Skip to main content

Автор: Мишел Наумоски

Црвени рози, подароци, ора-Дали битката за правата на жената е добиена?

Post Views: 10 Охрид раздвижен за 8ми Март, Денот на жената. Се чини сите во последен момент брзаат да го купат подарокот за сопругата, мајката, сестрата, пријателката, колешката. Најголем метеж секако има пред неизбежните тезги кај малиот плоштад, на кои се продаваат црвените рози, симболот на љубовта и нежноста. Празникот се чини ќе кулминира во вечерните часови, кога најголемиот број припаднички на понежниот пол, 8ми Март ќе го прослават во некој ресторан, со музика, песни, ора. Некои со колешките од работа, некои самоиницијативно со пријателки, важно да се одбележи. Но и...

Продолжи со читање

За ВМРО Народна, експропријацијата на земјиштето за автопатот е спорна

Post Views: 12 ВМРО Народна партија смета дека цената на чинење на автопатот од Охрид до Кичево е превисока. Од таму велат дека според пресметките за еден километар автопат ќе се плаќа по 5.5 милиони евра што според Народна е двојно повеќе од она што се плаќа во други европски земји, вклучително и во соседството. Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО Народна, Ванчо Костоски смета дека особено цената е нелогична бидејќи во голем дел од теренот каде што ќе поминува автопатот, условите за градење се добри, така што според него тоа во голема мера ги намалувало и трошоците за...

Продолжи со читање

Охридскиот хотелски бренд „Инекс-Горица“ добитник на престижна награда во Шпанија

Post Views: 7 Global Trade Leaders Club од Мадрид, Шпанија му додели престижна награда на нашиот хотелски бренд „Инекс-Горица“. Интернационалната награда на нашиот хотел му е доделена за квалитетот на услугата во хотелското и ресторантското работење. Освен фактот што наградата ја доделува престижна организација од една од најпосетените туристички дестинации во светот, посебна тежина дава и фактот дека за неа не може да се аплицира туку се доделува на препорака на клиенти кои го посетиле хотелот. Препораката за нашиот хотел ја дал никој друг, туку претседателот на Светската...

Продолжи со читање

Кривична пријава за осумнаесетгодишна жителка на Лескоец

Post Views: 8 Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против осумнаесетгодишна жителка на Лескоец,  за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26 Јануари 2014 година на влезот во Струга од страна на полициски службеници е запрено патничко возило „ауди“ во кое пријавената била сопатник и при преглед кај истата пронајден е пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм. и четири куршуми. {loadposition content9}

Продолжи со читање

182 слободни работни места во Охрид

Post Views: 9 Агенцијата за вработување излезе со свежи бројки околу невработеноста на ниво на републиката како и одделно по градови. Податоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град имаме 182 слободни работни места за вкупно околу 7748 невработени лица. Од нив, според новата систематизација која ја воведе Агенцијата, 3747 невработени влегуваат во категоријата на други лица кои бараат работа или повеќе познати како пасивни невработени, додека 4001 невработен влегле во групата на активни невработени лица. Или во превод само околу 2 проценти...

Продолжи со читање

ВМРО НП предлага драстично намалување на казните кои ги изрекуваат државни институции

Post Views: 7 ВМРО Народна партија со став дека во Република Македонија има драстична и неприродна казнена политика. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски вели дека во земјава има преголем број на казни во сите сфери на живеењето. Како пример тој ги посочи казните од 10.000 евра за фирма која држи неосигурено вработено лице, казните од 4 до 5000 евра за неиздавање на фискални сметки, како и казните за пушење во затворени и јавни простории и фрлање на отпушоци. Костоски смета дека нелогично е казната за пушење во јавни и затворени простории која изнесува...

Продолжи со читање

Дали ќе го видиме Охридскиот театар со претстава?

Post Views: 6 Дали се веќе минато проблемите поради кои Охридскиот народен театар не одиграл ниту една претстава цели шест месеци? Телевизија ТВМ во неколку наврати бараше информации околу тоа кои се овие проблеми, дали се тие надминати и кога ќе започне новата театарска сезона во Охрид, меѓутоа секогаш ни беше одговарано дека не е погоден моментот да се коментира ова прашање. За таа цел, на 12 Февруари се обративме и до Министерството за култура. Ги запрашавме дали се запознати со случувањата во охридскиот театар и кои се причините поради кои неколку пати се одложи почетокот на...

Продолжи со читање

50 кревети и медицинска опрема донација за специјалната болница „Свети Еразмо“

Post Views: 15 Педесетина кревети и придружна постелнина, медицинска опрема во гази, вати, потоа наткасни, масички за јадење за пациентите, сталаци за инфузии. Оваа медициска опрема е дел од донацијата која ја доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Според директорот на оваа медицинска установа, д-р Митко Тилевски, донираните кревети во голема мера ќе помогнат во подобрување на условите во кои престојуваат пациентите во „Свети Еразмо“. Оваа голема донација е обезбедена од страна на културното друштво „Октиси 2009“ со седиште во Сент Гален...

Продолжи со читање