Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 52Денес беа удрени темелите на новото и модерно автопатско решение Кичево-Охрид. Проект кој што подолго време беше најавуван, а Република Македонија го спроведува во соработка со владата на НР Кина. Претставници на Владата на Република Македонија, министри, пратеници како и градоначалниците на Охрид и Кичево, денес ја имаа можноста да посведочат на моментот на удирање на темелите на автопатот кој според премиерот Никола Груевски, но и според директорот на компанијата која ќе го гради, Сајнохидро корпорејшн лимитед е историски момент.„Денес, 22 Февруари, е голем ден, историски...
Угостителите побараа намалување на цената на закупот за поставување урбана опрема
Post Views: 55Промена на цената на закуп на место за поставување урбана опрема, зимски и летни тарифи на закупот, намалување на комуналната такса се само дел од предлозите кои излегоа од денешната средба помеѓу угостителскиот еснаф од градов и претставниците од локалната самоуправа. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ваквите средби се добра основа за локалната да изработи подобра програма за поставување на урбана опрема за 2014та година. „Поразговаравме околу заложбите на локалната самоуправа да излезе во пресрет на барањата на угостителите кои во изминатите неколку месеци како...
Талентираните ученици и студентите ги добија договорите за стипендирање
Post Views: 64Талентираните ученици од основните и средните училишта, како и редовните студенти на државните универзитети денес ги добија своите договори за стипендирање. Градоначалникот Бакрачески потенцираше дека согласно конкурсот кој локалната го објави во Ноември минатата година, биле подготвени и критериуми според кои се бирале добитниците на стипендиите. „Беше формирана комисија составена од членови за отворање, разгледување и одлучување по пристигнатите барања за стипендии, за талентирани ученици од основните и средните училишта и за редовни студенти на државните универзитети....
Локална: „За 9 месеци локалната сработи повеќе отколку СДСМ за 4 години“
Post Views: 65Локалната самоуправа со остра реакција на обвинувањата на СДСМ искажани на денешната прес конференција. Во нивната реакција меѓу другото стои: „Иронично, тоа го прави СДСМ, чија локална власт во изминатите 8 години безмилосно ја масакрира иднината на охриѓани задолжувајќи ја општината за над 33 милиони евра и уништувајќи ја можноста од економски развој на Охрид. И кога на ОО на СДСМ ќе и се укаже со бројки и несоборливи факти за одредени ситуации или состојби, тие продолжуваат со паушални оценки и лесно читливи политички пораки со неупотреблива вредност. Тоа што СДСМ ја...
Охриѓани годинава двојно поажурни во поднесувањето на годишните даночни пријави
Post Views: 62Даночните обврзници од градов, годинава посериозно си ја сфатиле обврската за поднесување на годишните даночни пријави. Досега во подрачните канцеларии на Управата за јавни приходи во Охрид биле доставени 972 даночни пријави, додека во Дебрца, 45. Само за споредба во истиов период лани, биле доставени двојно помалку годишни даночни пријави, и тоа само 450. Инаку станува збор за вкупно некаде околу 5400 даночни обврзници кои оствариле некаков приход во изминатата година по некој од основите наведени во годишната даночна пријава. Од регионалната канцеларија на УЈП во Битола,...
О.О на СДСМ: „Отчетот на Бакрачески-партиски памфлет“
Post Views: 64Општинската организација на СДСМ, отчетот на градоначалникот Бакрачески го оквалификува како партиски памфлет за она што не чинело во минатото. На денешната прес конференција тие упатија остри критики околу содржината на презентираниот извештај на градоначалникот, за кој од СДСМ велат дека бил побаран пред два месеци, а презентиран дури сега и тоа поради жестокиот притисок од опозицијата.„Она што веднаш паѓа в очи е првиот и најдолгиот дел од извештајот – сирова и субјективна партиска критика на поранешната локална власт – нешто што го слушаме по којзнае кој пат, бидејќи еве...
О.О на СДСМ: Отчетот на Бакрачески-субјективна критика на поранешната власт
Post Views: 58Општинската организација на СДСМ со реакција на отчетот на градоначалникот Бакрачески за досега сработеното. Охридските социјал-демократи имаа забелешки за повеќе области меѓу кои реагираа на наводните партиски вработувања на неквалификувани кадри, лизгалиштето на мраз и слично. Според О.О на СДСМ од Охрид, отчетот на градоначалникот Бакрачески бил повеќе осврт на она што не било сработено од претходната власт, отколку отчет за тоа што сегашната го сработила во изминатиот период. Повеќе од прес конференцијата на О.О на СДСМ во првото издание на дневникот на Телевизија ТВМ во...
ВМРО-ДПМНЕ-Охрид: „Кај нас сеуште не е стигнат извештајот на УНЕСКО“
Post Views: 56„Кога се работи за просторот на Плаошник можеме да кажеме дека воопшто не е стигнат кај нас таков извештај, така да се додека не погледнеме официјални документи, не можеме за ништо да зборуваме. Кога веќе знаат да прават пресови на отворен простор тогаш би им препорачале да поминат низ градот Охрид и да видат што направија тие во изминатите осум години на просторите во градот Охрид. Доколку во последнава година можат да забележат дека градот Охрид и сите оние запуштени места се уредуваат сосема како модерните градови во Европа. Впрочем за тоа е и новиот плоштад, за тоа е и...






