Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

УЈП го продолжува рокот за поднесување годишни даночни пријави

Post Views: 4 До денес поднесени 4166 годишни даночни пријави за Охрид и 165 пријави за Дебрца во Управата за јавни приходи.Од таму информираат дека овие даночни пријави, физичките лица можат да ги поднесат и во контакт центарот во Скопје доколку моментално не се наоѓаат во градов. Од Управата велат дека ќе го продолжат рокот за поднесување на годишните даночни пријави. „Рокот за поднесување на годишните даночни пријави и годишниот даночен биланс за персонален данок на доход е 15ти Март, а бидејќи последниот рок паша во сабота, неработен ден, потсетуваме дека согласно законот,...

Продолжи со читање

ВМРО НП бара да се изврши урбанизација на руралните средини

Post Views: 5 ВМРО Народна партија смета дека Владата напразно ветува ревитализација на селата кога за приклучување на електрична мрежа луѓето во овие средини плаќаат по 1500 евра. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека единствениот монопол во државата, ЕВН, покрај според нив нереалните цени за приклучок, воведуваат и ново правило во кое доколку некој граѓанин воопшто не потроши електрична енергија во одреден период, ќе му биде одземено броилото. Костоски вели дека вакво правило нема во ниту една друга држава во светот. Дополнителен...

Продолжи со читање

Општина Охрид ќе се збратимува со рускиот Подољск

Post Views: 7 Соработката помеѓу двата града потекнува уште од 2004та година, но активностите за збратимување се интензивирале за време на големиот христијански празник Водици кога делегација од Подољск го посети Охрид и ја проследи манифестацијата „Богојавление-Водици“. Од локалната го потенцираат економскиот потенцијал на оваа соработка.„Од тука можат да произлезат најразлични форми на соработка, помеѓу Охрид и Подољск и она што е за нас најзначајно и најважно е тоа што Охрид на некој начин се доближува до руските граѓани и се разбира бенефитите треба да ги очекуваме во смисла...

Продолжи со читање

Шест години постоење за единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, Витаспринг

Post Views: 6 На шестгодишнината од постоењето на Витаспринг, единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, сопствениците сметаат дека веќе се менуваат навиките кај охриѓани за правилна исхрана. Според сопственикот Димитар Арнаудоски, почетоците биле тешки, меѓутоа со тек на време, охриѓани ја разбрале вистинската вредност на здравата храна. Покрај основните производи од здравата храна како што се житариците, во Витаспринг се нудат и чаеви, сушени овошја, но и здрави производи за спортисти.„Нормално со тек на време охриѓани сфаќаат кои се придобивките на...

Продолжи со читање

ВМРО НП: Се ветува ревитализација на селските средини, а за приклучок на струја се плаќа по 1500 евра

Post Views: 8 ВМРО Народна партија со прес конференција околу како што велат тие: „Последниот монопол во Република Македонија, ЕВН“. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна партија, Ванчо Костоски вели дека залудно Владата ветува ревитализација на селските средини, ако за приклучок на струја луѓето плаќаат по 1500-1600 евра. Од Народна велат и дека плус на високата цена за приклучок, потребна е обемна документација и долг период на чекање за едно живеалиште биде приклучено на електричната мрежа. Костоски ги спомена и проблемите околу неможноста за приклучок на...

Продолжи со читање

На местото каде што треба да никне градскат марина, сеуште потенцијална опасност од неексплодирани мини

Post Views: 7 Неодамна од локалната самоуправа беше објавена намерата за изградба на градска марина. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека изградбата на оваа марина ќе биде еден од начините на кои Охрид ќе прави крупни промени во насока на развој на туризмот. Сепак токму на местото на кое најверојатно ќе никне градската марина, сеуште постои потенцијална опасност од неексплодирани мини кои датираат од Првата светска војна. Градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се направат сите потребни анализи.„Во тек е постапката за изработка на идеен проект и веднаш после тоа и за...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини извори“ победник на фудбалскиот турнир под покровителство на локалната

Post Views: 2 Фудбалскиот тим на ЈП „Билјанини извори“ победник на турнирот во мал фудбал во организација токму на ова јавно претпријатие, а под покровителство на општина Охрид. Тимот на „Билјанини извори“ во финалниот меч беше посилен од тимот на МЈП Проаква со резултат од 6:5. Во мечот за третото место пак помеѓу екипите на ЈП Нискоградба и Градски пазар подобар беше тимот на Нискоградба со резултат од 6:4. Дводневниот турнир се одржа во салата  „Билјанини извори“, а учество зедоа 8 екипи и тоа, екипите на јавните претпријатија Нискоградба, Билјанини извори, Градски пазар, ...

Продолжи со читање

Студијата ЛОТОС ќе ја испитува корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево

Post Views: 10 Оваа студија се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува ,,Локалната агенција за развој’’ од Струга во партнерство со ,,Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)’’ од Скопје. Според Локалната агенција за развој, главната цел на овој проект е промовирање на практиките за антикурупција и добро владеење на локално ниво. Од таму сметаат дека со спроведувањето на овој проект ќе се подигне нивото на свесност и познавањето на граѓанското општество, но и дека ќе...

Продолжи со читање