Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 342 Министерот за образование и наука, Панче Кралев, работно во Охрид. Тој го посети Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, каде оствари средби со новите странски професори кои ќе предаваат во рамките на овој Универзитет. Се работи за вкупно петмина нови професори, односно тројца американски и по еден професор од Иран и Италија. Тие разговарале за нивните очекувања од годината што претстои, но и за новите програми кои евентуално би се вовеле на овој универзитет.„Од самите разговори понатаму планираме тоа да биде континуирана комуникација...
Од денес, до петок, ревматски прегледи во Општата болница во Охрид
Post Views: 301 Од денес, па се до петок, во рамки на интерното одделение при Општата болница во Охрид, ќе гостува професор д-р Нада Марина од Клиниката за ревматологија во Скопје. Д-р Марина во текот на овие неколку дена ќе врши ревматоидни прегледи на сите заинтересирани граѓани кои се соочуваат со ова заболување. Прегледите започнаа од утринава, а интересот прилично голем, вели д-р Марина.„Јас од сабајле имав доста пациенти, пациенти кои што редовно доаѓале во Скопје, слушнале, и дојдоа на преглед во амбулантата на интерното одделение така да имавме пациенти и од Струга. Мислам...
Охридските тинејџерки психички понасилни од машките
Post Views: 291 Охридските тинејџери не го препознаваат психичкото насилство во нивните љубовни врски. Овој факт е добиен преку спроведено истражување во охридските средни училишта. Скоро половина од испитаните 260 средношколци не ни одговориле на прашањата поврзани со психичко насилство во нивните врски. Но ова е само едно од загрижувачките откритија до кои е дојдено со оваа анкета. Изненадувачки, поголеми насилници во врските се женските тинејџерки, барем според одговорите на 26те испитаници, од кои 15 двојки признале психички облик на насилство. Од испитаниците далеку поголем е...
Свечено отворени детски игралишта по повод 11 Октомври
Post Views: 276 Новоизградените детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“ позната како „Бараки“ и игралиштето во близина на кружниот тек кај болниците, денес добија и официјална промоција. Нишалки и забавни реквизити, кошеви и игралиште за фудбал за најмладите, но и уреден парк за постарите лица. А најмладите воодушевени од новите реквизити.„Јас сум многу задоволна од овој парк“„Јас сум многу задоволен за паркот во населбата „Гоце Делчев“ и честит празник.“-рекоа дел од нив.Градоначалникот Петрески смета дека овие игралишта им се потребни на најмладите и вели дека во иднина очекува...
Утре започнува вакцинацијата од сезонски грип
Post Views: 259 Сезоната на грипови сеуште не започнала, но затоа започнува обидот за намалување на бројот на заболени од сезонски грип. Од утре официјално, во Центарот за јавно здравје во Охрид, ќе започне општата имунизација на граѓаните од Охрид, Струга и Дебар. Секоја година се јавува познатата дилема дали воопшто да се прима оваа вакцина и колку е таа корисна. Директорот на Центарот за јавно здравје Д-р Атанаско Михаилов смета дека не постои никаква оправданост за овој сомнеж. „Ако не е корисна оваа вакцина, тогаш Светската здравствена организација и сите здравствени работници...
Борците се присетија на НОВ
Post Views: 294 Утре се навршуваат 71 година од почетокот на НОВ на Македонија против фашистичкиот окупатор. Токму затоа 11 Октомври е датум со огромно значење за секој македонец. Но за оние кои со свои раце ја извојуваа денешната слобода, овој датум има едно посебно значење. Сојузот на борци и продолжувачи на делото од општините Охрид и Дебрца, денес имаа свечена средба и предавање за делото на генерал Михајло Апостолски, командант на генералштабот на НОВ. Втората светска војна останува запаметена по тажни статистики и фрапантни бројки. Еден ваков податок добивме и од еден од директните...
Финансиска инјекција за малите и средни претпријатија
Post Views: 482 Македонската банка за подршка и развој како лек за рецесијата, нуди поволни кредитни линии. Овој пат пациенти се малите и средни претпријатија од областа на земјоделието. Од Стопанската комора пак посредуваат во објаснувањето на условите за користење на овие кредитни линии како и потребната документација за истите. Тие сметаат дека кредитните линии се поволни и дека треба максимално да бидат искористени, посебно во услови на рецесија од која сите се зафатени.„Па нормално кај малите и средни претпријатија е поизразен тој притисок од рецесијата што еве ја зафати и...
Митот за животното осигурување
Post Views: 350 Луѓето работат за иднината, за своите деца, за нивното образование. Оттука најчестото прашање кое си го поставуваат е како да ја обезбедат нивната иднина. Одговорот може да го пронајдат во животното осигурување. Навидум тежок за разбирање поим, но во суштина сепак едноставен. Според луѓето од Граве осигурителната компанија, животното осигурување не е само инструмент за заштита, туку и начин на обезбедување на заштеда за некој иден период. Еве што значи тоа.„Со самото тоа што сте направиле животно осигурување во одреден момент, вие имате одредена заштеда. Значи после...
Се најде ли решение за проблемот со греењето во ОУ „Климент Охридски“?
Post Views: 246 Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште. Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница. „Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа...
Цветан Грозданов-Цел живот посветен на наука и истражување
Post Views: 250 Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин. Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период...
Архитектнонските бариери, проблем број еден за лицата со инвалидитет
Post Views: 265 Лицата со телесен инвалидитет и натаму мака мачат со архитектонските бариери. Пристапот до јавните институции, установи, објекти станува невозможен, доколку тие не се адаптирани или пак изградени по стандарди кои предвидуваат пристапност за лица со инвалидитет. „Почетокот, основата за разрешување на одредени права за лицата со инвалидитет, тргнува од пристапноста, од можноста овие лица самостојно да се придвижат и пристапат кон институција која им е во интерес во даден момент.“-вели претседателот на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, Бранимир Јовановски....
Младите германци невработени како врсниците од Македонија
Post Views: 285 Помалку работни часови, повеќе време со своите семејства, поголема плата, поголема можност за професионално усовршување. Сигурно ви звучи познато. Ова е веројатно сонот со кој секој млад македонец го започнува своето стручно образование. Но овие неколку убави желби не се само наши, туку се желби на сите млади насекаде низ светот. А светот во обидите да стигне до достоинствена работа, најпрво морал да се бори за своите работнички права. За прв пат, организирано и македонската младина се приклучува кон таа мисија, го одбележа, Светскиот ден на достоинствена работа, 7ми...