Автор: Мишел Наумоски
Post Views: 13 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, денес на прес конференција ја потенцираше тежината на проблемите со кои новата локална самоуправа се соочила при преземањето на мандатот. Портпаролот, Никола Митровиќ вели дека граѓаните на Охрид, во изминатава година имале можност да сведочат на макотрпната работа на локалната самоуправа.„НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за спасување на градот Охрид од банкрот. НА ВМРО ДПМНЕ и припаѓа историската обврска за подобра иднина на градот Охрид. И токму поради ваквите обврски, ВМРО ДПМНЕ со Локалната самоуправа...
ВМРО Народна бара јавното осветлување да остане во општински раце
Post Views: 8 Локалната самоуправа сама да ја изврши промената на стандардното улично осветлување во градов наместо тоа да се прави по пат на јавно-приватно партнерство. Ова беше предлогот со кој денес на прес конференција излезе претседателот на ВМРО Народна партија од Охрид, Ванчо Костоски. Според него, нелогично е профитот од наплатата на јавното осветлување наместо во општината, да оди кај приватен партнер.„Ние мислиме дека барем во ова нивно објаснување дека ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за 50 проценти со овие нови сијалици, кои трошат помалку...
Жителите на Коњско и Рача побараа осветлување и пешачки патеки од Агенцијата за патишта
Post Views: 10 „Наидовме на разбирање од директорот на Агенцијата за патишта, веднаш се реагираше. Денес дојде, на лице место, да направи увид на состојбата на овие проблеми кои што ги наведоа жителите на овие населени места и се надеваме дека ќе најдеме заедничко изводливо решение, ќе ги уредиме влезовите, ќе се среди дел од осветлувањето од тунелот до Метропол и она што е најважно, денес побарав од директорот на Агенцијата за патишта, да се преземе уредувањето и осветлувањето на влезот во Охрид.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. {loadposition content9}
До крајот на годинава ќе почне да се гради новиот магистрален пат Охрид-Свети Наум
Post Views: 20 Директорот на Агенцијата за државни патишта најави скоро започнување со изградбата на новиот магистрален пат од Охрид до Свети Наум. Се работи за проект кој ќе се спроведува во две фази и станува збор за сосема ново патно решение. „Првата фаза е веќе дефинирана и тоа е делницата од Охрид кај бензиската станица, до Пештани. Се проектираат некаде широчина на магистрален пат од 12тина метри, четири ленти, во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов некаде во средината на оваа година и веќе Владата размислува и прави финансиска конструкција да до крајот на оваа...
Нашиот Охрид во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та
Post Views: 7 Македонскиот и светскиот бисер, нашиот неповторлив Охрид се најде во конкуренција за најдобар мал град во Европа за 2014та година. Дали Охрид ќе ја понесе престижната титула се одлучува со гласање доколку ги посетите сајтовите globalgrasshopper и hotel.info кои важат за едни од највлијателните веб портали за патувања. За Охрид можете да гласате на порталот hotel.info, а директен конкурент на нашиот град е унгарскиот Егер. Globalgrasshopper во описот на Охрид напишал: „Охридското езеро е еден од најубавите предели во Македонија, па не нè изненадува што е...
Охридското брачно советувалиште посетувано само по сила на законот
Post Views: 7 Брачното советувалиште отворено во рамките на Центарот за социјални работи иако целосно функционално, досега посетено само по обврска со закон. И покрај бројката на разводи кои варираат од четириесетина до педесетина предмети, во ова брачно советувалиште, сепак се чини дека ваквиот тип на советување сеуште е табу тема за охриѓани.„Доброволно доаѓање од страна на страните за надминување на тие проблеми нема. Приморани се согласно закон доколку имаат деца во бракот, за да се обидат да ги надминат тие ситуации, но доброволен пристап, немаме за жал од страна на...
Локалната им вети сериозни зафати на жителите на Горна Влашка Маала
Post Views: 10 Реконструкција на улици, канализациона, водоводна мрежа, естетско уредување на урбаната заедница „Горна Влашка Маала“. Ова се само дел од ветувањата кои граѓаните на оваа урбана заедница ги добија на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, стручни служби од локалната како и претставниците на јавните претпријатија од градов. Претседателот на оваа заедница, Томислав-Трпе Голејшки вели дека за дел од нивните барања добиле ветување дека ќе се реализираат во најкраток можен рок.„Мислам дека градоначалникот потенцира дека прво ќе почне...
Курсевите за прва помош исклучително корисни-сметаат наставниците
Post Views: 8 Наставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош. Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид. Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се случат во секојдневниот живот. Според наставниците кои...