индистријата, земјоделието со сточарството и туризмот. Според...
Спас за стечајците, иднина за младите, СДСМ презентираше дел од изборната програма
Post Views: 14 Носителот на кандидатската листа за пратеници од редовите на СДСМ, во петтата изборна единица, Васко Ковачески, денес на средба со охридските кандидати за пратеници, но и средба со граѓани и бизнисмени од градов. Еве која е целта:„Ќе им ја презентираме нашата изборна програма, ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК. Програма која нуди рамномерен регионален и локален развој, а не како досегашната власт која инвестира само во главниот град во мермери, споменици, жални врби…..Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе и подобро.Затоа, нашата борба против оваа криминална и корумпирана...
Детали за двете германски инвестиции што треба да вработат 1800 охриѓани
Post Views: 4 На денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, изнесени повеќе детали околу двете најавени германски инвестиции кои би требало да се реализираат во градов. Според Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони, Виктор Мизо, ова е знак дека веќе започнува целиот ланец на компании и нивни добавувачи да доаѓаат во Македонија. Мизо смета дека со изградбата на слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, ќе значи доаѓање и на други компании во градов. Тој информираше дека претставници и од втората германска компанија која...
Кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ презентираа дел од програмата за младите
Post Views: 5 Кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, денес презентираа дел од програмата за наредниот период кој се однесува на младата популација. Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, рече дека програмата за 2014-2018та година која се однесува токму на младите е доста обемна и содржајна. Тој наброја и појасни дел од нив. Посебно се задржа на мерките за обезбедување на станови и куќи за млади брачни двојки, програмите за талентирани млади, подршка на земјоделски бизниси на младите земјоделци, поддршка за прво вработување како и акциските...
Колку охридските политичари тераат кампања преку социјалните мрежи?
Post Views: 8 Политичките партии се веќе длабоко навлезени во своите политички кампањи и за претседателските и за предвремените парламентарни избори. Досега целата јавност имаше можност во повеќе наврати да ги слуша класичните политички реклами на националните и локални медиуми за тоа што политичарите им нудат како опција. Но во оваа ера на забрзан развој на технологијата, време во кое интернетот е можеби најдоминантниот начин на пренос на информации, социјалните мрежи како фејсбук, твитер и сличните на нив, се повеќе стануваат корисни алатки за секаков вид на рекламирање, па...