Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Ликовниот караван „Најубавите мои сништа“ доаѓа во Охрид

Post Views: 358 Прекрасните слики, скулптури и графики на Интернационалниот ликовен караван конечно во Охрид. Оваа ликовна изложба која традиционално се одржува секоја година по завршувањето на Струшките вечери на поезијата, откако ги воодушеви стружани, сега доаѓа да го освои и Охрид. Се работи за вкупно 35 дела кои вклучуваат слики, графики и скулптури на уметници од Македонија, Србија, Германија, Бразил, Унгарија и Русија.„Овој циклус ќе трае десет години, до 2020 година. Првата беше интересна за жените тема, „Жената-најфината творба на природата“, а и оваа тема. Многу уметници...

Продолжи со читање

Заврши осумгодишниот пост во ловењето со блинкер

Post Views: 364 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, сигурен дека доделувањето на концесиите за рекреативен и стопански риболов ќе помогнат во зачувувањето на рибниот фонд. Министерот призна дека навидум тоа изгледа контрадикторно, но смета дека тоа е вистинскиот начин не само за соочувување, туку и за проширување на рибниот фонд во езерото. „Дојдовме до констатација дека постоечката ситуација е неодржлива и дека е потребно сепак да има еден организиран начин на рибарење би реков во Охридското Езеро, во водите на Охридското Езеро, но тоа да биде...

Продолжи со читање

Охридските кајакари одлични на регатата Охрид 2012

Post Views: 342 52,50 поени им беа потребни на струшките кајакари од кајак кану клубот „Црн Дрим“ за да го освојат првото место во вкупниот пласман на единаесетата меѓународна регата Охрид 2012. Само половина поен зад стружани се пласираа кајакарите на кајак кану клубот „Стрмец“ од Охрид, а третата позиција во вкупниот пласман ја освоија уште едни охриѓани, и тоа кајакарите од кајак кану клубот „Ехо“ со 35,50 бода. Ова единаесетто издание на регатата во кајак на мирни води, својот меѓународен карактер го одржа со натпреварувачите од Зрењанин-Србија и кајакарите од Софија, Република...

Продолжи со читање

Македонците одлични на Охридскиот атлетски маратон

Post Views: 361 Одличен епилог за македонските претставници на Охридскиот атлетски маратон. Триумфално низ целта пред Домот на култура помина охриѓанката Јована Целеска, а после неа пристигна и Ивана Младеновска од Скопје. Иако во женска конкуренција имаше само три натпреварувачки, сепак самото завршување на маратонот претставува голем успех. Во машка конкуренција пак со време од два часа и четириесет секунди, заеднички, целта ја минаа и првите двајца македонци. Кокан Јаневски и Јовица Ристовски завршија официјално на четвртото и петтото место.„Како се одвиваше трката? Имам искуство,...

Продолжи со читање

60 години ансамбл „Билјана“

Post Views: 374 Неповторливите изведби на  старите охридски песни од нашиот познат ансамбл „Билјана“ овековечени преку нивните настапи, со години ги воодушевувале почитувачите на староградската музика. Овој пат по повод еден прекрасен јубилеј, мајсторските звуци на овој ансамбл ќе ни ги пренесат нивните подмладоци од групата „Билјана Јуниор“.„Ова е музички хепенинг по повод шеесет години постоење на ансамблот „Билјана“ кој го организираме ние, групата Билјана јуниор во нивна чест. Ќе се одржува во месноста Сараиште на 8 Септември со што воедно се приклучуваме и кон одбележувањето...

Продолжи со читање

По едногодишна пауза, годинава повторно Охридски атлетски маратон

Post Views: 340 Педесетина маратонци, утре на денот на независноста на Република Македонија, ќе го трчаат познатиот Охридски меѓународен атлетски маратон. Тешката маратонска делница започнува од граничната караула во Свети Наум, а завршува во градот, пред Домот на култура, и е во должина од 30 километри. „Оваа година, организациониот одбор на Охридскиот атлетски маратон реши да продолжи една долга нишка која што за жал минатата година беше прекината од финансиски причини. Меѓутоа оваа година решивме повторно да го возобновиме и тоа е веќе 26ти по ред Меѓународен охридски атлетски...

Продолжи со читање

Каде на дополнителна-во редовна или приватна школа?

Post Views: 559 Неизмерна е желбата на родителите да ги видат своите деца како успеваат во животот. Таа желба никогаш не губи на интензитет но со текот на времето добива разни форми на манифестација. Веќе неколку години, во земјава како тренд се јавува запишувањето на децата во приватни школи за дополнителни часови  по јазици, математика, или некој друг предмет. Бројни се  школите кои им стојат на располагање, но и причините поради кои родителите се одлучуваат на овој чекор.„Со текот на времето сите тие причини се искристализираа во едноставни причини, а ние од туторски образовен...

Продолжи со читање

Во Далјан се гради на парцела без сопственик-тврдат жителите

Post Views: 481 Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид.„Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во градежниот...

Продолжи со читање

Фејзо Шемо-единствен ром-државен службеник во Охрид

Post Views: 420 Ако не се обидеш, нема ни да успееш. Веројатно никој не го знае тоа подобро од Фејзо Шемо од охридската канцеларија на Државната дирекција за заштита и спасување. Се чини полека станува минато времето кога припадниците на ромската заедница беа закотвени на маргините на македонското општество. Благодарение на Декадата на ромите, но и личната упорност, Фејзо Шемо веќе четврта година е државен службеник и посветено и успешно ја врши својата работа на помлад референт за обука, тренинг и мобилизација. За оваа позиција тој случајно аплицирал на отворениот конкурс на Дирекцијата...

Продолжи со читање

Највкусните балкански јадења на Софра 2012

Post Views: 513 Музика, дружба и прекрасна храна. Се чини ова е рецептот за вистинска забава кој Софра 2012 толку успешно го зготви. Овој фестивал на храната кој го собра Балканот во мало, и пријателска Русија, ги понуди најубавите јадења и специјалитети од Македонија, Србија, Бугарија и Русија. Мирисот на јадењата кои секоја држава ги подготвуваше едноставно носи на едно прекрасно место. Вистинска штета што екранот на вашиот телевизор не знае тоа да го пренесе. Сепак ќе се обидеме да ве однесеме најблиску што може до оваа прекрасна манифестација. Ова се учесниците, и нивните национални...

Продолжи со читање

Лесковчанец ќе чека сезона на дождови за да добие вода

Post Views: 348 Ќе се стави ли крај на проблемите со недостиг на вода во Лескоец? Овој пат до нашата телевизија се обрати жител на улица Илинденска во стариот дел од селото. Славчо Цветкоски револтиран затоа што како што вели цели две недели се соочува со голем недостиг на вода, а се пожали и дека често се случува и воопшто да ја нема оваа драгоцена течност. Цветкоски вели дека ги информирал надлежните за неговиот проблем.„Јас се јавував на неколку пати во Проаква, барав помош значи да се направи начин да имаме вода или рестрикција или да се провери каде оди повеќе вода, да имаме...

Продолжи со читање

Пеењето може да започне!

Post Views: 472 Хоровите од 15 европски земји можат да го започнат своето претставување пред жирите, но и пред љубопитната публика. Јубилејното петто издание на Охридскиот хорски фестивал, вчеравечер беше означено за отворено на најдобар можен начин. Директорот на фестивалот, Александар Димовски, вели дека овој фестивал сведочи за долгата музичка и хорска традиција на нашиот град и изрази надеж дека настапот на овој фестивал сите учесници ќе ги потсетува на нивниот престој во Охрид. Покрај ревијалните настапи и натпреварувачкиот дел, Димовски вели ќе има и други активности.„Во рамките...

Продолжи со читање