Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 8 Лекарите од Охрид ги разгледаа постигнатите резултати во изминатата година, но дискутираа и околу предизвиците на професијата доктор. Со пригодна свеченост на годишното собрание на здружението на лекари од Охрид тие воедно го одбележаа и Денот на здравјето, но и доделија признанија на истакнати лекари од градов.„Секако дека овие признанија делуваат како еден импулс, да се вложи што повеќе во нашата работа, да се вложи што поголем труд и да се пружи што поквалитетна здравствена заштита на пациентите. Секоја награда, секое признание е мотивација за поголем и подобар...
„Генетика на кучињата“-тешка психолошка драма од репертоарот на аматерската група „Аматер“
Post Views: 9 Тешка психолошка драма колку за контраст на нивната комична природа. Аматерската театарска група „Аматер“ ги дотерува до најситен детал последните елементи од нивната нова претстава со која ќе излезат пред охриѓани, „Генетика на кучињата“. Деновиве ги работат последните проби, ја доработуваат сценографијата и велат дека се скоро подготвени за премиерата.„Доста тежок текст, многу бараше од нас и тешко се справувавме, но со игра, со усогласување на повеќето ликови, со помагање, дојдовме мислам до една добра конструкција и добар текст, добро го склопивме. Тежок е, и...
Кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ побараа поддршка за Иванов
Post Views: 3 Кандидатите за пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ, денешната прес конференција ја посветија на кандидатот за претседател од нивните редови, Ѓорѓе Иванов. Тие од граѓаните побараа во недела масовно да излезат и да го поддржат Иванов, бидејќи тој според нив е најдобриот претседател кој Република Македонија некогаш го имала. Кандидатот за пратеник, Александар Николоски вели дека само со масовна излезност ќе може да ги спречат сценаријата на бојкот на претседателските избори кои според нив ги заговара најголемата албанска политичка партија ДУИ. Николоски смета дека...
По четиричасовна акција, спасени изгубените туристи на Галичица
Post Views: 6 Среќен крај на драмата на двајцата туристи кои вчера се загубија на Галичица. Потрагата по нив траела четири часа, а во која беа влучени екипи од НП Галичица, ЦУК, граничната полиција и единицата за спасување на планина. Двајцата туристи биле пронајдени во изразена хипотермичка состојба, несоодветно облечени и опремени, но и без карти за движење по теренот. Антонио Додевски од единицата за спасување на планина вели дека приказната има среќен крај благодарение на координираноста помеѓу сите екипи кои зеле учество во спасувачката мисија. Од НП Галичица велат дека на...
Што ни носи иднината на интернетот?
Post Views: 10 Едмундо Монтеиро, реномираниот професор од Унивезитетот Коимбра од Португалија ја открива иднината на интернетот пред студентите на Унивезитетот за информатички науки и технологии, „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Неговата посета на охридскиот универзитет е во рамките на неколкугодишната соработка која Унивезитетот од Коимбра ја има воспоставено со поголем број европски универзитети.„Јас сум овде за она што ние го викаме краткорочна научна мисија, во склоп на проектот Winemo, Wireless networking for moving objects. Како дел од овој проект ја спроведуваме оваа...
ДПМНЕ: „Разликата помеѓу нас и СДСМ е отчетноста“
Post Views: 5 Достигнувањата во областа на здравството во фокусот на денешната прес конференција на кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Љубен Арнаудов, еден од кандидатите како едно од најзначајните достигнувања во областа на здравството кои ги спровело ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше проектот „Мој термин“ кој се користи во здравствените установи низ земјава, но акцент стави и на проектите за изградба и реконструкција на болници. Како еден од идните проекти од оваа област, Арнаудов го спомена и проектот за целосна реконструкција на специјалната болница „Свети Еразмо.“ Според...
Напредокот е видлив, но предизвиците остануваат-Денес е светскиот ден на ромите
Post Views: 9 Напредокот е голем, но голем број предизвици и натаму остануваат. Денес е 8ми Април, меѓународниот ден на ромите. Ден кој од 2007та година навака, на предлог на тогашниот пратеник, м-р Шабан Салиу, за припадниците на ромската заедница е државен празник и неработен ден во Република Македонија. Во секој град, празникот различно се одбележува, некаде се носат традиционални носии, некаде пак се одбележува со други манифестации. Она што е важно е дека постои голема разлика од состојбата во која некогаш се наоѓале ромите, до онаа во која се сега. Според претседателот на...
Потресно сведоштво на пожарникарот кој прв спасуваше од резервоарот за бензин во вчерашниот инцидент
Post Views: 6 „Помешани чувства, адреналин, и грозна слика“. Вака пожарникарот Борко Јанкулоски ја опиша вчерашната ситуација при спасувањето на трите лица од резервоарот за бензин на бензиската пумпа во непосредна близина на охридскиот аеродром. Љубен Блажески, Марјан Миноски, Оливер Цепенкоски, Митко Аслимоски и Борко Јанкулоски ја сочинуваа групата храбри пожарникари кои во текот на вчерашниот ден учествуваа во оваа спасувачка мисија. Токму Борко е пожарникарот кој прв се спуштил во резервоарот за бензин, во кој тројцата граѓани биле затекнати во полусвесна и несвесна...