Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 7 ВМРО Народна партија со обвинувања дека наставниците прераснуваат во административци. На денешната прес конференција тие рекоа дека со сите новини кои се воведени во образованието во изминативе години, наставниците ја изгубиле својата вистинска улога и можноста да бидат креативни. Според Јоне Станкоски, просветните работници се повеќе се соочуваат со притисоци од страна на Државниот просветен инспекторат, што според него предизвикува демотивација кај наставниците и губење на благородниот лик на наставникот. Според ВМРО Народна, во образовниот процес се пристапува...
Алијансата за позитивна Македонија отвора канцеларии во Охрид и Струга
Post Views: 4 Официјална промоција на подрачните канцеларии на Алијансата за позитивна Македонија во Охрид и Струга. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ѓорѓи Стрезоски вели дека сите граѓани се добредојдени да ги посетат нивните простории, да ја слушнат и прочитаат програмата, но и да предложат свои идеи. Стрезоски додава дека Охрид, како град зазема посебно место во целокупната програма на партијата.„И во самата агенда и во самата програма на Алијансата за позитивна Македонија е прво на луѓето да им се понудат нови работни места, тоа е најглавната цел, со помош на...
ОБНОВЕНО: СДСМ: „Наместо уредени зелени површини, жителите од УЗ Воска 4 добија депонија“
Post Views: 8 Охридските социјал-демократи со обвинувања до локалната дека наместо ветувањата за градежно и хортикултурно уредување, жителите на урбаната заедница Воска 4 добиле депонија. Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески информира дека граѓаните од оваа урбана заедница уште во Ноември минатата година како дел од приоритетите за нивната урбана заедница го посочиле градежното и хортикултурно уредување на просторот помеѓу зградите на улиците „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“. Кузески вели дека откако не било ништо преземено, жителите реагирале до...
Локалната со микро проекти ќе ги развива руралните подрачја во охридско
Post Views: 5 Поддршка за микро проекти за развој на руралните подрачја во охридско. Денес во туристичкото место Елшани промовирана подстратегијата за рурален развој на општина Охрид. Според секретарот на општината, Димитар Спасески, станува збор за документ од исклучително значење за сите граѓани на Охрид и охридско. Тој потенцираше дека со самата промоција на стратегијата воедно започнува и нејзината реализација, а најави и скоро објавување на јавниот повик за доставување на проектите за развој на руралните средини. „Проектите кои што ќе ги одобруваме за оваа година, е...
Нов долг на товар на општина Охрид
Post Views: 3 Долгот на општина Охрид од денес порасна. Милион и пол илјади евра или 93 милиони 339.953 денари нов долг на товар на МЈП Проаква, вака гласи најновата правосилна пресуда на Врховниот Суд на Република Македонија. Од локалната самоуправа денес рекоа дека и покрај огромните напори на новото општинско раководство, не можат да формираат одбранбен механизам за заздравување на општината од наталожените долгови. Според портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски, ова е само уште една епизода од бескрајниот серијал на неодговорното работење на претходната локална самоуправа...
Обновено: Половина од пожарите во овие три месеци од 2014та се поради палење на стрништа
Post Views: 4 Од вкупно 90 интервенции поради пожари во првото тромесечие на 2014та година, 42 биле поради пожари на отворен простор. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски, месец Март е карактеристичен токму по овој вид на пожари. Охридската јавност изминативе денови сведочи за неколку вакви случаи на палење на пожари на отворен простор. Според командирот Прентоски, во 99 проценти од случаите, причината е човечкиот фактор. „Апелирам до сите граѓани на подрачјето на општина Охрид и Дебрца да се воздржат во овие временски услови на поголеми...
Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“
Post Views: 5 На светскиот ден за заштита на потрошувачите, 15ти Март, Советот на потрошувачи го промовираше флаерот „Права имате, но дали ги знаете“. Ова е прва активност на ова тело кое ќе функционира во рамките на Советот на општина Охрид, а има за цел унапредување на правата на потрошувачите и сензибилизација на потрошувачите за правата кои ги имаат. Веќе е креирана и програмата според која ќе функционира Советот на потрошувачи за 2014та година, а која ќе вклучува поголем број на активности насочени кон промовирање и заштита на правата на потрошувачите, како и организирање на...
ВМРО НП: „Владата пред избори да ги каже фирмите кои се опфатени со Законот за стечајци“
Post Views: 4 ВМРО Народна партија со барање до Владата пред одржувањето на изборите да бидат објавени фирмите кои се опфатени со новиот Закон за стечајци. На денешната прес конференција тие рекоа дека овој закон е повеќе популизам отколку реално законско решение. Од Народна велат дека со необјавувањето на фирмите, Владата ги држи во неизвесност сите оние стечајци кои се пријавиле за да го остварат своето право. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски вели дека е смешно тоа што не е објавено кои дооел-и од охридско ЕМО ќе бидат опфатени бидејќи според...