Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 50Охридските социјал-демократи на прес конференција го обвинија градоначалникот Никола Бакрачески дека проектите кои ги прикажал во брошурата како дел од отчетот за досега сработеното, се всушност проекти на претходната локална власт. Од општинската организација на СДСМ велат дека граѓаните во неговиот отчет сакаат да слушнат што е конкретно сработено, а не какви се плановите за иднината.„Еве господине Бакрачески, ние ќе Ве потсетиме што е тоа што го ветивте, а што навистина сте оствариле: Велите: „Затворен зелен пазар со шопинг-центар, улично осветлување со лед-технологија и...
Премиерно издание „Охридското востание“ на охриѓанецот Илија Пиперкоски
Post Views: 64Документарниот филм на охриѓанецот, Илија Пиперкоски, „Охридското востание“, во понеделник ќе ја доживее својата телевизиска премиера. Овој филм на охридскиот режисер го обработува малку познатото, дури може да се каже и историски скриеното Охридско востание дигнато со заеднички македонско-албански сили, а против тогаш окупаторските српски сили . За работата на овој документарец, Пиперкоски вели дека било вистинска чест и задоволство, па дури и судбина бидејќи тој како охриѓанец добил можност да открие историски заборавени факти за еден бунт кој се случува во Македонија...
Охрид во фокусот на презентацијата на туристичките потенцијали на саемот за туризам во Белград
Post Views: 59Презентирањето на убавините на Охрид, побуди огромен интерес кај српските новинари и претставници на туристички агенции на вечерта посветена на промовирање на македонската туристичка понуда на 36от туристички саем во Белград. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од Белград за телевизија ТВМ потенцираше дека токму овој саем зазема исклучително значајно место во стратегијата за развој на туризмот, но и привлекувањето и враќањето на српските туристи на охридската ривиера.„Од оваа година организиравме сосема поинаков пристап во нашата стратегија за учество на саемите за...
О.О СДСМ : „Брошурата на Бакрачески ги содржи проектите на претходната власт“
Post Views: 57Општинската организација на СДСМ, со осврт на брошурата изработена од локалната за отчетот на градоначалникот Бакрачески. Според СДСМ, таа содржи проекти кои биле најавувани уште од претходната власт, а кои градоначалникот Бакрачески во брошурата ги прикажал како свои. Од СДСМ велат дека за локалната самоуправа стрелката на влезот на градот, помошта за станарите од опожарените згради и хортикултурното уредување на градот се проекти кои вреди да се споменат. Според СДСМ сите овие споменати зафати се всушност секојдневни работни задачи на општината и јавните претпријатија....
Нискоградба ги бележи границите за поставување урбана опрема во Старата чаршија
Post Views: 59Утринава екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид започнаа со обележување на границите за поставување на урбана опрема во старата чаршија. Сопствениците на угостителски објекти кои сакаат да поставуваат урбана опрема пред своите објекти, најпрво мора да го закупат тој простор, според цената која ќе ја одреди Советот на општина Охрид при носењето на Програмата за поставување урбана опрема.Инаку, секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој се состои од два дела, графички и текстуален. Во тие делови дефинирани се...
Сопствениците на времени објекти незадоволни од предложените цени за закуп
Post Views: 76Зонските цени за месечен закуп на простор за поставување на времени објекти, неприфатливи за сопствениците на постоечки објекти од ваков вид. Денес од градоначалникот Никола Бакрачески ги слушнаа новите предлог цени за кои тој потенцираше дека се за педесетина проценти пониски од претходно предложените. Предлог цените се однесуваат на времени објекти со големина од 4 до 8 метри квадратни, како и објекти со големина над 9 метри квадратни. Имено за објектите до 8 метри квадратни, цената за закуп на метар квадратен месечно во првата зона изнесува 500 денари, за втората зона 300...
Бара неисплатени плати од општината, од таму велат договорот на дело му е спорен
Post Views: 73Томислав Бакулески, жител на Пештани со обвинувања до локалната самоуправа дека не му исплатила заработени плати за негов ангажман со договор на дело. Бакулески вели дека тој бил ангажиран од страна на поранешната локална самоуправа, за работа во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани во периодот од 1 Ноември 2012 до 10 Јуни 2013та година. Тој појаснува дека половина од средствата му биле исплатени, меѓутоа дека општината му должи уште 23.300 денари за што и ни прикажа извод од аналитичка картичка преку која општината во минатиот состав му исплаќала месечен надомест, но и извод од...
Италијанци воодушевени од Охрид, направиле веб страна за промоција градот
Post Views: 74Одвреме-навреме слушаме или гледаме по некој прилог за Охрид, прилог за туристичките потенцијали на земјава во некои повеќе или помалку познати туристички сајтови или веб страни за патувања. По некој мал осврт на нашиот туристички и природен бисер, по некој убав кажан збор за она кое знаеме дека вреди многу повеќе. Тоа, дека Охрид нуди многу повеќе, дека нашиот туристички бисер има потенцијали да биде таму некаде помеѓу најдобрите туристички дестинации, го препознале луѓето од Лотус Офичина, непрофитна организација која работи проекти од инкаминг туризам во Италија. Оваа...




